Connect with us

Македонија

Поради Задушница, ЈСП утре ќе сообраќа со повеќе автобуси кон Гробиштата Бутел

Published

on

ЈСП Скопје информира дека поради верскиот празник Задушница, утре, сабота на редовните линии 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

ВОЗЕН РЕД – 2.11.2024 год. (сабота)

Линија 59

Од Карпош 3: 6.20 ч, 7 ч, 7.50 ч, 8.10 ч, 8.35 ч, 9.20 ч, 9.40 ч, 10.05 ч, 10.50 ч, 11.10 ч, 11.35 ч, 12.20 ч, 12.40 ч, 13.50 ч, 15.20 ч, 16.50 ч, 18.15 ч.
Од Кучевишка бара (Гробишта Бутел): 5.35 ч, 7.05 ч, 7.45 ч, 8.35 ч, 8.55 ч, 9.20 ч, 10.05 ч, 10.25 ч, 10.45 ч, 11.35 ч, 11.55 ч, 12.20 ч, 13.05 ч, 13.25 ч, 14.35 ч, 16.05 ч, 17.30 ч, 19.05 ч.

Линија 59 А

Од Ново Лисиче: 7.10 ч, 7.40 ч, 8.25 ч, 8.40 ч, 9.10 ч, 10.10 ч, 10.40 ч, 11.10 ч, 11.40 ч, 12.10 ч.
Од Гробишта Бутел: 7.55 ч, 8.25 ч, 9.25 ч, 9.55 ч, 10.30 ч, 10.55 ч, 11.25 ч, 12.25 ч, 12.55 ч, 13.25 ч.

Линија 59 Б

Од Кисела Вода: 7.10 ч, 8.50 ч, 9.50 ч, 10.30 ч, 12.10 ч, 12.40 ч.
Од Гробишта Бутел: 8 ч, 9.10 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 11.55 ч, 13 ч.

Македонија

МВР и Јавното обвинителство потврдија дека во тек е голема меѓународна полициска акција

Published

on

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на земјава, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите.

– Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста, велат од Јавното обвинителство.

И од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека во тек е полициска акција, но повеќе информации најавуваат по завршување на акцијата.

Според дел од медиумите, се работи за акција за откривање и запленување на фалсификувани пари.

Continue Reading

Македонија

Сестрата на Фросина бара да одговараат судијката и таткото на возачот – не изразиле ниту сочувство

Published

on

Бараме да одговара и таткото на убиецот и судијката кои наместо да изразат сочувство, кукавички бришат профили, рече Росица, сестрата на загинатата Фросина Кулакова, на денешниот протест во Кавадарци.

– Оној што не успеал да го воспита сопствениот наследник да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата. Напротив, ваквите лица не смеат да добијат јавна функција. Ние за Фросина бараме правда, не само од убиецот, бараме да одговара и татко му Зоран Јованов и од судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа јавно да изразат сочувство за семејството, туку кукавички се кријат и бришат профили. Правда за Фросина мора да има – порача Росица, објави Макфакс.

Вториот собир ќе се одржи денеска во 17 часот пред Универзалната сала во Скопје.

Continue Reading

Македонија

Маж во 3 часот по полноќ под дејство на алкохол и бегал на полицијата

Published

on

policija

Ноќеска во 03:30 часот, на улицата „Егејска“ во Охрид, лишен од слобода бил 42-годишен жител на село Долно Лакочереј.

Тој претходно, на улицата „Железничка“ управувајќи џип со охридски регистарски ознаки, не застанал и избегал од полициската патрола која се обидела да го сопре возилото. Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Егејска“ при што било констатирано дека тој, моторното возило го управувал под дејство на алкохол, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицето е исклучено од сообраќај и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк