Connect with us

Македонија

БИТОЛА: ОТВОРЕНА „СПОМЕН КУЌАТА НА СТЕВАН НАУМОВ СТИВ“

Published

on

Синоќа во Битола на улицата “Пецо Божиновски“ бр. 11 во непосредна близина на истоименото основно училиште на свечен начин беше отворена реконстуираната “Спомен куќа на Стефан Наумов – Стив“. На настанот, кој се одржа на денот на раѓањето на народниот херој, присуствуваа потпретседателката на Собранието на Македонија, Весна Бендевска, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, директорот на Завод и музеј Зоран Николовски, внукот на Стив Наумов, кој е и претседател на Сојузот на борци од Битола, Стефан Бошков, како и голем број почитувачи на неговото дело.

На отварањето на Спомен куќата на присутните им се обрати градоначалникот Тони Коњановски, кој меѓудругото истакна:
„На денешен ден е роден народниот херој Стив Наумов и токму затоа верувам дека поставката во неговата родена куќа ќе биде трајна. Со оваа Спомен – куќа воедно ја зголемуваме туристичката понуда за градот Битола, така што посетителите ќе знаат за нашата богата историја и народноослободителна борба“, нагласи Коњановски.
Во родната куќа на народниот херој беше изведена театарска претстава посветена на животот на Стив Наумов, со посебен акцент на неговото револуционерно дело и неговата револуционерна активност. Претставата кој беше адаптирана да се одигра во неговата родна куќа ги трогна присутните и предизвика лавина на емоции.

Македонија

Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Кочани

Published

on

Ве известуваме дека на 01.02.2025 година (сабота) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани, соопштија од македонската влада.

Исто така во Општина Кочани ќе се пушти во употреба и една градинка, каде што ќе даде изјава за медиуми.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, веднаш по доделувањето на клучевите од новата зграда за социјално ранливи семејства (ул. 13 Бригада населба Драчевиќ, Општина Кочани).

Continue Reading

Македонија

НЕ Е СЛУЧАЈНО И НЕ Е НЕСРЕЌА да возиш 130 км/ч на Партизанска, пијан зад волан, на 20г. без возачка дивее – затоа што мисли дека му се може

Published

on

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска се огласи по повод трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова.

-Најдлабоко сочуство до семејството и блиските на Фросина.

Сум видела многу шокантни настани. Низ годините многупати се соочив со смртта на блиски луѓе, роднини, колеги кои животот го загубија на работно место, блиски соработници кои буквално ги снема за миг. Сум видела тела на жртви кои настрадале под различни околности, а некои од нив беа деца. Тие слики времето не може да ги избрише, едноставно не се забораваат. 

Но, трагичната смрт на 22 годишната Фросина не само што ме потресе туку истовремено ми предизвика гнев.

Да не иделизираме, јасно е дека секој учесник во сообраќајот свесно или несвесно се случува да згреши па има и несреќи. 

Но, не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска, не е случајно пијан да си седнеш зад волан и да нагазиш со 80км/час над дозволената брзина во најпрометниот дел од градот, не е случајно залетан да поминеш на црвено и не е несреќа кога некој на 20 години без возачка дозвола дивее по улиците и не ферма ниту правила ниту сообраќајна сигнализација затоа што мисли дека му се може. 

Тоа е девијантно однесување, криминал, дрскост и иссмевање со сите кои се трудат да постават граница меѓу доброто и лошото и мора да има соодветен одговор и реакција – пишува Јанкулоска на ФБ.

https://www.facebook.com/share/19mfTb983H/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова: Правда за Фросина Кулакова, безбедноста е клучна за младите

Published

on

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешниот настан со едноминутен молк оддаде почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот трагично згасна. Таа упати апел до надлежните институции што поскоро да го расветлат случајот и да обезбедат правда.

„Младешкото знаење и креативност може да дојде до израз само во безбедно општество,“ истакна Сиљановска-Давкова, нагласувајќи ја важноста на сигурноста и правдата за иднината на младите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк