Connect with us

Македонија

Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, но добредојдена е секоја поддршка од секој пратеник за владините политики

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски за информациите дека Моника Зајкова и ЛДП ќе се приклучат кон владејачкото мнозинство, денеска во скопски Ѓорче Петров рече:

„Владината коалиција е стабилна и цврста, речиси официјално 2/3 мнозинство во Парламентот. Секој што ги поддржува и споделува политиката на Владата може да се приклучи. Дали официјално би биле дел од владејачката коалиција, се уште не сум разговарал во рамките на партијата и коалицијата. Тоа е процес што треба да добие поддршка од сите политички чинители – не е битно само Мицкоски што ќе каже. Добредојдена е секоја поддршка за владините политики од секој пратеник во рамките на гласањето во Парламентот“.

За тоа дали власта може да достави предлог до Собранието за уставни измени со одложено дејство, без да биде формирана Влада во Бугарија, премиерот рече дека е „наивно да се направи“.

„Таков унилатерален потег би значело целосно загрозување на веќе загрозените евроинтеграции, поради авантурите на претходната Влада. Треба да се добие било каков сигнал за да можеме да одиме чекор понапред. Тоа можевме и порано да го направиме ако бевме почетници во оваа работа. Не сме ниту Бујар Османи, Маричиќ или Ковачевски да бидеме лековерни и наивни и да веруваме на интересите на трети страни. Наш интерес се граѓаните и државата“ порача Мицкоски

Македонија

Судот го одобри обвинението: Се чека термин за судење на Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова

Published

on

Кривичниот суд соопшти дека е одобрено обвинението против Васил Јованов кој на 29 јануари ја усмрти младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански Одреди“.

Советот за оценка на обвинителниот акт, го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, поврзан со сообраќајката од јануари 2025 – та година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која животот го загуби 22 – годишната Ф.К., информираат од Кривичниот суд.

Со одобрениот обвинителен акт, формиран е кривичен предмет со К.бр. 780/25 кој ќе биде ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС – системот.

ByОд Судот додаваат дека кога ќе биде насрочен термин за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Continue Reading

Македонија

Нов руски напад врз украински град – лансирани над 100 дронови

Published

on

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала 103 беспилотни летала во ноќните напади низ Украина, предизвикувајќи штета во пет региони, пишува Ројтерс

Три лица, меѓу кои и едно дете, се убиени, а уште осум се ранети во руски напад врз украинскиот град Павлоград, вели регионалниот гувернер.

„Агресорот повторно изврши масовен напад врз регионот со беспилотни летала“,напиша Сергеј Лисак, гувернер на централниот Дњепропетровски регион, на Телеграм, додавајќи дека 11 беспилотни летала биле уништени над регионот.

Лисак, објавувајќи фотографии од станбена зграда како гори, вели дека во градот избувнале неколку пожари.

Тој додава дека шестмина од повредените се хоспитализирани, додека на две други лица, меѓу кои и 15-годишно девојче, им била укажана помош на самото место.

„За жал, веќе има тројца мртви во Павлоград. Меѓу нив е и едно дете“,пишува тој во подоцнежно ажурирање.

Лисак додава дека во градот во тек се операциите за пребарување и спасување.

Како резултат на нападот, додава Лисак, пожари избувнале и на локациите на претпријатијата во областите Синелниковски и Самаривски.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала 103 беспилотни летала во ноќните напади низ Украина, предизвикувајќи штета во пет региони, пишува Ројтерс.

Североисточниот град Харков во Украина, исто така, бил нападнат со беспилотни летала, изјави градоначалникот Ихор Терехов, додавајќи дека според прелиминарните информации, оштетени се неколку приватни згради.

Вчера украинските власти соопштија дека руските сили во текот на ноќта истрелале најмалку 70 проектили и 145 беспилотни летала кон Украина, што е еден од најмасовните напади врз земјата изминатите месеци.

Главна цел, како што се наведува, бил главниот град Киев, каде што загинаа најмалку девет лица, а повеќе од 70 се повредени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на „вистински притисок“ врз Русија да ги запре нападите врз Украина.

Зеленски рече дека прелиминарните информации укажуваат дека балистичка ракета произведена во Северна Кореја била употребена во рускиот воздушен напад врз Киев.

Continue Reading

Македонија

Се трага по Симона Стојкова!

Published

on

На социјалните мрежи упатен е апел за потрага по Симона Стојкова.

Се работи за 35-годишна жена со кафеава коса и кафеави очи, која е висока околу 1.75 см и криви со едната нога која и е пократка 7см.

Исто така, носи наочари.

Според апелот, таа исчезнала вчера 23.04.2025 а се јавила кај блиските со врискање од бројот 076 851 228 и била достапна.

Доколку ја забележите, веднаш пријавете во полиција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк