Connect with us

Македонија

Меџити му одговори на Али Ахмети: ДУИ нека се подготви да биде уште долго време во опозиција

Published

on

На барањето на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, заедно со локалните избори наредната година да се одржат и парламентарни, му одговори првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити.

Според Меџити, ДУИ нека се подготви да биде уште долго време во опозиција.

“Наместо да се претставува како некој голем фактор на политичката сцена, ДУИ би било подобро да се врати на внатрешните реформи и да ги исчисти своите редови од организираниот криминал и корупцијата.

„Пред да закажува мегдани, ДУИ би било добро да му одговори на јавноста:• каква понуда содржат СМС пораките кои му ги испратиле на премиерот Мицковски во времето кога се преговараше за новата влада?! • каква понуда ставија на маса во соба 161 во Парламентот емисарите на Европскиот фронт додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преговараа за новиот владин кабинет?! • дали е точно дека само две министерства и дека претседателот на парламентот не беше понудата на ДУИ за ВМРО само за да бидат повторно во Владата?!

Ова се прашањата на кои јавноста очекува одговори од ДУИ. Поттикнувачката реторика и фолклорот се сценарио веќе познато и прочитано од сите. Сѐ што донела таа реторика е зајакнување на екстремизмот и етно-националистичкиот сентимент изразен преку гласот. Затоа сте смешни и ништо повеќе“, напиша Меџити.

Македонија

Маж и жена краделе од гробот на Ѓорѓи Ѓорѓиев – тапанар од групата ДНК

Published

on

На социјалните мрежи објавени се две лица, маж и жена кои краделе на гробот на починатиот Ѓорѓи Ѓорѓиев, тапанар од групата ДНК.

Како бе вака? Каде бе вака? Имате ли свест, совест, имате ли жал и сочувство? Малку ли им беше тагата на Ѓоргиеви, па на огнот да се дотура бензин? Два дена по ред машко и женско лице крадат од гробот на Ѓорѓи. Украдени се ангелчиња украси, цвеќињата, ја украле водата па дури и метлата…

Оставете ги луѓето достоинствено да тагуваат по чедото. Срамота, голема срамота…до таму стигнала работата да се нема грам човечност веќе!

Лицата се откриени од СВР-Струмица.

Continue Reading

Македонија

Проблеми со IPTV сервисот на Телеком

Published

on

Корисниците на Македонски Телеком пријавуваат проблеми со функционирањето на IPTV сервисот. Од компанијата потврдуваат дека станува збор за глобален технички проблем и работат на негово отстранување. Засега нема информации кога услугата ќе биде целосно нормализирана.

Continue Reading

Македонија

ЈОРСМ: Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица

Published

on

МВР во координација со Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја проширија истрагата во врска со  пожарот во кочанската дискотека на нови 19 лица. Сите тие се осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.

Државното обвинителство вечерва информира дека станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 година до 16 март 2025 „заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи размери“.

„Меѓу новите осомничени се овластени градежни инспектори во Општина Кочани, директори и генерален инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, министри за економија, државни секретари и други службени лица од тоа министерство, како и инспектори од Државниот пазарен инспекторат. Постојат сомненија дека нивните незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабаре Клуб Пулс во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот. Како резултат на тоа, при користење на пиротехнички средства на 16 март 2025 година, за време на настапот на музичката група ДНК, бил предизвикан пожар во кој настапила смрт на 61 лице меѓу кои шест деца, а биле повредени уште 197 лица од кои 25 деца“, информира ЈОРСМ.

Соопштува и дека до крајот на денов, Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд во Кочани ќе достави предлози за определување соодветни мерки за обезбедување на присуството на секој од новоосомничените.

„Со ова, до овој момент, кочанското обвинителство во врска со пожарот поведе истрага против вкупно 45 физички и три правни лица. Еден од нив, по отворањето на истрагата почина како последица на повредите здобиени во пожарот и од тие причини, по целосно прибавување на медицинската документација, постапката за него ќе биде запрена“, се наведува во вечерашното соопштение на државното Јавно обвинителство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк