Преговорите за пристапување на Србија кон Европската Унија, започнати во 2014 година, се многу бавни. Годините минуваат, ветувањата остануваат неисполнети, а виталните реформи се. На Европската Унија ѝ е преку глава, па сега со зголемен притисок бара од Белград конечно да докаже вистинска посветеност.
Пораката беше јасна како ден: „Очекуваме Србија да покаже посветеност, со дела како и со зборови“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на Белград на 15 октомври.
Овој остар тон беше дел од нејзината турнеја низ Западен Балкан, наменета за инспекција на напредокот на земјите кандидати. Истиот ден, Фон дер Лајен му испрати отворена покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ, да допатува во Брисел еден месец подоцна, за заедно да направат „биланс“.
Долгоочекуваната средба била дискретно одложена. Причината била наводно дека Србија немала значаен напредок што би го претставила пред европските лидери.
Сепак, конечно има термин: во вторникот (9.12) беше потврдено дека претседателот Вучиќ денес патува за Брисел на средба со врвот на ЕУ – Урсула фон дер Лајен од Европската комисија и Антонио Кошта од Европскиот совет.
ЕУ не само што е уморна од чекање, туку има и јасно дефинирани барања.
Немања Тодоровиќ Стиплија, главен уредник на порталот European Western Balkans, истакнува дека Европската комисија и Европскиот совет го сведоа напредокот на Србија на три клучни теста: подобрување на медиумската слобода, обезбедување слободни и фер избори и целосно усогласување на надворешната политика на Србија со онаа на ЕУ.
Дополнително, портпарол на Европската Комисијата потврди дека ова не е сѐ. Од Србија се бара да вложи повеќе напор и да направи компромиси за да го унапреди нормализирањето на односите со Косово и да се справи со дезинформации и странска манипулација со информации.
На крај, Брисел јасно бара стратешка гаранција од Белград:
„Србија треба да ги засили своите напори кон постабилно и повисоко усогласување и да нè увери во нејзината стратешка насока, вклучително и преку усогласување со рестриктивните мерки на ЕУ донесени поради агресивната војна на Русија против Украина.“
Вучиќ во Брисел нема да има лесна средба. Времето за зборови е завршено – сега на маса се бараат дела.
Остатокот од веста може да го прочитате на: Може ли Србија да покаже на ЕУ дека е сериозна за реформите? – DW – 10.12.2025