Connect with us

Македонија

ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА

Денес почнуваат конкретните активности за изградба на автопатот Прилеп-Битола, проект кој целиот Пелагонски регион го очекува. За три години ќе имаме нов модерен автопат кој ќе донесе економски развој на Пелагонискиот регион, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Автопатот ќе биде модерен, со вкупно шест ленти, по три во двете насоки и ќе има помошен алтернативен пат.

– Од Градско до влезот на Прилеп ќе се вози по експресен пат, таму ќе има еден кружен тек каде лево ќе се влегува во Прилеп, а десно до Битола ќе се вози по нов автопат. За три години од денес, од Скопје до Битола ќе имаме автопатско решение, што значи дека патувањето од Скопје до Прилеп ќе се намали на еден час и десетина минути, а до Битола на еден час и четириест минути. Тоа значи дека ќе се смени динамиката на развој, ќе има раздвижување на економијата, на бизнисот, бидејќи голем дел од БДП-то доаѓа од овој регион – рече Николоски.

Advertisement

Македонија

Магла и блокади: Сообраќајот на регионалниот пат Берово–Струмица целосно запрен поради најавен собир

АМСМ известува дека поради појава на магла, видливоста на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија е намалена на само 50 до 60 метри. Возачите се предупредуваат да возат со зголемено внимание и да ги прилагодат брзината на условите на патот.

Жителите на село Двориште најавија јавен собир на регионалниот пат П-1302 (Берово – Струмица), на местото познато како „Студенец“, утре, на 19.12.2025 година во 10.00 часот. Се очекува патот да биде целосно блокиран, па возачите кои патуваат по правецот Струмица – Берово се советуваат да користат алтернативни патни правци.

На државните патишта се вози непречено, со релативно посуви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, што овозможува непречено движење за патниците.

Continue Reading

Македонија

Синоќа воздухот во Македонија достигна критично загадено ниво

Минатата ноќ воздухот во повеќето македонски градови беше критично загаден, а мерните станици регистрираа концентрации на ПМ-честички кои алармираат за сериозна опасност по здравјето. Особено алармантни се ПМ2,5 честичките, кои според стручњаците не смее да се вдишуваат подолго време.

Според податоците на AQIcn.org, најзагадената точка во земјава околу 22 часот била во Струмица, точно во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“ и градинката „Детска радост“. Таму AQI-индексот, кој ги комбинира сите клучни загадувачи, скокнал до 339 – ниво кое се смета за „опасно“ дури и за сосема здрави луѓе.

Не многу подобро било ниту во другите градови. Кичево, Скопје и Гостивар забележале AQI вредности помеѓу 200 и 300, што е доволно за предупредување дека престојот на отворено е ризичен. Во Скопје, најкритични биле Карпош 2, Карпош 4 и Аеродром, каде индексот се искачил на околу 250.

Граѓаните се советуваат да останат во затворени простории и да избегнуваат физички активности на отворено додека воздухот не се стабилизира.

Continue Reading

Македонија

ВЛЕН: Фетаи во Доха го претстави моделот на добро владеење и бескомпромисна борба против корупцијата

Коалицијата ВЛЕН ја оценува присутноста на вицепремиерот Арбен Фетаи во Доха, во рамки на CoSP11 – Конференцијата на Обединетите нации против корупцијата, како доказ за сериозно и суштинско претставување на државата на меѓународните платформи што се справуваат со реалните предизвици на корупцијата.

Моделот што го презентираше Фетаи ја отсликува пристапната рамка што ја поддржува ВЛЕН: борбата против корупцијата не се гради врз декларации, туку врз јасно лидерство, институционална координација и конкретни механизми за спроведување. Само преку реална акција, континуирана отчетност и активна вклученост на граѓанското општество може да се изгради довербата на граѓаните во институциите.

Од коалицијата нагласуваат дека доброто владеење е стандард што мора да се применува дома и вредност што достоинствено се претставува и на меѓународната сцена. Политиките засновани на податоци, дигитализацијата на процесите и транспарентноста остануваат клучни столбови за намалување на корупцијата и за изградба на чисти, одговорни и функционални институции во служба на јавниот интерес.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг