Семејна драма: Приведена тетовка по пријава од сопругот

На 01.11.2024 година во 00:00 часот во Тетово на улица ,,Радован Цонич“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода А.Б.(53) од Тетово, затоа што била пријавена од нејзиниот 66-годишен сопруг, дека претходниот ден околу 17.30 часот во нивниот семеен дом, истата физички ја нападнал нивната малолетна ќерка, а при нападот истата зела и остар предмет, кој при обид да му биде одземено од рацете, нејзиниот син се пресекол. Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе следува соодветен поднесок.