Connect with us

Скопје

Внимавајте! Крадци „оперираат“ низ Центар

Published

on

Неколку кражби биле пријавени вчера и денеска на подрачјето на Центар. 

– На 28.10.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје, С.К.(79) од Скопје пријавила дека околу 15.00 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

– На 28.10.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, М.Т.(18) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на подрачјето на Центар, четири лица му се приближиле, а едно од нив со употреба на физичка сила му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

– Денеска (29.10.2024)  во 09.30 часот во СВР Скопје, К.Н.(37) од Скопје пријавила дека на 28.10.2024 околу 13.00 часот на подрачјето на Центар, едно лице со закана со остар предмет одзело пари од нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата во денешниот билтен. 

Скопје

Скопјанец приведен откако нападнал маж од Крива Паланка

Published

on

policija

На 25.01.2025 во 11:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Р.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот на бул.„Киро Глигоров“ физички го нападнал Д.С.(50) од Крива Паланка.

По целосно документирање на случајот бил поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Скопје

Со мерцедес се забил во метална канделабра на Илинденска – двајца повредени

Published

on

policija

На 25.01.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Илинден“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(25) од Скопје, удрило во метална канделабра.

Во несреќата, Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатничката Л.Д.(34) од с.Радолишта, струшко, се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Скопје

Молотови коктели фрлени во куќа во Скопско

Published

on

policija

Во раните утрински часови во СВР Скопје било пријавено дека во двор на напуштена куќа во селото Арачиново, која одамна била без жители, биле фрлени две шишиња со запалива материја. Според првичните информации, едното од шишињата предизвикало експлозија, а пожарот брзо се проширил.

На среќа, нема пријавени повредени лица, а пожарот бил изгаснат од роднина на сопствениците на куќата, кој ја забележал ситуацијата и го пријавил инцидентот. Куќата, како што е познато, е веќе подолг период празна, а нејзините сопственици не живеат таму.

Полицијата веднаш извршила увид на местото на настанот, а сега се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во моментов, се работи на утврдување на мотивите за овој инцидент и на идентификација на сторителите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк