Connect with us

Македонија

ФИРМИ НА ВНУКОТ НА АХМЕТИ И БЛИСКИ ДО ЗАЕВ и еве кои други има на списокот за злоупотреба на милионите Фонд за иновации

Изминативе години постојано бевме сведоци на скандалозни и сомнителни доделувања на пари од Фондот за иновации. Од блиски до тогашната власт на СДСМ и ДУИ, се до нелогични „иновации“ како рецепти или пак препишани проекти и така натаму. Каква беше развршницата на сето ова досега не знаевме, се додека не се смени власт.

Вчера новиот директор на фондот, НиколаДодов на прес конференција соопшти дека околу 60 фирми злоупотребиле 192 милиони денари, односно 3,2 милиони денари. Тој додаде дека имало фантомски проекти, фирми блиски до партии, идентични проекти, сомнителни донации. 

Додов соопшти детали од ревизијата која уште трае и нагласи дека веќе се наплатени околу 600.000 евра. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителството и граѓански парници по кои понатаму ќе постапуваат надлежните судови. Тече рокот од три дена за жалби кај нотарите и кај извршителите, по што ќе уследат кривични пријави.

Сепак, тој не соопшти имиња на компании кај кои се утврдени неправилности, и рече јавноста ќе биде известена. 

Плусинфо повикувајќи се на свои извори објави дел од имињата на фирмите во кои ревизијата на ФИТР утврдила неправилности.

Една од тие фирми е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“ на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено завршна сметка во Централен регистар.

Со Зоран Заев е поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им се одобрени извештаите поради незавршување на активностите.

Тука е и фирмата „Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма во Косово.

Со внукот на Али Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување на проект и затајување на извештаи.

Од позвучните имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија.

Покрај овие фирми, во фаза на извршување се и предметите за следните фирми:

„Тецуп Груп“ од Тетово. Со неа е раскинат договорот поради несоодветно менаџирање со средства од проектот. Купени се машини пред потпишување на договорот за финансирање.

„Лемакс-пак” од Струмица. Раскинат е договорот поради незавршување на активности и несоодветно менаџирање со проекти.

Друштво услуги и програмирање „МЕЛСТЕК СОЛУШНС ДООЕЛ“ увоз-извоз Битола од Битола. Раскинат е договорот поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности.

„Зафиров кетеринг” од Неготино. Утврдено е трошење на средства без покритие и неспроведување на активности според договорните обврски.

„Инспирион Солушнс“ од Скопје. Раскинат договор поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности.

Студио за убавина „Мираж“. Оваа фирма е отидена во стечај, но директно ќе се поведе кривична постапка за злоупотреба на државни средства и за измама на државни органи.

Фирмите од овој список ризикуваат да се соочат со пријави за кривичното дело Измама, додека управителите со пријави за кривичното дело Злоупотреба на службена должност.

Advertisement

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг