Connect with us

Македонија

Доаѓа студ, од утре пад на температурите за осум степени

Published

on

Времето денеска, наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.

Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. 

Македонија

Распишан е тендерот за изградба на штипската обиколница

Published

on

Општина Штип, го распиша тендерот за изградба на новата обиколница, која ќе се протега од приградската населба Железничка, до месноста Рибник, кај Кежовица. Тендерот ќе трае 30дена и  веднаш по изборот на изведувачот и евалуација на проектот, ќе се започне со градежните активности.  Освен што ќе се намали интензитетот на сообраќајот, новата обиколница ќе овозможи и урбанизирање на овој дел од градот,  кој  сега е запуштен и се користи како дива депонија.

„Ќе овозможи полесно поврзување на жителите од останатите населби, побрз проток на возила, но крајната цел е да се создаде развој и можност за зони за домување и индустрија, нешто што на градот му е неопходно. Перспективно планираме развој на овој дел од градот и можност за урбанизација“ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Истата  ќе се  гради  по сите европски сообраќајни стандарди. Ќе  биде во должина од 2,9км и ширка 13метри  и ќе ги порзува влезовите на Штип од Струмица и Скопје. Нејзината изградба ќе чини околу 2милиони евра, средства кои Владата ги  обезбеди со кредитот од Унгарија.

„Општина Штип, од овие 100милиони евра  за поддршка на локалните самоуправи ја следуваат околу 2милиони евра. Затоа го прилагодивме овој проект да се вклопи во тој финансиски износ и да може во целост да се реализира. Секако дополнителни фази од реализацијата на пректот ќе бидат оставени за следната година, коишто ќе овозможат пуштање во употреба на оваа обиколница„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Според планот, новата обиколница која ќе ги поврзува влезовите на Штип, од Струмица и Скопје, треба да биде готова за една година.

Continue Reading

Македонија

Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил

Published

on

Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки.

Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.

Засега нема информации за возраста на жената и околностите за несреќата.

На лице место присутни се припадници на полицијата и екипи на Итната помош.

Во тек е увид.

Continue Reading

Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Арсовска има обврска да разговара и наоѓа решенија заедно со Советот.

Published

on

Во гостување на „Само интервју“ на Канал 5 кај Гоце Михајловски, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски; зборуваше за предизвиците во јавниот превоз во Скопје, идните локални избори и лошото менаџирање на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
„Во Кисела Вода најголем дел од одлуките поминуват едногласно. Имам сериозно мнозинство но и пратеници од другите партии. Со тие советници, треба да имате постојана комуникација. Честопати и надвор од она што сум го планирал, знам да прифатам идеи од другите групи. Не може деспотски да се однесувате кон некој што е избран од граѓѓаните, како Данела Арсовска. Комункацијата е двосмерна улица и не може да обвинувате некој. Ако советот е виновен, Арсовска има голема вина поради нејзиниот однос кон него. Да се изживувате со луѓе кои имаат семејство, да ги бркате од работа, да ги навредувате. Треба да имаме доблест, ако не не’ бива за некоја работа, треба да знаеме кога да се повлечеме. Не се измачува таа себе, го измачува целиот народ заедно со себе.“ рече Ѓорѓиевски, запрашан за односите помеѓу Советот на Градот и градоначалничката.

    Continue Reading
    Advertisement
    Advertisement

    Трендинг

    Copyright © 2024 Булевар.мк