Connect with us

Спорт

Еурофарм Пелистер со прва победа во Лигата на шампиони, ја победија Фредериција во Данска

Фредериција – Еурофарм Пелистер 23:25 (12:9)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Данска ја забележаа првата победа во Лигата на шампиони, го победија домаќинот, екипата на Фредериција со резултат 23:25, во натпреавр во кој го надигра данскиот тим, а посебно се истакна Митревски со 15 одбрани. 

Еурофарм Пелистер тргна со негатива почетокот на натреварот со 3:1. Пелистер играше подобро во одбраната, отколку во нападот, па при 5:5 пропушти две шанси за водство. Битолчани стигнаа до израмнување во 21. минута (8:8), но Фредериција на одмор замина со 12:9.

Вториот дел донесе подобра игра во нападот Еурофарм Пелистер израмни уште во 34. минута, а потоа и поведе 13:14, а потоа и 16:19 во 46. минута. Во последните десет минути се влезе со прекрасна одбрана на Митревски и два блесоци на Павле Атанасијевиќ за +4  во 51. минута. Данците намалија на 19:21, а потоа дојдоа до -1 во 56. минута. Пешевски од пивотменската позиција погоди за 21:23 во 58. минута. Следеше уште една одбрана на Митревски и гол на Нејц Цехте за 21:24. Без драма македонскиот шампион славеше со 23:25 и со првата победа во сезоната ги зголеми своите шанси за осминафинале. 

Advertisement

Спорт

Астон Вила го преслуша Манчестер Јунајтед на „Вила Парк“

Aston Villa оствари значајна победа од 2:1 против Manchester United во натпревар од 17. коло во Premier League, одигран на „Вила Парк“.


Домашниот тим поведе пред крајот на првото полувреме кога Морган Роџерс погоди во 45. минута, по асистенција на Мекгин. „Црвените ѓаволи“ возвратија во судиското продолжение од првиот дел, кога Матеус Куња израмни на 1:1.


Во второто полувреме, Вила повторно ја презеде иницијативата, а повторно стрелец беше Роџерс, кој во 58. минута го постигна победничкиот гол по додавање од Оли Воткинс. До крајот на мечот Манчестер Јунајтед не успеа да се врати во игра, иако се обиде со неколку измени и офанзивен притисок.


Гостите добија и две жолти картони, на Угарте и Далот, што дополнително го отежна нивниот обид за пресврт.


Со оваа победа, Астон Вила продолжува со добрата форма на домашен терен и останува во чекор со екипите од горниот дел на табелата, додека Манчестер Јунајтед запиша уште еден неуспех во борбата за стабилност сезонава.

Continue Reading

Спорт

Македонија стана полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација

Македонската ракометна федерација (РФМ) денеска објави дека нашата земја е примена како полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација. Досега Македонија имаше статус на придружна членка.

Одлуката беше донесена на седмиот конгрес на Медитеранската конфедерација, кој се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во Каиро, Египет.

Следната година македонските ракометарки и ракометари ќе имаат активна улога на меѓународната сцена. Пионерките ќе учествуваат на Медитеранскиот шампионат во февруари во Приштина, додека кадетите ќе настапат во април во Словачка. Сениорите ќе се борат за медалите на Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: Посетата на Мамадов отвора нова фаза за македонскиот фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани Инфантино.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека посетата на Мамадов претставува силна потврда за одличната соработка со ФИФА и континуираната поддршка што федерацијата ја добива во реализацијата на стратешките цели, со посебен акцент на инфраструктурата и зајакнувањето на националните селекции.

Омерагиќ најави дека веќе се договара и посета на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во првата половина на 2026 година, што дополнително ќе ја зацврсти соработката и ќе отвори нови можности за развој на македонскиот фудбал.

Тој нагласи дека ФФМ останува целосно посветена на принципите што се од клучно значење за ФИФА – транспарентност, одговорност и долгорочен развој на фудбалот на сите нивоа во Македонија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг