На 28.10.2024 во 23.50 часот полициски службеници од ПО Групчин во с. Долна Лешница, постапувајќи по претходна пријава за повредено малолетно лице со нож, го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од с. Долна Лешница. Е.Ф. е задржан во полициска станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
