Connect with us

Македонија

Костадинов: Намерата не е да излезам од ЗЕЛС, намерата е да го вклучиме алармот

Намерата не е да излезам од ЗЕЛС затоа што сакам да сум надвор од ЗЕЛС, намерата е да го вклучиме алармот за Владата и одредени министри малку посериозно да пристапуваат кон проблемите со што не се соочува само градоначалникот на Струмица или „Комуналец“, се соочуваат 53 илјади граѓани, таков проблем имавме и во Гостивар, во еден период во државата околу 150 илјади луѓе беа оставени без питка вода. Требаше Костадинов да излезе од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не. Мора да градиме одговорен пристап кон граѓаните и кон институциите.

Ова денеска го одговори градоначалникот Костадин Костадинов на новинарско прашање за неговиот став за излегувањето на Струмица од ЗЕЛС.

Тој истакна дека не сака да излезе од ЗЕЛС, бидејќи ЗЕЛС е заедница која треба да се грижи за интересот на сите општини, која треба да работи на процесот на децентрализација многу сериозно и треба неселективно, како што впрочемм посопчи, вчера биле изјавите од потпретседателите на ЗЕЛС, кои тој ги почитува почитувам и охрабрува во тој дух да се градат односите.

Додаде дека постојано е во контакт со неговите колеги градоначалници, секако и градоначалникот на Валандово и потпретседател на ЗЕЛС, Перо Костадинов, но потенцираше дека напуштањето на ЗЕЛС е во делот на состаноците и во делот на вклучувањето на алармот.

– Зошто? Струмица е четири недели без вода, тоа е само една од причините зошто го напуштив Управниот одбор на ЗЕЛС и не се појавувам на состаноците на ЗЕЛС. Тоа е многу принципиелно кога се обидуваме да исполитизираме процес како што е питка вода, не може да не очекуваме и политички одговор или реакција. Затоа велам, сега е време кога треба да седнеме на маса. Ние го решивме нашиот проблем, сега е време за седнување на маса, каде што, зборувам за ЗЕЛС, ќе ги отвориме можностите и ќе ги отвориме темите коишто се предмет на разговор и се интерес на струмичанки и струмичани – посочи Костадинов.

Тој ги наброја проектите и програмите кои се одобрени од ресорните министерства и се чека на нивна реализација.

– Тука мислам на атмосферска канализација во село Муртино за која што имаме добиено средства и очекуваме да се распише јавна набавка, што со филтер станицата за питка вода во населено место Банско за која исто имаме одобрено средства и се чека распишување на јавна набавка, што со средствата од унгарскиот кредит за што до денеска немаме добиено известување на писмено, кои се причините и дали е одбиен проектот за нов градски пазар во Струмица. Се од институциите треба да добиеме на хартија. Зошто? За истото да може да го обжалиме. Имаме одлука на Влада и овде не скромно ќе се заблагодарам што е продолжен рокот, но во известувањето вели за докомплетирање на проектите, ние имаме комплетиран проект, ова не е обвинување туку е детализирање на еден процес којшто е многу важен за струмичани – подвлече струмичкиот градоначалник.

Тој се осврна и на усогласувањето на урбанистичките планови.

– Ги имаме деталните урбанистички планови, го имаме генералниот урбанистички план за којшто треба да седнеме со ресорно министерство оти и тоа е развој за Општината. Знаеме дека министерот за транспорт и врски најави можност за железничка пруга низ Струмица. Како ќе имаме железничка пруга ако тоа го немаме во ГУП. Впрочем, во новиот предлог за новиот ГУП на Струмица постои железничката пруга којашто во моментот ја нема во постоечкиот ГУП. Ова се многу важни теми за коишто повикувам на разум и затоа разговорот во ЗЕЛС е така условен – истакна Костадинов.

Тој побара и за проблемот со браната „Турија“ да не разговараат тој и ресорниот министер, туку работна група која би била составена од стручни лица АД „Водостопанство“. МЗШВ и ЈПКД „Комуналец“ Струмица.

– Упатувам апел и порака до надлежните институции, МЗШВ и АД „Водостопанство“ да седнеме на маса, да дискутираме за состојбата на водата во браната „Турија“, да изнајдеме решенија без разлика што тоа е нивна надлежност, ние Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ сме подготвени да разговараме за можните решенија дури и на брана „Турија“. Знаеме дека Струмица сега има вода за пиење, но Општина Василево нема. Не знаеме дали утре повторно ќе има одрон во браната и повторно ќе ни се појави проблем со манган. Ова е време на прагмата, а не е време на политиката – рече градоначалникот Костадин Костадинов на денешната прес – конференција.

Заедно со раководството на комуналаното претпријатие и официјално соопштија дека водата за пиење во Струмица е здрава и безбедна покажувајќи го решението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Струмичкиот градоначалник се заблагодари на инспекторите на АХВ за нивната храброст да го потпишат решението и како што рече, „можеби имале и притисоци за да може да се надмине проблемот со водата за пиење“.

– Упатувам сериозна порака до институциите да си ја гледат работата којашто е во нивна надлежност. Струмица била, е и ќе биде сериозен партнер на сите државни институции. За да бидеме партнер институција мора да градиме партнерски однос. Затоа, повикувам, надлежните институции-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да не го политизитраат повторно овој случај, да не наоѓаат дежурни виновници оти еве од вчера гледаме каде е вината, но тоа не е битно бидејќи не знаеме до кога ќе трае. Затоа, да седнеме како луѓе кои ја имаме честа од граѓаните да водиме институции и да носиме одлуки во интерес и за добробит на граѓаните – додаде Костадинов.

Инаку, водата за пиење во Струмица и шест населени места беше забранета за употреба пред еден месец заради зголемено присуство на манган и во последните мерења заради зголемено присуство на колиформни бактерии.

Advertisement

Македонија

Седум од десет Македонци против покачување на платите на судиите и обвинителите

Според последното истражување на јавното мислење на порталот МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет Вижн, македонските граѓани се изразито против покачување на платите на судиите и јавните обвинители.

Одговорите покажуваат дека 73,6 отсто од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, додека само 14,8 отсто сметаат дека повисоките плати се оправдани. Најголем дел од граѓаните оценуваат дека покачувањето на платите нема да придонесе за подобрување на состојбата во македонското правосудство.

Истражувањето било спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со CAТI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници.

Резултатите ја потврдуваат недовербата на граѓаните кон правосудниот систем и укажуваат на потребата од реформи и зголемена одговорност во судството.

Continue Reading

Македонија

Детонации на Криволак: се уништуваат експлозиви запленети пред 15 години

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, согласно однапред изготвен план, преземаат мерки и активности за уништување на голема количина минско-експлозивни средства.

Минско-експлозивните средства, кои биле запленети пред цели 15 години и складирани во касарната „Ѓорче Петров“, денеска се транспортираат до армискиот полигон „Криволак“ со товарни возила на АРМ. Уништувањето ќе се спроведе во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал.

Процесот на уништување ќе го реализираат полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од Армијата на Република Северна Македонија и пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, преку контролирана детонација.

Фактот што станува збор за прво уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години укажува дека безбедносните ризици во минатото не биле третирани со потребната сериозност. Денешната активност претставува јасен сигнал дека со одговорен пристап, зголемена посветеност и професионално раководење, безбедноста на граѓаните конечно се става на ниво кое одамна било неопходно.

Continue Reading

Македонија

Констатирани неправилности во функционирањето на 14 јавни здравствени установи

Вонреден инспекциски надзор спроведен од Фондот за здравствено осигурување утврди неправилности во функционирањето на 14 јавни здравствени установи низ Северна Македонија, од кои две се во Скопје. Надзорот бил извршен во службите за Итна медицинска помош и домашна посета.

Како што информира директорот на ФЗО, Сашо Клековски, инспекцијата опфатила вкупно 37 јавни здравствени установи – 29 надвор од Скопје и осум во главниот град. Во 23 институции не биле утврдени недостатоци, додека во 14 биле констатирани сериозни неправилности.

Според Клековски, седум установи работеле со интерни ценовници кои немале одобрение од Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. Тој нагласи дека не станува збор нужно за штета по пациентите, но дека ценовниците не биле официјално усвоени.

Во две институции било утврдено погрешно фактурирање кон Фондот, додека уште две фактурирале услуги за кои немале дозвола. При теренските контроли биле откриени и посериозни пропусти – во една установа надвор од Скопје немало лекови против болки, а резервите на лекови во Итната помош биле под минималниот потребен праг. Во друга институција, пак, воопшто немало медицински екипи за обезбедување на здравствени услуги.

На сите установи кај кои се утврдени неправилности им е даден рок од два месеци за нивно отстранување, по што ќе следи повторна контрола. Клековски посочи и дека Фондот не бил навреме информиран дека службата за домашна посета во Шуто Оризари е целосно затворена поради недостаток на персонал.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг