Connect with us

Македонија

Советот за женско претприемништво во Битола одбележа една година од своето формирање

Советот за женско претприемништво на општина Битола, синоќа во Белата Куќа хотел бистро, свечено ја одбележа годишнината од формирањето на тема: „Лидери на промените: Вечер со жени во бизнисот“.

Настанот имаше за цел да ја промовира креативноста на жените кои работат со цветни аранжмани, декорации, кетеринг, пекарски производи, торти, колачи и еколошки декоративни свеќи. Сопственичките на цвеќарите Витраж, Гондола, Креимисимо, Мирјантон и Студио декор ЕКВ, со своите цветни декорации дадоа креативна но, гламурозна димензија на просторот. Прекрасно изработените креации на масите го покажаа нивниот претприемачки дух кој им овозможува да останат конкурентни на пазарот. Своите пекарски производи на настанот ги престави пекарата МИ ГО Ком, а прекрасните колачи и чоколадни бомбони ги презентираа слаткарницата Мариели и чоколадни бомбони Сиси. Успешната приказна за кетеринг пред присутните ја сподели сопственичката на пицеријата Метро. Поддржувачи на настаните на Советот за женско претприемништво беа неколку компании: Вемилк, Графо Пром и Голд Фелиција. Една интересна успешна приказна од циркуларната економија ја претстави ММ Креатионс која многу успешно изработува еколошки декоративни свеќи.

Настанот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски кој ги поздрави присутните и го изрази задоволството од начинот на кој се промовира и поттикнува претприемачкиот дух и иницијатива кај жените во општина Битола. Градоначалникот истакна дека на ваков начин, преку ваквите промоции се поттикнуваат и охрабруваат жените да отворат свој сопствен бизнис. Исто така, истакна дека општина Битола и понатаму ќе продолжи да го поддржува ваквиот начин на промоција на женското претприемништво во Битола.
На настанот, исто така, присутните ги поздрави и претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, која ја истакна важноста за поддршка на жените претприемачи во Битола. Според Илиевска, Битола изобилува со инспиративни приказни, а дел од нив ги видовме преку декорациите за кои се погрижија жени. Модератор на настанот беше проф.д-р Моника Марковска, потпреседател на Советот на женско претприемништво на општина Битола, а поздравен говор имаше и претседателката на Советот на женско претприемништво д-р Ана Ристевска која ги истакна сите настани во изминатиот период кои ги реализираше советот, како и плановите за идни активности кои ќе се спроведуваат во наредниот период, а се во насока на поддршка на женското претприемништво во нашиот град и негова промоција.

Жените кои се погрижија да го разубават секој момент од настанот, синоќа покажаа дека претприемачите се личности кои се храбри да преземат ризик за да можат својата идеја да ја претворат во реалност. Но, тоа немаше да биде толку убаво ако не ги поседуваат потребните карактеристики на личноста која има свој сопствен бизнис како: визија, поседување знаења и вештини, храброст и флексибилност, самодоверба, одлучност, енергија, доследност, оптимизам, иницијатива, иновативност и креативност, ориентираност кон резултати итн.

Македонија

Над 3 милиони ноќевања годинава – континуиран раст на бројот на странски туристи во земјава

Туристичкиот сектор бележи позитивен тренд, покажуваат најновите податоци за годинава, според кои се остварени повеќе од 3 милиони ноќевања, со забележлив пораст на бројот на странски туристи во земјава.

Според официјалната статистика, зголемувањето на ноќевањата е резултат на поголемиот прилив на гости од странство, што укажува на зајакнат интерес за Македонија како туристичка дестинација. Позитивниот тренд се должи на подобрената туристичка понуда, зголемената авионска поврзаност и засилената промоција на земјата на меѓународните пазари.

Најголем дел од странските туристи доаѓаат од европските земји, а посебен раст е забележан во градскиот, културниот и езерскиот туризам. Надлежните институции оценуваат дека ваквите резултати се охрабрувачки и претставуваат добра основа за понатамошен развој на туризмот.

Се очекува позитивниот тренд да продолжи и во наредниот период, со дополнителни активности за подобрување на туристичката инфраструктура и зголемување на квалитетот на услугите, со цел земјата да се позиционира како атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот.

Continue Reading

Македонија

Екс-правобранителот  Фехми Стафа приведен за мито – барал 100.000 евра, фатен со 50.000

Поранешен државен правобранител е уапсен поради сомнежи за примање мито, откако бил фатен со дел од побараната сума во негово поседување, соопштија надлежните истражни органи.

Според објавените информации, правобранителот се сомничи дека побарал мито од 100.000 евра во замена за поволно уредување на службени активности. При акцијата на полицијата, тој бил фатен додека држел 50.000 евра, што претставува дел од побараните средства.

Надлежните органи потврдуваат дека случајот е во фаза на истрага, а против екс-правобранителот ќе биде подготвена соодветна кривична пријава. При приведувањето биле обезбедени и други материјални докази што ќе бидат дел од доказната постапка.

Од истрагата информираат дека овој случај еден од повеќето што ги третираат злоупотребите на службената положба и корупцијата во јавните институции, со цел да се испрати јасна порака дека недозволиви практики нема да бидат толерирани.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а во наредните денови обвинителството ќе се изјасни за понатамошните мерки и евентуални притворски предлози.

Continue Reading

Македонија

И следната недела со невообичаено високи температури за овој период

Невообичаено топлото време ќе продолжи и во текот на следната недела, најавуваат метеоролозите. Според прогнозите, температурите ќе останат значително над просекот за овој период од годината, со стабилни временски услови и без поголеми заладувања.

Во поголем дел од земјата се очекува претежно сончево време со умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од двоцифрени вредности, што е нетипично за средината на зимската сезона. Утринските часови ќе бидат посвежи, но без појава на екстремно ниски температури.

Метеоролозите посочуваат дека ваквите временски услови се резултат на стабилна воздушна маса и отсуство на студени фронтови од север. Засега нема најави за значителни врнежи од снег или дожд, ниту за нагло влошување на времето.

Иако ваквото време е поволно за секојдневните активности, експертите предупредуваат дека долготрајните повисоки температури во зимскиот период можат да имаат влијание врз природата и земјоделството, особено врз вегетацијата.

Подетални и редовно ажурирани информации за временската состојба граѓаните можат да следат преку официјалните метеоролошки служби.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг