Connect with us

Македонија

Четириесет параглајдери од цела Македонија полетаа од Антена на Пелистер по повод денот на ослободувањето на Битола

Published

on

Викендов 40 параглајдеристи од сите клубови од Македонија и двајца “тандеми“ 0д Битола полетаа од стартот кој се наоѓаше на залетиштето под Антена на Пелистер, на височина нешто помача од 2.600 метри и на тој начин го започнаа празнувањето на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември. Целта, на која слетаа параглајдеристите, беше во Нова Битола, кај ливадата над основното училиште “Елпида Караманди“ каде параглајдеристите ги пречекаа љубопитните дечиња од тој реон. 

Оваа пелистерска параглајдерска авантура беше во организација на клубот Летачки конзули од Битола, кој на гостите им приреди еден совршен летачки ден, кој ќе го паметат и долго ќе го раскажуваат сите параглајдеристи, а посебно и двајцата “тандемаши“ од Битола кои за прв пат “летаа“ со параглајдер, директно од Пелистер.

Македонија

Муцунски разочаран од Таравари: Тој им помага на ДУИ

Published

on

Министерот за надворешни работи Тимшо Муцунски вели дека е разочаран од Арбен Таравари поради неговите дела со кои само им помага ДУИ да функционира на терен.

„Навистина сум разочаран, бидејќи за Арбен Таравари, како човек како мој колега имам позитивно мислење и тој е некој со кој што треба да соработуваме и треба да градиме иднина напред.

Но, истовремено сум разочаран кога гледам како неговите дејствија единствено што прават на терен го потпомагаат функционирањето на ДУИ на терен. Се надевам дека коалицијата ВРЕДИ ќе успее да најде заеднички јазик, но секако со вакво ДУИ и со секој кој што соработува со вакво нереформирано ДУИ, не сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да соработува“, рече Муцунски  во ,Тема на денот”, на телевизија Сител.

Говорејќи за случувањеата во ВРЕДИ, тој истакна дека заедничка беше борбата помеѓу другото ДУИ да се испрати во опозиција.

Меѓутоа сега кога ДУИ секојдневно се обидува да разгори етнички тензии, секој оној кој ќе работи во прилог на ДУИ, работи против интересите на граѓаните и државата, и ВМРО-ДПМНЕ не може да соработува со такви политички актери.

Муцунски истакна дека владејачкото мнозинство е сосема стабилно и нема дилема околу тоа, иако лидерот на опозицијата ја политизира темата.

Тој додаде дека анкетите на јавното мислење го означуваат тоа, а граѓаните на претстојните локални избори ќе го искажат својот став за партиите од власта и опозицијата.

Continue Reading

Македонија

Меџити тврди дека прв имал понуда да го растури ВЛЕН: Ахмети ќе се пензионира

Published

on

Првиот вицепремиер Изет Меџити, во емисијата „Топ тема“ објави дека имал понуда да го подели ВЛЕН. Меџити рече дека прво него му понудиле да ја растури коалицијата ВЛЕН и да се врати во ДУИ. Како што изјави, тој не ја прифатил понудата, бидејќи, како што додаде, прифатил да биде дел од промената со ВЛЕН.

– Има обиди и имаше обиди за поделба на ВЛЕН. Ја имав првата понуда, од посредници, ми рекоа да дојдам во ДУИ, сега Артан го нема, партијата ќе се исчисти уште повеќе, Ахмети ќе се пензионира, ние ќе ја преземеме партијата и ќе ја реформираме. Но, јас не прифатив, бидејќи прифатив да бидам дел од промената во ВЛЕН – рече Меџити.

Тој додаде дека Арбен Таравари прифатил „некаква понуда“ и порача дека не треба да крие која е понудата и договорот, туку искрено да каже во јавноста.

Continue Reading

Македонија

МИЦКОСКИ ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: РЕАЛИЗИРАВМЕ ПОГОЛЕМО НИВО НА КАПИТАЛИ ИНВЕСТИЦИИИ

Published

on

И покрај тоа што годинава, во однос на претходната временските услови биле полоши, остварено е поголемо ниво на капитални инвестиции, тврди премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов. Тоа е неговиот одговор на забелешката дека состојбата забележана на 14 април – реализација од 10,37 проценти, не соодветствува со сето она што секојдневно се промовира дека се гради низ државата.

„Реализацијата на капиталните инвестиции мора да ја поделиме во два дела, затоа што во минатото како капитални инвестиции понекогаш се книжеа социјалните трансфери, понекогаш дотациите до јавните претпријатија, пензионерските друштва, по доспеани побарувања… Дали се тоа кредити или доспеани побарувања кон добавувачи, тоа сѐ се книжеше, што велат во Министерството, над црта. Односно во делот на капиталните инвестиции. И покрај тоа што оваа година споредено со минатата година временските услови беа попредизвикувачки, снег… ние имаме поголемо ниво на капитални инвестиции реализирано. Со тоа што капиталните инвестиции кои се финансирани од страна на јавни претпријатија и други институции, а кои се финансирани со заем, се книжат под цртата“.

Во тој контекст, Мицкоски ги појаснува термините за книжење под црта и над црта.

„Тоа се дотации по доспеани побарувања. Да речеме, Јавното претпријатие за државни патишта реализира капитална инветиција автопат. Таа капитална инвестиција се реализира со некаков кредит. Не е во можност јавното претпријатие да го иплати тој кредит. Бидејќи државата дала државна гаранцијакредитот за реализација на тој пат го исплаќа Министерството за финансии. Порано тоа се книжеше како реализирана капитална инвестиција над црта, односно во делот на капиталните инвестиции. Патот е направен, поддржан е со кредит, не успеало ЈПДП да го сервисира, Министерството тоа го сервисирало. И наместо да се книжи, како порано што правела претходната Влада, за овој пат се книжи под цртата. Тие две бројки ќе се соберат, едната е мислам со 15-16 април, некаде околу 90-на милиони евра, а другата е 85. Тогаш доаѓаме до 175 милиони или за 20 милиони евра повеќе за истиот период мината година, кога навистина, пред избори беше, се брзаа многу работи, и тогаш се исплати и оној голем аванс за Бехтел и Енка“, образложи Мицкоски.

https://youtube.com/watch?v=B4oJiJ1SI-8%3Fstart%3D4649%26feature%3Doembed

Извор: Pari.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк