Connect with us

Македонија

ДЗР: ЈСП „СКОПЈЕ“ не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на град Скопје

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ ‘‘ Скопје, за 2023 година, во кој даваат неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на ЈСП и се заклучува дека јавното претпријатие не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на град Скопје.

-Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на ЈСП и поради нивното значење изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Со ревизијата е утврдено дека Владата нема донесено одлуки за одобрување на средства од буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за покривање на трошоците за бесплатен градски превоз на редовните студенти на државните универзитети за учебните години 2022/2023 и 2023/2024. Поради тоа, во буџетот на МОН не се предвидени средства за оваа намена, додека јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ продолжува да ја исполнува својата законска обврска за бесплатен јавен превоз, но безнадомест. Недостигот на средства од МОН влијае на континуитетот на услугата, се посочува во Извештајот.

Во однос на плаќањето на надоместокот за извршениот превоз, ЈСП „Скопје“, се додава, во континуитет не ја исполнува обврската за исплата на аконтативната/конечната пресметка за претходниот месец, 15 дена по приемот на фактурата. Заклучно со 31.12.2023 година, претпријатието има неподмирени обврски кон овластените превозници во вкупен износ од 93.254 илјади денари, што може да создаде дополнителни потешкотии во понатамошното работење на правните субјекти ангажирани во јавниот превоз. Поради ненавремено плаќање, превозниците работат со намален капацитет и не можат да обезбедат превоз на линијата во договорениот обем, што значи дека не го задоволуваат потребниот капацитет од најмалку 80 отсто во текот на месецот.

Поради ненавремено плаќање на фактурите за секоја испорака на гориво, понатаму се наведува, склучена е неповолна спогодба за плаќање на долгот на рати, во која е предвидено пресметување на казнена камата што е 50 проценти повисока од стапката на законската казнена камата. Оваа одредбане е предвидена во договорот за јавна набавка. Во текот на ревизијата, по барање на ЈСП „Скопје“, доверителот има доставено одобрение за намалување на пресметаната камата за 50 проценти, што изнесува 12.583 илјади денари.

Во 2021 година, ЈСП „СКОПЈЕ“ има склучено договор и анекс за обезбедување комуникациска инфраструктура и Е-Cloud платформа за системот на јавен градски транспорт, вреден 142.466 илјади денари, односно 2.316.520 евра. Со ревизијата констатирани биле значителни слабости во исполнувањето на обврските.

-Имено, во првиот член на договорот, обврската за целосно и постојано функционирање на системот не е исполнета, што резултира со губење на сигналот и проблеми во следењето на возилата. Дополнително, функционалната надградба, вклучително и воведувањето на електронски билети и апликации за паметни телефони, не е реализирана во рок, што предизвикувала поплаки од патници за повеќекратна наплата на билети. И покрај неисполнувањето наобврските од страна на економскиот оператор, ЈСП„СКОПЈЕ“ не преземало мерки за активирање на банкарската гаранција и не ја искористило можноста за наплата на казни. Како резултат на ваквата состојба, претпријатието има претрпено финансиски загуби и платено фактури во износ од 30.854 илјади денари за нецелосно извршени услуги, без да добие
соодветна вредност за вложените средства, стои во Ревизорскиот извештај.

Во 2013 година, посочуваат од ДЗР, Владата со одлука го доделува објектот „Милениумски крст“ на Град Скопје за трајно користење без надомест. Иако Советот на Град Скопје не е сопственик на објектот, донесува одлука за давање на трајно користење на ЈСП „СКОПЈЕ“, што не е во согласност со законските одредби од Законот за локаланата самоуправа и Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и ствари во општинска сопственост. Според договорот, ЈСП „СКОПЈЕ“ се обврзува да го финансира и одржува објектот, како и да го промовира како значајно туристичко место на градот. Во 2014 година, бидејќи објектот е во фаза на градба, ЈСП има потпишано договор за адаптација со вредност од 69.698 илјади денари по принципот „клуч во раце“. Но, поради непредвидени работи, биле склучени: договор за надворешни скали за објектот во вредност од 1.741 илјади денари, два анекси за продолжување на рокот на изведба, рок кој е истечен заклучно со месец јули 2018 година и анекс за непредвидени работи во вкупна вредност од 2.598 илјади денари. Со ревизијата констатирано е дека од 2018 до 2024 година објектот нема технички прием и не е пуштен во употреба, иако дел од него се користи, што доведува до руинирање на објектот и ја загрозува неговата наменска употреба.

Евидентирањето на материјалните средства не се врши врз основа на објективната вредност на земјиштето и зградите по нивна пазарна вредност утврдена со проценка од страна на професионално квалификувани проценители, а не запишувањето на правото на сопственост на
градежните објекти и не обезбедувањето потврда на правото на сопственост на јавното претпријатие врз истите влијае на реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и имотот со кој располага претпријатието.

Во насока на обврската за заштита и унапредување на добрата од општ интерес и деловната политика на јавното претпријатие, ревизорите констатирале дека во текот на 2023 година, извршен е отпис на обврски постари од три години во износ од 2.788 илјади денари, за кои не е
донесена посебна одлука за отпис од страна на УО. Констатирани се неправилности во начинот на утврдување и пресметка на бруто платата на вработените поради неправилна примена на законските прописи и колективниот договор со кои се регулира начинот на пресметка и исплата на плата и надоместоци на плата.

Поради необезбедена согласност на Годишните планови за вработување на ЈСП „СКОПЈЕ“ од страна на Советот на Град Скопје, потребата од човечки ресурси, јавното претпријатие ја обезбедува со ангажирање на 221 лице даватели на услуги/возачи кои треба да ја вршат
основната дејност, во континуитет и за период подолг од две години, за кои во 2023 година се евидентирани расходи во износ од 81.805 илјади денари. Ваквата состојба укажува на намалена транспарентност при вработувањето, субјективност во изборот на лица и повластена положба во постапката на нивно ангажирање, како и непостојаност на кадарот кој треба да ги извршува редовните работни задачи во претпријатието.

Со увид во начинот и постапката на остварување на приходите по основ на давање на користење на земјиште, деловен простор и урбана опрема со кои располага ЈСП „СКОПЈЕ“, ревизијата утврди нетранспарентност во постапките при давање во закуп на недвижните ствари, што влијае на помалку остварени приходи по овој основ. Договорите за изнајмување се склучени без: обезбедена согласност од страна на Советот на Град Скопје, спроведена постапка за електронско јавно наддавање, објaвен јавен повик, формирана комисија и извршена проценка за утврдување на почетната цена за јавно наддавање, се констатира во узвештајот.

-Иако финансиските показателите на ЈСП Турс „СКОПЈЕ“, укажуваат на постоење на материјална неизвесност за способноста на друштвото да продолжи со рентабилно работење во континуитет, ЈСП „СКОПЈЕ“ како основач на ЈСП Турс „СКОПЈЕ“, во континуитет преку позајмици ги покрива редовните трошоци од неговото работење, но истите не се вратени, така што на крајот на 2023 година, по овој основ има искажано побарувања од 21.731 илјади денари.

Остварениот коефициент помеѓу трошокот и приходот по километар за неколку години наназад (графикон бр.2) покажува однос 2:1, односно на 2 денари остварен трошок по километар се остварува 1 денар приход (од превоз) по километар, што има големо влијание на солвентноста и ликвидноста на претпријатието.

Во 2022 и 2023 година вкупните инвестиции во основни средства се движат околу 4.000 илјади денари и се однесуваат на набавка на разна опрема, но не е инвестирано во подобрување на возниот парк, што претставува основа за дејноста на претпријатието. Со состојба на 31.12.2023 година просечната старост на возниот парк изнесува 12,05 години. И покрај субвенционирањето од страна на основачот – Град Скопје во вкупен износ од 673.870 илјади денари, односно 10.957.235 евра, ЈСП„СКОПЈЕ“ не е во можност да ги постигне стратешките цели за одржлив урбан транспортен систем и развој на јавниот градски превоз во Скопје.

-Ревизијата истакнува дека се потребни активности насочени кон отстранување на тешкотиите и проблемите кои подолг период се присутни во работењето на претпријатието, кон обезбедување на континуитет во функционирање на дејноста, подобрување на квалитетот и ефикасноста во извршувањето на јавниот превоз, подигање на еколошките стандарди, односно кон остварување на мисијата на претпријатието, обезбедување на квалитетни, навремени, сигурни и во континуитет услуги. За надминување на утврдените состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од страна на надлежните институции и одговорни лица, се заклучува во Извештајот на ДЗР за ЈСП Скопје. 

Advertisement

Македонија

„Трн“ по втор пат ги награди храбрите иницијативи што го менуваат општеството

Редакцијата на Трн по втор пат ги награди иницијативите што храбро го менуваа општеството во 2025 година

На 13 декември 2025 година, редакцијата на „Трн“ по втор пат ги додели своите симболични признанија за иницијативи, колективи и поединци кои со својата работа, ангажман и храброст придонесуваат кон поинклузивно, поправедно и посолидарно општество.

Со овие награди, редакцијата на „Трн“ уште еднаш испрати јасна порака дека општествените промени не започнуваат од големите декларации, туку од конкретни дела, локални иницијативи и луѓе кои одбиваат да молчат пред неправдата.

Како и минатата година, жирито беше составено од редакцискиот тим на „Трн“, кој секојдневно ги следи, документира и анализира процесите што го обликуваат јавниот простор, граѓанскиот отпор и солидарноста во Македонија.

ТРН НАГРАДИ

Категории што го мапираат општествениот ангажман

Признанијата се доделуваат во категории кои симболично ги опфаќаат клучните општествени борби и вредности: унапредување на правата на жените и родовата еднаквост, заштита на јавното здравје, младински иницијативи, интервенции во јавен простор и заштита на правата на Ромите.

Наградата ЖЕНСКИ ТРН се доделува на борците за унапредување на женските права. Во оваа категорија беа доделени две признанија, како одраз на различни, но подеднакво значајни форми на активизам.

Наградата ЖЕНСКИ ТРН беше врачена на Сара Миленковска за нејзиниот доследен активизам во различни иницијативи за женски права и родова еднаквост, за јасниот јавен говор и за отворањето простор за теми кои често се премолчуваат, но длабоко ја засегаат реалноста на жените.

Наградата ЖЕНСКИ ТРН ја доби и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА за акцијата „Ни требаат 365 дена активизам, а не 16 дена симболика“ и за нивната континуирана, системска борба за женските права, телесната автономија и родовата правда.

Наградата ЗДРАВ ТРН за заштита на јавното здравје претставува награда за солидарноста што не застанува на зборови, туку се претвора во конкретна грижа и поддршка.

Оваа награда беше врачена на Support Kochani, за нивните иницијативи за поддршка на повредените и семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани, вклучувајќи го и отворањето на Младинскиот центар „Гнездо“, како и бројните акции за собирање донации и медицински препарати.

МЛАДИНСКИ ТРН се додели на глас кој ја разбира политиката од перспектива на младите и ја преведува нивната реалност во јасни и аргументирани пораки. 

Оваа награда ја доби Емир Хасановиќ, за неговиот инспиративен медиумски настап со постизборна анализа од младински агол, за пораките за генерацискиот јаз во Македонија и за отворањето прашања поврзани со потребите, политичката свест и улогата на младите во општеството.

Во категоријата ТРН НА ЕДНАКВОСТА за заштита на правата на Ромите, беа доделени две признанија, како признание за институционалниот и личниот активизам.

Наградата ТРН НА ЕДНАКВОСТА ја врачивме на Europe House за аудиобајките „Сјајни ѕвезди – бајки раскажани од Ромите од Европа“, достапни за слушање на ромски, македонски и албански јазик, и за нивниот придонес во промоцијата на културната разноликост и инклузијата.

ТРН НА ЕДНАКВОСТА беше доделен и на Ѓултен Мустафова (Ромалитико) за нејзиниот активизам за правата на жените Ромки и за континуираната борба за видливост, достоинство и еднаквост на Ромската заедница.

ИНТЕРВЕНТЕН ТРН е за гласовите кои во јавниот простор зборуваат храбро, директно и без компромис.

Наградата за интервенција во јавен простор беше доделена на Колективот на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, за говорот на церемонијата по повод доделување на наградите „3-ти Ноември“ и за јавното застапување за изградба на нова театарска зграда.

Награда ви оваа категорија беше доделена и на Иницијативата „Кој е следен?“, за нивните континуирани интервенции во јавниот простор, борбата за правда и отпорот против системската корупција.

Мал трн, голема порака

Признанијата на „Трн“ не се финансиски, ниту институционални. Тие се симболичен гест на солидарност, благодарност и јавно признавање – порака дека некој гледа, слуша и препознава.

Со второто издание на овие награди, „Трн“ ја зацврстува својата позиција како медиум кој не само што известува, туку и активно учествува во градењето на јавниот простор, вредностите и критичката мисла.

Continue Reading

Македонија

Историски зафат во детската ортопедија: За првпат во Македонија оперирано дете со ретка конгенитална деформација

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) за првпат во Македонија е изведена комплексна хируршка интервенција кај 4-годишно дете со редок конгенитален Спренгелов деформитет. Интервенцијата е реализирана во соработка со реномираниот ортопед проф. д-р Уфук Ајдинли од Република Турција.

Овој медицински зафат претставува значаен напредок во развојот на домашниот здравствен систем и зајакнување на капацитетите за третман на ретки и сложени ортопедски состојби кај деца. Процедурата е резултат на тимска работа меѓу ортопедите, анестезиолозите, интензивната нега и ургентната служба, како и на успешен пренос на знаење и примена на современи оперативни техники.

Директорот на ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски, истакнува дека интервенцијата е пример за врвна мултидисциплинарна координација со јасен фокус на безбедноста и квалитетот на третманот. Според него, соработката со меѓународни експерти овозможува значителен исчекор во лекувањето на ретки конгенитални деформации, со цел ваквите процедури да станат стандарден дел од клиничката пракса во земјава.

Министерот за здравство, Азир Алиу, нагласува дека довербата во здравствениот систем се гради преку конкретни резултати, знаење и силна тимска работа. Тој посочува дека Министерството ќе продолжи со поддршка на модернизацијата на клиниките, развојот на човечките ресурси и воведувањето современи медицински методи, со што најсложените интервенции ќе можат да се изведуваат во државата.

Спренгеловиот деформитет е ретка конгенитална состојба кај која лопатката е поставена ненормално високо и е недоволно развиена поради нарушена миграција за време на ембрионалниот развој. Оваа состојба најчесто предизвикува видлива деформација и ограничена подвижност на рамото, а може да биде поврзана и со други аномалии, како синдромот Клипел-Фил, сколиоза или омовертебрална лента. Оперативниот третман најчесто се спроведува кај деца на возраст од 3 до 8 години, со цел подобрување на функцијата и естетскиот изглед.

Continue Reading

Македонија

Реакција на МАН на изјавите од СДСМ: Госпоѓо Кузеска – мукла, и марш во ќош!

Кузеска за “игнорирани“ ги смета: “Бомбите“ (нејзин назив) за јавните набавки, потоа изјавите на Кузеска и Филипче за наводниот договор со кој Македонија ќе биде преплавена со мигранти испорачани од Велика Британија и нападот во просториите на поткастот Инфомакс, како и изјавите на Венко Филипче,велат меѓу другото од МАН

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, која е дел од “тимот на Заев“ по задача во партијата да го чуваат неговиот капитал и слобода, во момент на здодевност и очај дека опозицијата нема што да каже во однос на власта бидејќи спиновите се потрошени, нема проекти или решенија за постоечки проблеми, нема способни луѓе кои би се нафатиле да влезат во органите на партијата реши јавно да ги “построи“ новинарите кои недоволно ги следеле нејзините изјави и настапите на нејзиниот шеф Венко Филипче, реагираа од Македонската асосцијација на новинари (МАН), кое интегрално го пренесуваме во подолу.

„Таа издвои настани кои, според неа, не биле објавувани колку што на неа и и на Филипче им треба за да ги оправдаат своите функции на портпарол и шеф на СДСМ од кои партијата немаат ефект, како што се гледа на изборите.

Кузеска за “игнорирани“ ги смета: “Бомбите“ (нејзин назив) за јавните набавки, потоа изјавите на Кузеска и Филипче за наводниот договор со кој Македонија ќе биде преплавена со мигранти испорачани од Велика Британија и нападот во просториите на поткастот Инфомакс, како и изјавите на Венко Филипче.

Особено ја заболело што тоа го прават порталите Курир, Република и Вечер кои Кузеска експлицитно ги наведе како виновници за нејзиниот викенд кошмар.

МАН, Македонската асоцијација на новинари, која постои 23 години, создадена со доаѓањето на СДСМ на власт во 2002 година заради заштита на новинарите со започнатиот терор на таа власт врз нив со индигнација, згрозување и презир ја прими оваа објава од Кузеска и Филипче и нивниот најнов тоталитарен настап со обид сопствената неспособност да подигнат рејтинг на партијата во стечај да бараат виновници – во новинарите.

Ако Курир, Република и Вечер објавуваа се што им треба, е – тогаш СДСМ ќе беше партија со рејтинг, углед и авторитет – смета Кузеска. Тоа е клучно, според неа.

Госпоѓо Кузеска и господине Венко Филипче, тоталитаризмот, контролата на јавното мислење и нарачки до медиумите што и како да објавуваат е ВАШ И САМО ВАШ МОДЕЛ НА ОДНЕСУВАЊЕ ВО ПОЛИТИКАТА.

Ако не објавуваат СДСМ организира митинзи пред редакции на централните телевизии, тепање новинари по улици, физички напади во редакции и тоа токму во Курир и Република, судски прогон на новинари, држење редакции и новинари со години под обвиненија за да се “дисциплинираат“, создавање “невладини“ организации кои праќаат извештаи и рипорти до Фејсбук да се блокираат фан страните и објавите на медиуми кои не ви се под ваша контрола, финансирање од владини пари на подобни “аналитичари“, новинари редакции… САМО ВАШАТА ВЛАСТ И ВАШАТА ПАРТИЈА го правела и денес го прави тоа. Никој друг!

– За време само на последната ваша власт од Зоран Заев затворени се редакциите на весниците Дневник, Вест и Утрински весник.

– За време на таа власт сменети се под принуда главните уредници на националните телевизии Сител, Канал 5 и Телма а ТВ Алфа е под постојан притисок од кривични пријави и контроли на вашите државни институции и, од вашите функционери демонизирана и барано од огласувачите да се повлечат оттаму.

– Вашата власт, и лично и на митинзи, објавуваше телефонски разговори од новинари, плус клевети без основа и ги сатанизираше што е серизоно кривично дело за кое никогаш не одговаравте.

– За време на вашата власт СЈО поднесе обвиненија против уредници и новинари, а над 40 новинари и уредници во посебен предмет на СЈО за “сомнителна промена на сопственост на локалните медиуми“ низ Македонија беа четири години под истрага за да се “дисциплинираат“.

– За време на вашата власт се создадоа “невладини“ центри за контрола и цензура на медиумите и нивните објави, особено преку социјалните мрежи, со вашиот Вистиномер.

– За време на таа власт преку странски фондации за вас работеа новинари и “експерти“ кои добива грантови како Фрчкоски со 350.000 евра од Фонд за Иновации, по 500-600.000 евра како порталот ИРЛ или огромни 1.200.000 евра како Васко Попетревски за порталот и емисијата 360 степени. Тие пари, од страна на американската влада, јавно беа оценети како коруптивни, наменети за промена на претходната власт и одржување на власт на корумпиран режим на СДСМ и ДУИ.

Ова е само дел, не повеќе од третина, на списокот за вашиот, партискиот, однос кон јавноста и новинарите.

Во врска со трите точки на кои Вечер, Република и Курир “не обрнале доволно внимание“ кое вас би ве задоволило.

1. Вашите “бомби“ за наводен криминал при јавни набавки на оваа власт воопшто не се бомби, ниту нешто што вие сте откриле а власта сакала да го сокрие. Не. Тоа се податоци од јавен карактер, објавени и достапни на Бизнис мрежа. Сте прераскажале нешто што е јавно достапно како свое и додале сензационализам. Класичен спин, или манипулација која не заслужува новинарско внимание.

2. Во врска со “инвазијата на мигранти“ е уште полоша манипулација. Немате никаков релевантен доказ освен објава на нечија лична изјава која со ништо не е поткрепена ниту е цитиран некој документ или институција. Со тоа правите кривично дело – свесно вознемирување и паника во јавноста за ваш политички профит. Јасни се причините зошто Обвинителството не отворило предмет за вас.

3. Во врска со физичкиот напад во редакцијата на поткастот Инфомакс цинично е вие, токму вие, да се жалите во нивно име. Вие и вашите судии го осудивте на 6 месеци затвор уредникот на Инфомакс затоа што објавиле делови од сведочење во истрагата за корупцијата на Катица Јанева и СЈО. Вие молчевте кога на Инфомакс вашите политички противници, на дневна основа, брутално беа напаѓани од Љупчо Палевски Палчо и Стефчо Јакимовски. Гледавте профит во тоа.

Госпоѓо Кузеска, бивш новинар во обид кој никогаш не станал уредник ниту подолг период се задржал во некоја редакција, нема да станете уредник на сите медиуми.

Мукла, и марш во ќош!“, МАН, Македонска асоцијација на новинари Скопје

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг