Connect with us

Македонија

ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа домаќини на 23-тиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет со ЕУ

Претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски, најави дека Македонија била домаќин на 23-тиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) меѓу Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија. Настанот се одржа во Скопје и е дел од напорите за јакнење на дијалогот меѓу локалните власти на Македонија и ЕУ, со цел приближување кон европските стандарди и практики.

На состанокот, како гости присуствуваа шефот на Европската делегација Стефан Худолин, претседателката на Комисијата за државјанство и институционални работи при Европскиот комитет, Патрик Молиноз, и заменик министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасијевиќ Варџински.

Ѓорѓиевски ги информираше присутните за важноста на локалните власти во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, нагласувајќи дека 70% од европското законодавство се имплементира на локално ниво. Тој истакна и дека, и покрај напорите за реформи, земјата е соочена со блокади и предизвици во процесот на европската интеграција поради билатералниот спор со Бугарија, кој, според него, внесува непотребни условувања.

Министерот потсети дека Владата веќе ја зголемила поддршката кон општините преку инфраструктурни проекти и најави дека како приоритет се поставени реформите за воведување комунална полиција и дигитални услуги за граѓаните.

„Македонија и нашиот народ заслужуваат европски стандарди и најдобри услови за живот“, рече Ѓорѓиевски, изразувајќи оптимизам дека земјата ќе успее да ги надмине пречките на патот кон ЕУ.

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг