Connect with us

Македонија

Сања Божиновска ја отвори 12 студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2024

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори дванаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2024. Преку оваа веќе препознатлива платформа младите добиваат шанса да ги претстават своите идеи, истражувања и иновации, но и да научат од искусни професионалци.

Во светот кој се повеќе се соочува со предизвиците на климатските промени, енергетската ефикасност и одржливиот развој се многу значајни теми и потребата за нови знаења и иновации никогаш не била поголема. Токму затоа ме радува што СКЕЕОР е во организација на студентите, подржана од професорите и компаниите. Тоа е одличен начин да се спојат теоријата и практиката, да се поттикне студентската креативност и да се формираат професионални врски меѓу академијата и индрустријата, значајни за развојот на идните млади инжинери и екперти во нашата земја. Уверена сум дека идеите и проектите кои произлегуваат од оваа конференција ќе имаат голем импакт врз иднината на енергетскиот сектор во државата. Владата е посветена на создавање услови за поддршка на младите инжинери и научници.“, истакна Божиновска.

Македонија

Села без одговор дали ќе остане во Европски фронт ако Тарави се приклучи

Published

on

Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците која е дел од Европскиот фронт, предводена од ДУИ, не открива дали ќе се повлече од коалицијата доколку Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари ѝ се приклучи. Села вели дека не може да се меша кој со кого ќе се среќава и разговара, но оти може да каже дали некој треба да биде дел од Фронтот.

„Има средби, а од друга страна мене лично и на Алијанса за Албанците не ни пречи, а дали треба да биде дел од Фронтот или не, е за тоа имаме право и ние да го кажеме нашиот став. Ќе имаме став откога ќе има предлог дека некој сака да се приклучи кон Европскиот фронт“, изјави Села.

Според него, нејасен е ставот на Таравари и неговото постапување.

„За жал ја имаат политиката сфатена само како пазар со чуствата на граѓаните и со интересите на граѓаните“, вели Села.

За обединување на Алијанса за Албанците и некаква соработка со крилото кое се отцепи, Села вели дека може да има само доколку Таравари си поднесе оставка. Притоа тој го повика членството од партијата на Таравари да се врати во партијата која тој ја предводи.

„Кој е ставот денеска на господинот Таравари и затоа немам ништо лично и персонално, овде се работи за човек кој те има предадено и не можеш да му веруваш, бидејќи не можам да гарантирам дека и во иднина нема да се случи тоа. Јас сум верувал, но сега не му верувам повеќе“, дециден е Села.

Continue Reading

Македонија

Исчезна 11-годишно девојче од скопска Гази Баба

Published

on

„Вчера рано наутро во 04.00 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Р. од Скопје пријавила дека од јавната установа за згрижување на деца на ул.„Перо Наков“ се оддалечила нејзината ќерка М.Р.(11)“, соопштиј од МВР.

Како што соопштуваат од полицијата, во моментот се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Македонија

Подгответе се за невреме: Еве какво време ја очекува Македонија денес!

Published

on

Во следните 12 часа од исток и од југоисток во Македонија ќе помине уште една доста влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места кај нас ќе услови појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и со локална појава на град. Токму поради ваквата состојба, апелирам на поголема претплазливост кај граѓаните.

И во Скопскиот регион исто така за време на погоре споменатиот период ќе има појава на повремен локален дожд, а во делови од котлината ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие денес (недела 27 април) ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 24 степени, во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк