На 29.10.2024 во 13.30 часот во ПО-Групчин Ј.А.(47) од с. Желино, одговорно лице во правен субјект од с. Желино, пријавил дека истиот ден, во непознат правец си заминале седум работници од Бангладеш, кои од 18.09.2024 година биле дојдени за работа со виза издадена од Р. Северна Македонија, со цел да работат во нивната фирма. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
