Министерот Филков на средба со унгарскиот колега Тузсон, најавена посета на конференција во Будимпешта

Министерот за правда, Игор Филков, оствари средба со неговиот унгарски колега, Бенце Тузсон, во Будва, каде што нагласи дека односите помеѓу Северна Македонија и Унгарија се пријателски и дека Унгарија игра значајна улога во поддршката на земјата за пристапување во Европската унија.

На покана од министерот Тузсон, министерот Филков ќе учествува на меѓународната конференција „Правна конкурентност – инструменти на правото за поконкурентна Европа“, која ќе се одржи во Будимпешта на 11 и 12 ноември.