Connect with us

Македонија

Драма на тетовскиот плоштад: Три жени демолирале кафуле

Published

on

Вчера во 09.55 часот во Тетово на градскиот плоштад, полицијата уапси три жени од село Пирок, тетовски. Се работи за Х.Џ.(34), М.Џ.(33) и Ѓ.К.(41) кои биле пријавени од страна на М.Ф.(54) и З.Ф.(70) од с. Мала Речица дека околу 9 часот наутро додека биле во нивниот угостителски објект агресивно се однесувале кон нив и физички ги нападнале, користејќи и тврд предмет, а го оштетиле и инвентарот на угостителскиот објект.

Трите жени биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

Македонија

ДРАМА ВО КАЗИНО Осомничениот фатен по 9 дена бегство

Published

on

Инцидентот се случил на 17 декември 2024 година во 3:25 часот, во казино на булеварот Туристичка во Охрид. Според информациите од полицијата, по претходна расправија, осомничениот со остар предмет го нападнал Ж.Р. од Охрид, нанесувајќи му убодни рани.

Лицето Л.У. (33) од Охрид е приведено и му е определен притвор од 30 дена поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, соопшти СВР Охрид.

Инцидентот се случил на 17 декември 2024 година во 3:25 часот, во казино на булеварот Туристичка во Охрид. Според информациите од полицијата, по претходна расправија, осомничениот со остар предмет го нападнал Ж.Р. од Охрид, нанесувајќи му убодни рани.

Continue Reading

Македонија

Полициска акција во Сарај пронајдено оружје

Published

on

Полицијата приведе 50-годишен жител на Сарај, З.З., откако при претрес на неговиот дом биле пронајдени пиштол и 53 куршуми.

Претресот бил спроведен со судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје, а акцијата ја реализирале полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека осомничениот е задржан во полициската станица Гази Баба. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, кој се однесува на недозволено поседување оружје и муниција.

„Известен е јавен обвинител, и по негова насока, пријавениот во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка,“ соопштија од МВР.

Полицијата продолжува со истрагата за случајот, а од МВР апелираат до граѓаните да пријавуваат слични случаи за да се спречат нелегалните активности поврзани со оружје.

Continue Reading

Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски доби плакета за придонес од МВР

Published

on

-Ова е признание кое ќе стои највисоко на мојата полица, бидејќи правото и правдата за мене се водилка низ животот. Почитувани припадници на македонската полиција, да се штитат граѓаните и да ѝ се служи на сопствената татковина е огромна чест, рече градоначалникот.

Денес, на настанот организиран од МВР и министерот Панче Тошковски на кој беа презентирани резултатите од нивната работа, на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски му беше доделена плакета за особен придонес и соработка.

-Ова е признание кое ќе стои највисоко на мојата полица, бидејќи правото и правдата за мене се водилка низ животот. Почитувани припадници на македонската полиција, да се штитат граѓаните и да ѝ се служи на сопствената татковина е огромна чест. Да се извршува оваа задача професионално и пожртвувано е херојство, а вие, секој ден ни докажувате дека сте токму тоа – наши херои. Вие докажавте дека ја заслужувате нашата најдлабока почит! Продолжете храбро како и досега! Ви благодарам, изјави градоначаликот Орце Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк