Connect with us

Балкан

Од пазарот во БиХ се повлекуваат неколку видови сокови произведени во Австрија

Published

on

Агенцијата за безбедност на храна на БиХ беше информирана преку Системот за брзо предупредување за храна и добиточна храна (РАССФ) дека на пазарот во БиХ се испорачуваат безалкохолни пијалаци со потекло од Австрија, кои се повлекуваат од пазарот во неколку земји поради поради сомнение дека содржат метални парчиња, пишуваат медиумите во Босна и Херцеговина

Ова се следните производи на Кока-Кола (Кока-Кола, Кока-Кола Зеро, Кока-Кола Зеро Лимон, Кока-Кола Зеро Цукер нула кофеин, Кока-Кола Лајт), Фанта (Фанта портокал, Фанта портокал Зеро, Фанта лимон Зеро. Пакувањето е пластично, а тежината на волуменот е 0,5 литри.

Сите достапни информации за производот, во согласност со важечките прописи, беа доставени за понатамошно постапување до соодветните инспекциски тела во Босна и Херцеговина, од кои беше побарано да преземат мерки и да пријават до Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина.

Балкан

Драма во Белград: Дојавата за бомба го потресе српското собрание!

Published

on

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека вечерва околу 20.47 часот полицијата добила дојава за поставена бомба во Народното собрание.

„Вечерва околу 20 часот и 47 минути е пријавена бомба во системот 192 во Народното собрание. На местото на настанот веднаш се испратени контрадиверзантски екипи кои ќе извршат целосен увид на овој објект“, изјави министерот Дачиќ.

Вечерва заврши бурната седница на српското Собрание, а членовите на Управата за криминалистичка полиција ќе спроведат увид на лице место откако три пратенички беа повредени, од кои едната доби и мозочен удар, кога пратениците од опозицијата за време на седницата фрлаа димни бомби, јајца, започнаа тепачка и запалија ракети.

Continue Reading

Балкан

Паника во Бугарија: Безбедносен аларм по стопирањето на американската воена помош за Украина!

Published

on

Покрај постојаните членови на Советот за безбеднос,бугарскиот премиер Росен Желјзаков ги покани и претседателите на сите пратенички групи.

Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков за денеска попладне свика седница на Советот за безбедност на тема „Преглед и анализа на актуелната геополитичка ситуација и ризиците по националната безбедност“.

Покрај постојаните членови на Советот, Желјзаков ги покани и претседателите на сите пратенички групи.

Седницата е закажана откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа привремено ја суспендира целата воена помош за Украина.

Continue Reading

Балкан

Стојко Стојков, Омо Илинден: Очекуваме македонските власти на следниот попис во Бугарија да се изборат за графа Македонец

Published

on

Нашите организации продолжуваат да се борат за својата регистрација. Продолжуваат да одржува свој културен живот. Се води активна борба за малцински права – во Судот во Стразбур изјави Стојков за Локално

ОМО ,,Илинден-ПИРИН’’ поддржува евроинтеграции но под достоинствени услови и без понижувања и ставање во прашање на македонскиот идентитет или официјални откажувања од македонското малцинство во Бугарија, изјави  за Локално универзитетскиот професор и член на партијата на Македонците во Бугарија Омо ,,Илинден-ПИРИН’’, Стојко Стојков. Според Стојков, новата македонска влада ужива симпатии кај македонците во источниот сосед, за разлика од претходната власт која направила штетни компромиси на сметка на македонското малцинство во Бугарија.

,,Ние во ОМО „Илинден“-ПИРИН, како партија, секогаш сме поддржувале евроинтеграција на Македонија при достоинствени услови, а не преку понижување и ставање под прашање на македонскиот идентитет или официјално откажување од македонското малцинство во Бугарија. Што се однесува до настроенијата меѓу Македонците во Бугарија – новата македонска влада ужива силни симпатии. За жал претходната влада направи некои исклучително штетни компромиси, кои максимално ги охрабрија антимакедонските кругови и политика во Бугарија. После тоа за извесно време единствената македонска политика што не би ги влошувала односите би била само предавничка политика. Затоа јас не очекувам некое осетно подобрување во непосредна иднина. Треба да помине време штетните ефекти на претходната политика да ослабнат и во Бугарија да се намали надежта за бугаризација на Македонија. Тогаш ќе може да се зборува за подобрување на односите на рамноправна основа’’ изјави Стојков.

Стојков потенцира дека македонците во Бугарија очекуваат од властите во Македонија цврсти ставови во врска со нивните права кои источниот сосед им ги оспорува, како и укинување на одлуката на парламентот и Уставниот суд во Софија според која  не постои македонско малцинство,  но и да изнајдат механизми со кои ќе се изборат во најмала мера на следниот попис во Бугарија да има графа Македонец, како и Македонец кој ќе биде претставник во пописната комисијата за малцинства

‘’Од една страна – очекуваме владата да не дозволува играње со македонскиот идентитет. Од друга да го постави прашањето за реципрочност во правата на двете малцинства. Ако бугарските власти „не можат“ да го стават македонското малцинство во Уставот, секако можат за почеток да ги укинат одлуките на парламентот и Уставниот суд според кои не постои македонско малцинство во Бугарија, официјално да признаат дека има такво, да ги регистрираат нашите организации, да стават графа „Македонец“ на пописот и Македонец претставник во комисијата за малцинствата. Еве нешто што можат да го направат. Бугарската власт реагира како што може да се очекува: реагира и ќе реагира негативно на секоја македонска политика освен политика на откажување од македонскиот идентитет и од македонското малцинство во Бугарија. Единствен начин да има добрососедство во иднина е од македонска страна да има постојана пријателска но многу стриктна политика во однос на секакви побарувања спрема македонскиот идентитет. Само кога во Бугарија ќе се убедат дека таквата нивна политика нема иднина и само ги влошува односите, само тогаш можеме да се надеваме таа политика да биде напуштена и со неа да исчезне коренот на сите проблеми меѓу двете земји – а тоа е имено оспорувањето на македонската нација, јазик, историја, малцинство од страна на Бугарија. Тоа треба да е долгорочната добрососедска цел на македонската политика во однос на Бугарија. Секоја друга стратегија не осудува не недоглед од кризи и проблеми,, изјави Стојков.

На прашање што преземаат Македонците во Бугарија во врска со македонското прашање, Стојков одговори дека тие со децении се борат за нивните права, додека македонските организации борбата за рамноправност, како што е веќе познато ја бараа и во Судот во Стразбур.

‘’Нашите организации продолжуваат да се борат за својата регистрација. Продолжуваат да одржува свој културен живот преку правење на собори и други културни активности. Се води активна борба за малцински права – во Судот во Стразбур, во Комитетот на министрите, во други меѓународни институции. Сега се завршува редовниот годишен извештај за положбата на македонското малцинство во Бугарија за 2024 г. и т.н,, завршува Стојков.

Извор: lokalno.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк