Connect with us

Скопје

ЈСП Скопје го олеснува плаќањето на билет за автобус – воведени два нови начини за плаќање на билети

Published

on

Од понеделник 28.10.2024 година стартуваше новиот начин на плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака, соопшти ЈСП.

„Цената на билетот не се менува останува 40 денари со вклучен ДДВ.

Начинот за новото плаќање е следен:

Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша “бип“ сигнал и говорна порака “Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“

При вртење на бројот 185 не е потребно телефонот да се приближува до валидаторот.

Наплата се врши во истиот момент кога корисникот го завртил бројот 185 и го слушнал “бип“ сигналот без разлика дали е докрај исслушана говорната порака.

На мобилниот телефон стигнува потврдна СМС порака во која ќе пишува “Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“ .

Доколку патникот има проблем со телефонската сметка можно е да ги добие следниве пораки:

“Трансакцијата е неуспешна, немате доволно средства на вашата сметка“

“Трансакцијата е неуспешна, имате активирано забрана, јавете се кај вашиот оператор”

“Веќе купивте возен билет, обидете се подоцна”

“Трансакцијата е неуспешна поради технички причини”

“Трансакцијата е неуспешна, имате надминат лимит за користење на оваа услуга”

Воедно, Ги информираме корисниците на услугите на ЈСП Скопје дека функционирањето на старата мобилна апликација “Skopska” ќе биде прекинато и истовремено почнувајќи од 30.10.2024 година ќе биде пуштена во функција новата мобилна апликација ”Skopjebus”. Истата, може да се превземе преку мобилните апликации Play Store за корисниците на Android уред и App Store за корисниците на iPhone.

Со инсталирањето и логирањето на новата апликација сите средства кои корисникот ги поседувал досега во паричникот, автоматски ќе бидат префрлени на неговата сметка во новата апликација. Упатството за новата апликација го добивате едноставно преку скенирање на QR кодот кој можете да го најдете во сите автобуси за градски превоз, што ќе ве однесе директно до локацијата со упатствата за користење“, стои во соопштението од ЈСП.

Скопје

Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

Published

on

Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

На 26.04.2025 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје. На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, тој со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски ќе биде кум на Балаклија во Црниче наредната година

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес го прослави празникот Источен Петок – Балаклија заедно со жителите на Црниче, на култното место кое од минатата година е повторно достапно за јавноста. Празникот, кој се одбележува во Светлата Недела, е посветен на Пресвета Богородица и е еден од најзначајните духовни денови за православните верници.

„Нека е за многу години овој голем празник. Огромна чест ми е што следната година ќе бидам кум, тоа е дар од Бога“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека празникот има длабока симболика, бидејќи според преданието, токму на овој ден Пресвета Богородица му ги измијала раните на Исус Христос, а водите од изворите стануваат лековити.

Градоначалникот потсети дека минатата година изворот во Црниче бил ослободен од узурпација и повторно вратен на граѓаните, уреден со содржини кои овозможуваат духовен мир, уживање и рекреација.

„Горд сум на сплотеноста на мојот народ на вакви денови. Македонија е богата земја, а нашата меѓусебна љубов и почит се таа сила што не одржува низ вековите“, порача Ѓорѓиевски, честитајќи им на сите верници со желби за здравје и бериќет.

Continue Reading

Скопје

Престрелка на Бит-пазар: Две групи пукале меѓу себе, во престрелката повредено едно лице

Published

on

Денеска, околу 14 часот, во СВР Скопје било пријавено пукање од огнено оружје на улицата Војдан Чернодрински во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар.

Полициските службеници утврдиле дека се работи за престрелка помеѓу две групи, кои броеле по пет до шест лица, а при престрелката едно лице било повредено и пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот полицијата пронашла повеќе чаури од оружје, а причинета е и штета на неколку изложни стакла од продавниците и околните објекти, како и на неколку паркирани возила. Во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк