Connect with us

Македонија

СДСМ очекува Мицкоски да го исполни ветувањето – да ги намали платите на функционерите

Published

on

„Мицкоски од време на опозиција не го познава Мицкоски од власта. Во интервју за Сител Телевизија на 17.08.2023 година, Мицкоски ќе вети пред граѓаните дека ќе ги ревидира и ќе ги намали платите на функционерите доколку граѓаните му да ја дадат довербата, за што ќе предложат и конкретен закон“ реагираат од СДСМ.

„Еве Мицкоски е премиер, поминаа 4 месеци како ја предводи Владата, нема ниту збор за ветеното намалување и ревизија на платите на функционерите. СДСМ очекува Мицкоски да го исполни ветувањето за намалување и ревизија на платите на функционерите“ е партискиот став.

Македонија

УХМР предупредува на пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Published

on

Попладневниот развој на нестабилна облачност донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните планински предели, Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија. Локално имаше и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

До крајот на денот, нестабилното време ќе продолжи со променлива облачност, пороен дожд и грмежи на повеќе места низ државата, а ќе дува и засилен ветер.

Според прогнозите на УХМР, и утре времето ќе биде слично – променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. На одредени места се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме, со обилен дожд, силен ветер и можност за изолирана појава на град. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 4 и 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 15 до 23 степени.

Во Скопје, попладнето ќе донесе нестабилност со локални поројни врнежи и грмежи, проследени со засилен ветер и услови за појава на град. Температурите во главниот град ќе се движат од 9 до 23 степени.

Од УХМР најавуваат дека променливото и посвежо време ќе продолжи и во следните денови, со повремен локален дожд. Сепак, од вторник се очекува стабилизирање на временските услови, претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Continue Reading

Македонија

Скандал! Откриени злоупотреби на државно земјиште на над 2000 хектари – истрагата се шири!

Published

on

Отркиени се злоупотребени на повеќе од 2000 хектари земјоделско земјиште кои државата ги дала под концесија, а инспекторатот ќе ги продолжи контролите за земјиштето да стигне до вистинските земјоделци, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешниот престој во Прилеп.

– Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на преземањето на Министерството, станува збор за околу 2000 хектари кои се откриени, но има и злоупотреба на субвенции кои се користеле од државата, биле бесправно. Контролата на инспекторатот за злоупотребата континуирано трае, рече Трипуновски.

Државата продолжува со распределба под концесија на државното земјоделско земјиште, кое вистинските земјоделци ќе го обработуваат и ќе произведуваат.

-Завршија петте јавни повици кои беа ставени на располагање во декември и во јануари. Веќе се изготвени договорите, се испраќаат кај земјоделците. Нова распределба на земјиштето се очекува во јуни или во јули месец, рече министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска во Прилеп.

Continue Reading

Македонија

Ќе одмориме: Еве кога ќе имаме продолжен викенд – сите неработни денови во следниот период

Published

on

Следната недела следува уште еден неработен ден следната недела, а тоа е Први Мај.

После 1 Мај имаме и продолжен викенд. Имено 6 Јуни (петок), петок пред Духовден е неработен ден.

Сите неработни денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РСМ

1 мај (четврток), Ден на трудот
24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
2 август (сабота), Ден на Републиката,
8 септември (понеделник), Ден на независноста,
11 октомври (сабота), Ден на народното востание,
23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк