Connect with us

Македонија

Ковачки: Ахмети со цел памет се заканува со предвоена состојба во држава членка на НАТО

Published

on

Во вчерашна емисија „Заспиј ако можеш“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, изрази јасен став во однос на писмата на Али Ахмети, и албанските политички претставници во Македонија. Ковачки ја рефлектираше актуелната политичка динамика и рече дека ВМРО-ДПМНЕ се позиционира како легитимна сила која ги застапува интерсите на сите грѓани на Македонија.

Не доаѓа во предвид Али Ахмети да биде тој кој што ќе прави споредби и ќе биде лидер на Албанците. Тој не е веќе лидер на Албанците. Албанците имаат свои лидери и тие лидери се во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Во македонската Влада седат лидерите на Албанците, тие се репрезентите на Албанците во моментот. Имаат Албанците претставници и во парламентот. А Али Ахмети, тој негов Европски фронт во моментот се распаѓа, кажа Ковачки.

Ковачки нагласи дека Ахмети не може да се претставува како единствена сила која ги обединува Албанците.

Меѓутоа Али Ахмети не е репрезент на сите Албанци. Тој се претставува дека ги обединува сите Албанци и зборува во нивно име. Видовме тој колку им мисли, видовме каде живее во какви и хациенди, колку се грижи за обичните Албанци, јасно им е на сите и затоа веќе тие не се дел од македонската власт, изјави Ковачки.

Тој се осврна и на однесувањето ДУИ, и нивниот повторен обид за манипулации и закани.

Таа дописна агенција наречена ДУИ во моментов нема друга опција освен да се заканува и да објаснува дека тие немаат игра, тие цело време можат да играат на етничка карта, истакна Ковачки.

Ковачки потенцираше став на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја исклучува дискусијата за етничките прашања

Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека етничките прашања нема да бидат дискутирани. Македонија треба да се развива, а ние веќе тргнавме напред, Ахмети повторно сака да не навраќа на некои работи кои се затворени, рече Ковачки.

Кoвачки дополнително укажа на недоследностите во комуникацијата на Ахмети.

На Али Ахмети не му се исти писмата до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и до странските амбасади. Тие се разликуваат во одредени сегменти, некаде има закани некаде нема. Ме интересира како може Али Ахмети да се заканува во оваа држава со дестабилизација и со пред воена состојба во земја членка на НАТО во услови кога имаме војна која беснее на тлото на Европа. Дали господинот Али Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија. Јас мислам дека е надвор од разумот, и треба да се праша дали живее во имагинација или во реалниот свет,дециден е Ковачки.

Македонија

Хајредини: “Наместо заедно со ВЛЕН да се борите против криминалот и корупцијата, вие од АЛИЈАНСАТА сакате да ги спасите Али Ахмети и Јахоски!”

Published

on

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, предизвика бројни реакции со својата објава на социјалните мрежи.

Во неодамнешна објава на социјалните мрежи, тој истакна дека наместо борба против криминалот и корупцијата, АЛИЈАНСАТА одлучила да ги спасува Али Ахмети и Јахоски.

“Наместо заедно со ВЛЕН да се борите против криминалот и корупцијата, вие од АЛИЈАНСАТА сакате да ги спасите Али Ахмети и Јахоски!”, напиша Хајредини во својата фејсбук објава.

Continue Reading

Македонија

Николоски оствари средба со Герет Томас, министер за економија и извоз на Велика Британија: Најавена економска соработка

Published

on

Во рамки на дводневната официјална посета на Обединетото Кралство, потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со британскиот министер за економија и извоз, Герет Томас.

Како што информира Николоски, средбата била посветена на продлабочување на економската и стратешка соработка меѓу Северна Македонија и Велика Британија, со фокус на извозот, инфраструктурата и инвестициите.

„Во рамки на посетата на високо ниво на Велика Британија, денеска остварив средба со министерот за извоз и економија на Велика Британија, Герет Томас. Со него разговаравме за продлабочување на економската соработка меѓу двете држави, имајќи предвид дека Велика Британија е втор трговски партнер на Македонија.

Македонија извезува околу 2,5 милијарди евра во Велика Британија и имаме јасна цел тој извоз да расте и во скоро време да ја надминеме бројката од 3 милијарди евра извоз, што сериозно ја помага македонската економија, значи добро платени работни места и секако ќе значи нови работни места.“

Николоски потенцираше дека освен за трговската размена, на средбата се разговарало и за конкретни инфраструктурни проекти и можности за британска поддршка.

„Со министерот за извоз и економија на Велика Британија зборувавме за инфраструктурни проекти што ги раководам како министер за транспорт и потпретседател на македонската влада, разговаравме за развојот на железницата, за развојот на автопатите и авиосообраќајот и можностите што Велика Британија ги има за да и помогне на Македонија. Разговаравме и за финансиските можности што ги има Велика Британија, секако и околу знаењата. За таа цел остваривме и средба со компанијата “Crossrail” – компанија која е на британската влада и која ја изведе првата целосно дигитализирана метро линија во Велика Британија, тоа е линијата наречена по кралицата “Елизабета”.“

Во текот на денот, Николоски ќе има и други важни средби во Лондон, меѓу кои и со претставници на финансиски институции, како и со британската извозна агенција. Посетата продолжува и утре, со разговори на високо ниво со претставници од Министерството за надворешни работи на Велика Британија, специјалниот пратеник за Западен Балкан и други релевантни институции.

„Сметам дека оваа посета на Лондон е нов чекор во соработката меѓу Македонија и Велика Британија и со тоа ја позиционира Македонија како стратешки партнер во Југоисточна Европа на Велика Британија – нешто што е чекор напред за сите македонски граѓани и долгорочно партнерство со држава која има огромна традиција, силна економија и, како што велат, е последната империја во светот“ – изјави Николоски.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Заеднички чекори за чист воздух и борба против загадувањето

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес учествуваше на дискусија во Владата на Република Македонија, организирана на покана на министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. Средбата беше посветена на преземање конкретни чекори во борбата против загадувањето на воздухот.

„Планската програма за почист воздух 2024 | 2030 е добра основа за заштита на нашите граѓани од штетните еколошки влијанија“, истакна Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека меѓу најважните активности кои следуваат се зачестените инспекциски контроли, зголемено користење на еколошки извори на енергија и намалување на користењето несоодветни материјали за затоплување.

Градоначалникот изрази уверување дека преку добра координација меѓу институциите, како што веќе станува пракса, овие заложби ќе дадат конкретни резултати во унапредување на квалитетот на воздухот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк