„Копанки“ се подготвува за зимската сезона – следно е бојадисување и средување на корпите од жичарницата

Ски центарот „Копанки“ се подготвува пред зимската сезона, информираат од ЕСМ „Молика“. 

-Ве известиме дека покрај косењето на тревата на Ски стазата „Копанки“, преземаме и низа други активности за подобрување на условите за почеток на зимската сезона.

Најпрво започнавме со чистење на камењата од стазата, потоа проверка на ски лифтот и промена на гуми и лежишта од страна на екипата на ЕСМ „Молика“ задолжена за одржување на Ски центарот „Копанки“, поддржана од страна на стручниот тим на АД ЕСМ – РЕК Битола и ФОД ДООЕЛ Битола, за извршување на електро – машински ремонти.

Во претстојниот период ќе се извршат и други зафати, следно е бојадисување и средување на корпите од жичарницата на Ски стазата „Копанки“.