По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември, како дел од програмата за одбележување на овој значаен датум, синоќа беше отворено 32 издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски ги поздрави присутните со свое обраќање за значењето на делото на Браќата Манаки и филмската дејност за Битола.
Од избраните филмови во официјална конкуренција, а според Правилникот и пропозициите жирито ги додели следните награди:
ГРАН ПРИ наградата „Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалот му се доделува на филмот „ФОРМУЛА НА ЉУБОВТА“ на авторите Ноела Нечкоска & Рената Петревска-Нечкоска од Република Македонија
„ЗЛАТНА КАМЕРА 300“ за филмот „МОЈОТ СОНЧЕВ СОН ЈА ЧЕКА ВЕЧНОСТА…“ од авторот Славен Костов од Бугарија.
„СРЕБРЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „ЈУБИЛЕЈ“ на авторот Бојан Петровски од Шведска
„БРОНЗЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „ПРИКАЗНА ОД КОМАНГУЕ“ од авторот Јирген Ричарс од Германија.
СРЕБРЕН МЕДАЛ НА UNICA му се доделува на филмот „ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА“ од авторот Диме Талевски од Македонија.
ПЛАКЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА НАЈДОБРА КАМЕРА на авторот Дејан Младеновиќ од Македонија, за филмот „ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ДИМЧЕ МИНОВСКИ“.
ПЛАКЕТА ЗА РЕЖИЈА „ДРАГИ САВЕВСКИ“ на авторот Николај Скерлев од Бугарија за филмот „КУТИЈА ОД СОНИШТАТА“.
ПЛАКЕТА ЗА МОНТАЖА на авторот Бојан Петровски од Шведска, за филмот „ЈУБИЛЕЈ“.
ПЛАКЕТА ЗА ИДЕЈА „СТЕВО СИДОВСКИ- СИДО“ на авторите Миа Панов & Дејан Панов од Македонија, за филмовите „БРОДОТ ТИТОВ ВЕЛЕС“ и „ИЛИНДЕНКА“
ПЛАКЕТА ЗА РЕПОРТАЖА на авторот Љупчо Паунковски од Република Македонија за филмот „ОХРИДСКИТЕ ПЛИВАЧКИ ЛЕГЕНДИ“. Стручното жири одлучи да бидат доделени и Специјални награди-плакети:
На авторите Нико Вестерхоф и Маршал Усингер од Холандија за филмот „ПОСЛЕДНИТЕ ДОМОВИ НА БЕРГЕРВЕСИ“.
На авторот Николја Скерлев од Бугарија за филмот „БЕСМРТНОСТ НА КАМЕН“
Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за МТВ од Њујорк беше запрашан дали поканата која ја добил за присуство на настанот од инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамнп во Вашингтон била добиена „по приватни канали“ и скапоплатена од специјализирана агенција, или пак ја добил официјално по иницијатива од САД. Вели поканата не е најважното нешто, туку инвестиции во Македонија кои таа посета ќе ги донесе. Според него допрва ќе бидат објавувани кои се бенифициите за земјата од посетата на САД.
-Видете јас ги следам случувањата дома, и тоа што го прави опозицијата за мене е разбирливо. Тие сакаат тема од оваа посета да биде поканата. Но, суштината од посетата ќе ја гледаат допрва во периодот што следи.
Факт е дека како и секоја церемонија на инаугурација на претседател на САД е да биде на истото место – прво во ротондата во самиот Конгрес, а вториот дел е таму кај што го држеше говорот претседателот Трамп во салата на Вашингтон Визардс, каде јас бев во апартманскиот дел. Тоа беше голема чест што присуствувам на тој настан, а се друго оставам на политичкиот фолклор, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека во ВИП-просторот го следел настанот заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, и со сопственикот на НБА-клубот Шарлот Хорнетс, кој како што рече тој, е милијардер кој се бавел со продажба на недвижнини.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која ја информираше за економските состојби и очекувања, согласно макроекономските проекции на Народната банка.
На средбата беше констатирано дека ценовната и финансиската стабилност се темелите на здравата економија, во која инвестициите и бизнисите можат да напредуваат и дека без нив економијата е чувствителна на шокови коишто го нарушуваат растот и ја намалуваат довербата на јавноста во финансиските системи. Во таа насока, беше истакнато дека преку политиките и мерките на Народната банка за задржување на ценовната и финансиската стабилност, се обезбедува одржлив економски раст.
Имајќи ја предвид клучната улога на Народната банка во заштитата на овие фундаменти, како суштински за создавање на стабилна и предвидлива средина за бизнисите, инвеститорите и домаќинствата, претседателката Сиљановска-Давкова изрази поддршка на нејзината посветеност за одржување на здрави монетарни и финансиски политики, отпорна економија и просперитетна иднина.
На средбата, гувернерката посочи дека просечната инфлација во 2024 година беше 3,5%, што е во согласност со проекциите на Народната банка, а се очекува намалување на околу 2,5% во 2025 година и враќање на историскиот просек од 2% на среден рок. Во однос на економскиот раст, се предвидува умерено забрзување, односно закрепнување на економската активност. Економијата ќе биде поддржана со кредитна активност, натамошно проширување на депозитната база и со стабилен банкарски систем. Сепак, поради постојните ризици од особена важност е да се водат внимателни макроекономски политики. Во таа насока, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка ќе продолжи со спроведување на добро осмислени политики, коишто ќе обезбедат долгорочна макроекономска стабилност и ќе гарантираат одржлив економски раст.
Соговорничките разменија мислења и за можните влијанија на глобалните економски случувања и геополитиката врз македонската економија, причините за чувствителноста на надворешни шокови, факторите што влијаат врз зголемување на странските директни инвестиции, како и за неопходните мерки за фискална консолидација.
Во разговорот беше изразено очекување дека Планот за раст за Западен Балкан на Европската Унија ќе има позитивно влијание врз економијата и спроведувањето на Реформската агенда на државата.
На крајот, гувернерката ја запозна претседателката Сиљановска-Давкова со нивните напори и заложби за што е можно побрзо вклучување на државата во Европската област за плаќања во евра (СЕПА) со цел зголемување на ефикасноста на плаќањата во еврa и натамошен развој и интегрирање во заедничкиот европски пазар.
Полициски службеници од СВР Куманово утринава привеле 28-годишен жител на селото Отља, општина Липково, затоа што ограбил таксист.
„Тој се сомничи дека со закана со огнено оружје одзел пари од такси возач од Куманово, кој го превезувал од Куманово до с.Отља. Разбојникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.