Connect with us

Скопје

Му побарале лична карта, а тој скокнал во Вардар

Published

on

Му побарале лична карта на скопјанец, а тој скокнал во Вардар и се повредил.

„Вчера во 17.04 часот во Скопје на подрачјето на Општина Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје додека вршеле легитимирање на Ф.А.(24) од Скопје, тој откако им ја дал личната карта, се обидел да избега и се спуштил на патеката за пешаци покрај реката Вардар, по што скокнал во реката, при што се здобил со тешки телесни повреди“, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на настанот.

Скопје

Ѓорѓиевски ќе биде кум на Балаклија во Црниче наредната година

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес го прослави празникот Источен Петок – Балаклија заедно со жителите на Црниче, на култното место кое од минатата година е повторно достапно за јавноста. Празникот, кој се одбележува во Светлата Недела, е посветен на Пресвета Богородица и е еден од најзначајните духовни денови за православните верници.

„Нека е за многу години овој голем празник. Огромна чест ми е што следната година ќе бидам кум, тоа е дар од Бога“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека празникот има длабока симболика, бидејќи според преданието, токму на овој ден Пресвета Богородица му ги измијала раните на Исус Христос, а водите од изворите стануваат лековити.

Градоначалникот потсети дека минатата година изворот во Црниче бил ослободен од узурпација и повторно вратен на граѓаните, уреден со содржини кои овозможуваат духовен мир, уживање и рекреација.

„Горд сум на сплотеноста на мојот народ на вакви денови. Македонија е богата земја, а нашата меѓусебна љубов и почит се таа сила што не одржува низ вековите“, порача Ѓорѓиевски, честитајќи им на сите верници со желби за здравје и бериќет.

Continue Reading

Скопје

Престрелка на Бит-пазар: Две групи пукале меѓу себе, во престрелката повредено едно лице

Published

on

Денеска, околу 14 часот, во СВР Скопје било пријавено пукање од огнено оружје на улицата Војдан Чернодрински во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар.

Полициските службеници утврдиле дека се работи за престрелка помеѓу две групи, кои броеле по пет до шест лица, а при престрелката едно лице било повредено и пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот полицијата пронашла повеќе чаури од оружје, а причинета е и штета на неколку изложни стакла од продавниците и околните објекти, како и на неколку паркирани возила. Во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопје

Пукање на Бит Пазар!

Published

on

Попладнево имало пукање во близина на Бит Пазар, објави ТВ21.

Неофицијално, се сомнева дека има една жртва.

Пукањето се случило во близина на Полициска станица Бит Пазар.

На терен има дополнителни полициски сили.

Според првичните информации, повредена е и жена, минувач.

Извор: ТВ21

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк