Connect with us

Македонија

Заменик-претседателот на владата, Изет Меџити: Писмото на Ахмети, празни муабети!

Published

on

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, за време на инспекцијата на градежните работи за изградба на коридорот 8, беше прашан за писмото што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му го испратил на премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека денеска не се собрале за писма и празни муабети, туку се тука за конкретна работа.

„Денеска тука не сме за писма и ниту за празни муабети што ги слушавме во минатото, ниту за играње фудбал, туку сме тука за конкретни работи, односно за коридорот 8 и сум среќен што динамиката за реализација е со полн интензитет за реализирање на овој значаен проект за државата,“ рече Меџити.

Македонија

Средба Филков-Божовиќ во Будва

Published

on

Министерот за правда Игор Филков во Будва оствари билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.

Министерите ги споделија искуствата и предизвиците со кои се соочуваат на патот кон Европската унија. Понудија помош и експертиза во секој домен, посебно во реформската агенда, како и меѓународна правна помош во делот на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Двете држави имаат пријателски односи и меѓу нив нема отворени прашања. Договорено е во наредниот период да се реализира официјална посета на министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ во нашата држава.

Средбата се оствари во пресрет на утрешниот Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан кој се одржува во Будва а на кој учествувува министерот за правда Игор Филков.

Continue Reading

Македонија

Би можело ли да се очекува поскапување на струјата? Еве што вели вели премиерот Мицкоски

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари.

Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека ќе продолжи навременото снабдување со електрична енергија.

– Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Не очекувам. Од она кое што можам да го заклучам е дека навремено се снабдуваат граѓаните со сите количини на електрична енергија и ќе продолжиме така да ги снабдуваме. Така што, барем од онаа информација со која што јас располагам не очекувам да има покачување на цената на струјата за домаќинствата, рече Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Гостивар – Букојчани

Published

on

После 50 години зборување и најави започнуваме со реални работи на терен за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најтешката траса од автoпатскиот коридор 8 на запад, истакана заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увид во градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Букојчани.

Заменик претседателот Николоски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицскоски, потпретседателот Изет Меџити, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, денеска извршија обиколка на градежните активности за изгрaдба на автопатот Гостивар-Букојчани.

„Навистина мислам дека имаме историски ден. Се работи за почетокот на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево нешто за што се зборува преку 50 години, практично решавање на најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје – Кичево – Струга – Охрид, коридорот 8 познатата Стража. Така што, првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде час и двесет минути, час и половина. Целосно ќе го промени ова функционирање на економијата, но исто така ќе го промени и туризмот, а ќе се забрза и економскиот раст. Ова ќе значи голема поврзаност за сите. Сакам да се заблагодарам за одличната работа на сите кои се вклучени во проектот, за поддршката која премиерот Мицкоски лично ја дава со тоа што го следи проектот на лична основа. Сакам да најавам уште многу добри вести во деновите коишто доаѓаат. Ние решивме да работиме, а не да бараме изговори и во деновите кои доаѓаат ќе има уште добри вести, а во годините пред нас ќе има многу нови реализирани проекти и во делот на автопати, и во делот на експресни патишта и во делот на железница”- изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

На новинарско прашање каде ќе поминува трасата, министерот Николоски истакна:

„Најсликовито сите што патуваат, значи од третата патарина продолжува до Гостивар или четвртата патарина и тука имаме комплетно ново решение од двете страни по три ленти вкупно шест ленти и плус помошен пат. Од тука го заобиколува градот Гостивар, се движи над река Врадар, оди на три големи мостови кои одат лево од Стража, се заобиколува Стража оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во предселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради”- изјави министерот Николоски.

Во своето обраќање премиерот Мицкоски истакна дека ова е вистинкиот начин како се работи на терен, бидејќи после 2 години ветувања и најави, автопатот сега започнува реално да се гради. Тој потенцираше дека Македонија сака да ја види како главна транспортна, железничка и гасоводна крстосница во регионот.

Директорот на ЈП за джавни патишта Коце Трјановски истакна дека е забрзани се сите постапки за изградба и најави дека се очекува до Нова година комплетно да се заврши процесот на експропријација.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк