Connect with us

Македонија

Општина Битола со повеќе настани ќе го одбележи денот на ослободувањето на градот

Со параглајдинг во чест на „4 Ноември“ во организација на Параглајдинг клуб „Летечки конзули“, од 26 октомври, започнаа програмските активности за одбележување на 80 годишнината од ослободувањето на Битола. Активностите продолжуваат на 30 октомври со отворање на фестивалот на „Мала школа за краток филм“ во Центарот за култура и полуфинале на „4 Ноемвриски турнир во куглање“ во организација на кугларскиот клуб „Пелистер 1982“ и Кугларски клуб „Пелистер Пин“. На 31 октомври во 19:00 часот, во организација на Македонско – турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“, во Кино Манаки ќе биде прикажан филмот „80 години слободна Битола“.

На први ноември, во Офицерскиот дом ќе се одржи ликовна работилница за деца на тема „Битола е инспирација“ – 80 метри слика за 80 години слобода на градот, а во истиот термин во ресторан Премир центар ќе се одржи Шаховски турнир за слепи лица. Во 12:00 часот во организација на Младинскиот културен центар, во соработка со Локалниот економско социјален совет во 12:00 часот во хотел „Милениум“, ќе се одржи јавна дискусија на тема „Праведна и зелена транзиција за Битола“. Во 17:00 часот најмладите од ЈОУДГ ќе бидат дел од настанот „Битола низ детските очи“, а во 19:00 часот во малата сала на Центарот за култура ќе биде отворен Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“.

На втори ноември ќе биде организирана ОФФ Роуд тура по повод ослободувањето на град Битола, а планирани се две изложби: „Изложба на 80 метарско платно со ликовни творби“ во Офицерски дом и „Блиски сеќавања од Битола“ – изложба на фотографија.

На трети ноември дел од програмата е традиционалната ноќна атлетска трка „4 Ноември“, во организација на Сојузот на спортови.

На 4 Ноември, активностите започнуваат од 10:00 часот со оддавање почит на загинатите борци пред споменикот на Плоштадот Гоце Делчев, а во духот на хуманоста програмата продолжува со Крводарителска акција наменета за вработените во Општина Битола. Повеќе делегации од збратимените градови, по повод празникот ќе гостуваат во Битола, а Свечената академија за доделување на Наградите „4 Ноември“ ќе понуди настан за паметење во Центарот за култура од 19:00 часот. На празникот на градот, подрачното одделение на Државниот архив во Офицерскиот дом во 20:30 ќе ја отвори изложбата „Битола – слободна“.

Културните настани збогатени со квалитетни содржини ќе продолжат до 14 ноември, со прекрасна понуда за публиката во чест на 80 годишнината од ослободувањето на Битола, најави општината.

Advertisement

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг