Connect with us

Македонија

Меџити: Коридорот 8 е приоритет за економскиот развој на земјата

Published

on

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, изјави дека Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, а особено за економскиот развој.

„Изразувам лично задоволство што ги гледаме првите работи што се појавија на површина и со тоа се затвора темата за Коридорот 8 како политичка тема. Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, за економскиот развој, каде што немам никакви дилеми дека со Бехтел и Енка ќе бидеме сведоци во следните недели и месеци за реализацијата на проектот“, изјави Меџити.

Во текот на денешниот ден, Меџити заедно со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, го промовираа почетокот на владините активности за реализација на Коридорот 8.

Македонија

БИТОЛА: ОТВОРЕНА „СПОМЕН КУЌАТА НА СТЕВАН НАУМОВ СТИВ“

Published

on

Синоќа во Битола на улицата “Пецо Божиновски“ бр. 11 во непосредна близина на истоименото основно училиште на свечен начин беше отворена реконстуираната “Спомен куќа на Стефан Наумов – Стив“. На настанот, кој се одржа на денот на раѓањето на народниот херој, присуствуваа потпретседателката на Собранието на Македонија, Весна Бендевска, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, директорот на Завод и музеј Зоран Николовски, внукот на Стив Наумов, кој е и претседател на Сојузот на борци од Битола, Стефан Бошков, како и голем број почитувачи на неговото дело.

На отварањето на Спомен куќата на присутните им се обрати градоначалникот Тони Коњановски, кој меѓудругото истакна:
„На денешен ден е роден народниот херој Стив Наумов и токму затоа верувам дека поставката во неговата родена куќа ќе биде трајна. Со оваа Спомен – куќа воедно ја зголемуваме туристичката понуда за градот Битола, така што посетителите ќе знаат за нашата богата историја и народноослободителна борба“, нагласи Коњановски.
Во родната куќа на народниот херој беше изведена театарска претстава посветена на животот на Стив Наумов, со посебен акцент на неговото револуционерно дело и неговата револуционерна активност. Претставата кој беше адаптирана да се одигра во неговата родна куќа ги трогна присутните и предизвика лавина на емоции.

Continue Reading

Македонија

Средба Филков-Божовиќ во Будва

Published

on

Министерот за правда Игор Филков во Будва оствари билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.

Министерите ги споделија искуствата и предизвиците со кои се соочуваат на патот кон Европската унија. Понудија помош и експертиза во секој домен, посебно во реформската агенда, како и меѓународна правна помош во делот на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Двете држави имаат пријателски односи и меѓу нив нема отворени прашања. Договорено е во наредниот период да се реализира официјална посета на министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ во нашата држава.

Средбата се оствари во пресрет на утрешниот Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан кој се одржува во Будва а на кој учествувува министерот за правда Игор Филков.

Continue Reading

Македонија

Би можело ли да се очекува поскапување на струјата? Еве што вели вели премиерот Мицкоски

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари.

Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека ќе продолжи навременото снабдување со електрична енергија.

– Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Не очекувам. Од она кое што можам да го заклучам е дека навремено се снабдуваат граѓаните со сите количини на електрична енергија и ќе продолжиме така да ги снабдуваме. Така што, барем од онаа информација со која што јас располагам не очекувам да има покачување на цената на струјата за домаќинствата, рече Мицкоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк