„Нискоградба“ Битола му даде нов лик и функција на мостот на реката Драгар кај „Рибарниците“ во Битола. Стариот железен мост, кој со години наназад беше запуштен и во лоша состојба сега е комплетно обновен, со нова дрвена подлога и конструкција. Ова е втор мост на реката Драгор, по оној во наслебата Кланица обновен од ЈП „Нискоградба“ Битола во последниот период.
