Connect with us

Македонија

Објавени деновите кои претстојната 2025 година ќе бидат неработни

Претстојната 2025 година ќе има помалку продолжени викенди од 2024.

За сите граѓани на РМ:

1 јануари (среда), Нова Година,
7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден.
21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
1 мај (четврток), Ден на трудот,
24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
2 август (сабота), Ден на Републиката,
8 септември (понеделник), Ден на независноста,
11 октомври (сабота), Ден на народното востание,
23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ,
19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
1 ноември (сабота), Празникот на сите светци,
25 декември (четврток), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница

22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница

27 јануари (понеделник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница

8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница

23 мај (петок), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница

2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик. 

Advertisement

Македонија

Стабилно време со магла до понеделник, дожд од вторник

До понеделник се очекува стабилно и претежно тивко време низ земјава, со појава на магла во утринските часови и зголемена облачност на некои места.

Утре, 18 декември, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека претпладне на одредени места ќе се појави магла. Ветарот ќе биде слаб и променлив.

Во Скопје се очекува слично време, со претежно тивко време и појава на магла во котлинските делови претпладне.

Стабилното време ќе се задржи до понеделник, а од вторник се најавуваат локални врнежи од дожд.

Continue Reading

Македонија

Над 40 државни институции преминаа на електронско управување со документи

Повеќе од 40 институции во државата веќе го користат националниот Документ менаџмент систем (ДМС), што овозможува побрзи и поефикасни услуги за граѓаните, соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во изјава за медиумите.

Според него, поврзувањето на институциите и општините преку единствен дигитален систем претставува суштинска реформа во функционирањето на државната администрација, со фокус на поедноставени и подостапни јавни услуги.

Андоновски информираше дека за само четири месеци е двојно зголемен бројот на институции кои користат електронска архива и електронски систем за управување со документи. Дополнително, преку државната платформа за интероперабилност, само во ноември биле реализирани 2,6 милиони трансакции, што претставува значителен раст во однос на просекот во текот на 2024 година.

Министерот посочи и дека за 20 проценти е зголемен бројот на институции и компании приклучени на платформата за интероперабилност, што директно придонесува за намалување на административните процедури и потребата граѓаните да доставуваат документи од една до друга институција.

„Овие резултати значат помалку хартија, помалку чекање и помалку простор за корупција. Дигиталната трансформација не ја третираме како ИТ-проект, туку како реформа во корист на граѓаните, со јасни и фер процедури“, истакна Андоновски.

Тој додаде дека целта е институциите да функционираат брзо, разбирливо и еднакво за сите, а Министерството за дигитална трансформација останува посветено принципот „граѓаните на прво место“ да стане стандард во работењето на државата преку конкретни и мерливи резултати.

Continue Reading

Македонија

Собранието ги усвои клучните закони за проектот „Безбеден град“

Собранието во рамки на попладневниот дел на 76. седница без расправа ги донесе измените и дополнувањата на повеќе закони кои се дел од пакетот потребен за целосно функционирање на системот „Безбеден град“. Со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, пратениците усвоија измени на Законот за извршување на санкциите, Законот за полиција, Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека законот е дел од шесте законски измени кои обезбедуваат имплементација на еден од најзначајните проекти во историјата на Македонија, кој започна пред неколку недели и практично ќе стартува од 1 февруари.

Законот за прекршоци, исто така дел од пакетот, воведува посебна постапка за прекршоци констатирани со технички средства и уреди за снимање, вклучително електронска достава преку текстуални пораки или е-пошта, 50% намалување на глобата при доброволно плаќање во рок од осум дена, како и автоматско суспендирање на возачката дозвола по акумулирање на три забрани во четири години. Пратеничката Моника Трајанова од ВМРО-ДПМНЕ објасни дека измените ќе го зголемат ефектот на превенцијата, ќе намалат административни трошоци и ќе ја зголемат ефикасноста на постапките.

Стојановски додаде дека законите овозможуваат одземање на возило на несовесни возачи, како и подобрување на процесот на издавање возачки дозволи, со зголемена транспарентност и контрола врз членовите на комисијата која ги доделува дозволите.

Во рамки на истата седница, пратениците го усвоија и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, исто така по скратена постапка, со што се овозможува поефикасно реализирање на инфраструктурни и други јавни проекти.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг