Connect with us

Македонија

Вандали повторно уништуваат на Шеталиштето во Битола

Published

on

Вандали повторно уништуваат јавен имот на Шеталиштето во Битола, оставајќи зад себе траги на невкусно однесување и штета. На фотографијата што ја објави Ружица Ѓоршевска на Фејсбук се гледа скршена канделабра, која сведочи за неодговорното постапување кон градската инфраструктура. Граѓаните изразуваат разочараност од честите акти на вандализам и бараат локалните власти и полицијата да преземат мерки за заштита на јавниот простор, како и да се зголеми надзорот за превенција на вакви инциденти.

Македонија

Кривична за директорот на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод, лично потпишувал за јавни набавки

Published

on

СВР Битола – ОВР Македонски Брод  до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против С.Ж.(51) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“,  казниво по член 353 став 3  во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Во периодот од почетокот на 2019 година до 02.10.2024, пријавениот во својство на директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод лично потпишувал одлуки за јавни набавки и набавувал опрема и потрошен материјал за  детска превентивна стоматологија за заштита на деца до 14 годишна возраст, кои не требало да се набавуваат и да се користат, бидејќи во детската превентивна стоматологија, освен за залевање на заби на деца до 14 години и вршење превентивни систематски прегледи, не се вршат други услуги и интервенции на пациенти како поправка, лекување и вадење на заби како на деца до 14 години, така и на возрасни, согласно насоката од Фондот за здравствено осигурување.

Исто така, во текот на 2022, 2020 и 2019 година, пријавениот постапил спротивно на Законот за сметководство во буџетите и буџетските корисници член 21 и Правилникот за сметководство за буџети и буџетски корисници член 29 и член 30-а и ја оштетил здравствената установа Здравствен дом – Македонски Брод на начин што доделените субвенции за користење мобилни услуги од мобилен оператор како набавени уреди, ги присвоил за своја корист.

Во текот на 2022 и 2023 година, пријавениот постапил спротивно на Законот за користење и располагање со предмети во државна сопственост  член 22, член 23 и  член 24  и го оштетил буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод така што од оштетеното санитетско возило „тојота“, претходно добиено како донација од Јапонија, дозволил да се вадат делови и истите да се даваат на трајно користење на Здравствен дом Крушево, иако претходно  немало доставено позитивен одговор од Влада на РСМ за отуѓување или продажба на делови, согласно претходно нивно  испратено барање од Здравствениот дом.

Во периодот од 25.06.2021, заклучно со 15.08.2024, пријавениот  дозволил да се изготвуваат фиктивни налози за службени патувања на патничко возило „дачија дастер”, со што овозможувал службеното возило да се користи за приватни потреби, а притоа да нема уредна евиденција.

Continue Reading

Македонија

Вооружен грабеж вечерва во „Нептун“

Published

on

Вечерва на националната арена „Тоше Проески“ се случил обид за вооружен грабеж во продавницата за бела техника Нептун во 20.30 часот. Според информации од терен, маскирани лица се обиделе да го одземат дневниот промет од продавницата, при што биле испукани неколку куршуми.

Разбојниците на локацијата пристигнале со тротинет.

Откако влегле во продавницата викнале да се вадат парите од касата, а се заканиле и дека доколку некој викне полиција – сите ќе бидат убиени.

Од министерството за внатрешни работи го потврдија случајот. 

„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк. Веднаш по добиената пријава, беа преземени соодветни мерки и активности. Сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

Continue Reading

Македонија

ФОТО: Притворено лицето што го запали македонското знаме

Published

on

Притворено лицето кое вчеравечер го запалило знамето на Македонија на скопските улици за време на прославата на Денот на албанското знаме, дознава НетПрес од извори во истражните органи.

Нашите информации велат дека лицето било експресно лишено од слобода од скопската полиција, и заедно со докази како го пали државното знаме на Македонија против него било поднесена кривична пријава, а му била изречена и мерка притвор во траење од 30 дена, по што осомничениот веднаш бил однесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Инаку, според Кривичниот законик на Република Македонија, за вакво кривично дело предвидена е затворска казна во траење од пет години.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк