Connect with us

Македонија

Нов мега парк во Гази Баба кој ќе се протега на површина од 10.000 метри квадратни

Published

on

Започна со изградба најголемиот мега парк на територија на општина Гази Баба кои се простира на површина од 10.000 метри квадратни во новата населба Хиподром 2, објави градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во видео обраќање на социјалните мрежи.

Продолжува, вели градоначалникот Стефковски во објавата на својот фејсбук-профил, грижата кон животната средина, а дополнително со изградбата на паркот, според него, се создава простор на кој граѓаните ќе имаат можност да спортуваат и рекреираат.

Тој додава дека покрај зелената површина и урбаната опрема во паркот ќе бидат засадени нови садници дрвја, а ќе се изгради и спортски терен за кошарка, како и фитнес зона на отворено.

-Ова не е прв голем парк кој општина Гази Баба го гради. Изминатиот период нови зелени паркови се изградија во Триангла и Ченто, вели градоначалникот.

Општина Гази Баба, најавува, и во следниот период ќе продолжи со мапирање во населените места со цел изнаоѓање на нови просторни капацитети за подигање на нови зелени површини.

Македонија

Виена ќе чука во 7/8 – ДУРЛОВСКИ СЕ ВРАЌААТ НА МЕСТОТО НА СЛАВАТА

Published

on

Со гордост најавувам дека после 20 години повторно настапувам во “Златната сала” на Musikverein во Виена заедно со мојата сопруга Ана Дурловски, Македонска филхармонија и Маестро Јерухам Шаровски од Израел.

Виена ќе чука во седум-осмини, најави денеска оперската ѕвезда Игор Дурловски.

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена – дом на Виенската филхармонија и место каде што секој 1 јануари се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот. 

Настапот на Македонската филхармонија на сцената на „Музикферајн“ во Виена претставува заокружување на прославата на 80 годишнината од формирањето на оркестарот, а воедно ќе се одбележат и 30 години од воспоставување на дипломатски односи меѓу Австрија и Македонија.

На концертот во Виена, како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски, а диригент ќе биде маестро Јерухам Шаровски од Израел. 

На програмата се „Македонска парафраза бр.2“ од Бете Илин, „Тешкото“ од Глигор Смокварски, Пет традиционални македонски песни во оркестарски аранжмани на композиторот Сони Петровски и Симфонијата бр.8 од Антонин Дворжак. 

Програмата претставува спој на македонската музичка традиција и фоклор и европската класика.

– Културата е најсилeн дипломатски инструмент на една држава. Македонската филхармонија, со својот настап во „Музикферајн“ ќе ја презентира македонската традиција пред меѓународната јавност и ќе придонесе за подобрување на имиџот на земјата и нејзино поврзување со светските културни и уметнички центри. Концертот на Македонската филхармонија во „Музикферајн“ не е само уште еден настап на нашиот оркестар. Станува збор за историски момент за македонската култура кој докажува дека нашата земја има вреден уметнички потенцијал кој ќе отвори нови перспективи за македонската музика на меѓународната сцена. Не постои подобра завршница на годината во која нашата институција прослави 80 години од формирањето, од настап во овој светски „храм на музиката“ и една од најпрестижните музички сцени во светот – вели Александар Котевски, в.д. директор на Македонската филхармонија.

„Музикферајн“ во Виена е една од најзначајните концертни сали во светот. 

Лоцирана во срцето на Виена, таа е дом на Виенската филхармонија, место на кое секоја година се одржува и традиционалниот Новогодишен концерт на 1 јануари. 

Концертната сала датира од 1870 година и е дело на данскиот архитект Теофил Хансен чиј дизајн е инспириран од грчката и римската архитектура. 

Централно место зазема „Златната сала“ со капацитет од 2000 седишта, која е позната по својата неверојатна убавина и исклучителна акустика. 

„Музикферајн“ не е само симбол на Виена и нејзиното богато музичко наследство, туку и центар на светската класична музичка култура. 

На сцената на „Музикферајн“ низ историјата настапиле најзначајните светски солисти и диригенти (Херберт фон Карајан, Леонард Бернштајн, Клаудио Абадо, Артур Рубинштајн, Владимир Хоровиц, Даниел Баренбојм, Сајмон Ратл, Рикардо Мути, Густаво Дудамел, Ана Софи Мутер, Ланг Ланг, Јо-Јо Ма…), но, и композитори како Јоханес Брамс, Антон Брукнер, Густав Малер и Рихард Штраус кои токму на оваа сцена ги воделе првите изведби на многу од своите музички ремек-дела.

Концертот на Македонската филхармонија во „Музикферајн“ е поддржан и е дел од Годишната програма за 2025 година на Министерството за култура и туризам.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Историски 15 милијарди денари за општините – вистинска поддршка за граѓаните

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ја поздрави одлуката на премиерот Христијан Мицкоски за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални инвестиции во општините, оценувајќи ја како најголема поддршка од централната власт досега.

Со вкупно 15 милијарди денари, општините ќе имаат можност да реализираат значајни проекти од витално значење за граѓаните, вклучувајќи изградба и реконструкција на училишта, градинки, паркови, водоводна и канализациона мрежа. Оваа инвестиција ќе помогне во решавањето на долгогодишните инфраструктурни предизвици ширум државата.

„Со оваа историска инвестиција директно ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните, а Владата покажува дека е вистински партнер на локалната самоуправа, без селекција и поделби. Ова е начинот на кој се сака и се гради татковината“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека при првиот повик биле одобрени 288 проекти за 78 општини, со вкупна вредност од над 73 милиони евра, а дополнително, преку Министерството за транспорт биле обезбедени околу 800 милиони денари за финансирање на локални проекти.

„Првпат во историјата на државата имаме влада и премиер од народот, кој го дава својот последен атом за да помогне на граѓаните. Горд сум што сме сведоци на вистинска промена во интерес на сите“, додаде Ѓорѓиевски.

Тој порача дека граѓаните го препознаваат овој пристап и дека поддршката за реални проекти ќе продолжи со несмалено темпо.

Continue Reading

Македонија

Претседателката како тинејџерка победила на натпревар за Гоце Делчев под шифра ,,Гоце Гога”

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска во Штип каде беше одбележан роденденот на апостолот на македонската револуционерна борба откри дека како како тинејџерка во средно училиште победила на натпревар на есеи во чест на Гоце Делчев.

Сиљановска Давкова на натпреварот победила под шифра ,,Гоце Гога”.

,,Во гимназијата редовно секоја година се организираше натпревар за животот и делото, ама и есеи се пишуваат за Гоце Делчев. Нема да го заборавам моментот кога во гимназијата „Георги Димитров“, директорот дојде и рече на натпреварот републички победил есејот со шифра: Гоце Гога. Се разбира, знаев дека тоа е мојот и реков, тоа е мојот есеј”, изјави во Штип претседателката потсетувајќи се на своите средношколски денови.

Сиљановска Давкова во Штип дојде на покана на ректорот на универзитетот Гоце Делчев Дејан Мираковски и градоначалникот на Штип Иван Јорданов кои се организатори на чествувањето на револуционерот.

Во изјавата за медиумите откако положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев пред истоимениот универзитет претседателката Сиљановска-Давкова зборува што значи Гоце Делчев за Македонците:

,,Се чини дека нема посоодветно место од Свети Спас, ама и од оваа зграда овде за одбележување на 153 години од раѓањето на апостолот Гоце Делчев. Нема посоодветно место за еден универзитет или посоодветно име за еден универзитет и за еден ректорат од Гоце Делчев.

Веројатно во историјата нема да најдете човек за кој толку многу се пишувало, зборувало, толку имиња, не само што се зборувало, туку човек за кој се плачело се радувало…

Мислам дека тоа покажува дека Гоце Делчев е неразделен од македонскиот народ.
Токму затоа и еве 153 години потоа, како да е жив и мислам дека и следните 153 години ќе продолжи таа Гоцева приказна, оти е неразделна од македонскиот народ. 

Она што е восхитувачко за него, а мислам и за нас е ноторниот факт дека учителите, меѓу кои тој е учителот над учителите, најголемиот учител, имале толку голема улога во нашата историја и токму затоа мислам дека овде ми е мене денеска местото, како на учителка .

Се разбира, замислете да имате во време на отоманската империја, мисла, како што е неговата, дека светот го разбира среде војна како културен простор, како поле за културен натпревар на народите е, не само демократска и републиканска порака, туку е веројатно најмирољубивата порака.

Фактот е, дека учителот во него го говори ова, не војоводата. Војводата требало да се избори за простор во којшто неговиот народ ќе може да се натпреварува со останатите, со зборови со знаење, а не со пушки.

Самата јас, се разбира, сум одраснала со Гоце. Мислам дека нема народ во кој има повеќе Гоцевци, или, во овој народ има единствено толку многу Гоцевци.И мојот брат е Гоце.

Секогаш кажувам нешто од мојот ученички живот. Во гимназијата редовно секоја година се организираше натпревар за животот и делото, ама и есеи се пишуваат за Гоце Делчев. Нема да го заборавам моментот кога во гимназијата „Георги Димитров“, директорот дојде и рече на натпреварот републички победил есејот со шифра: Гоце Гога. 

Се разбира, знаев дека тоа е мојот и реков, тоа е мојот есеј.
Значи повторувам дека, аманет ни оставил да се натпреваруваме културно со останатите. Тоа е силата на малите народи, тоа нему му било јасно. И затоа мислам дека неговата мисла, неговото знаење сѐ уште е актуелно. 

Ние немаме друг избор, туку да бидеме горди на фактот што овде врвел, овде од овие прозорци гледал, овде е дел од неговиот живот и како што е ред значи, да нам македонскиот народ, ни стои аманетот. Не можеме да го чествуваме во Кукуш, односно во Килкис, меѓутоа го чествуваме овде и се разбира, неговиот гроб во прекрасниот Свети Спас. Сето тоа мислам дека е нешто што треба да нѐ прави горди на Гоце, бидејќи како што младите велат нели, „Ние сме Гоцеви, Гоце е наш“. Тоа било и ќе биде за век веков.

Затоа неговото раѓање е неразделно од раѓањето, за жал, подоцна, на македонската Република. Затоа и четите имале име Гоце Делчев. Затоа и песните за Гоце Делчев се пееле. Затоа и училиштата и универзитетите и јас сум учела во „Гоце Делчев“ и овде студираат во „Гоце Делчев“. Тоа е нешто што ни е судбина и мислам дека од тоа не се бега”, изјавила Сиљановска Давкова во Штип.

Предходно претседателката заедно со премиерот Мицкоски и државна делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк