Connect with us

Спорт

Преглед на головите од 11. коло во ВМФЛ: Македонија ЃП трипати ја тресеше мрежата на Брегалница и се врати на врвот

Published

on

Денеска се одигра 11. коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), Македонија Ѓорче Петров со убедливи 3-0 го доби големото дерби против Брегалница и повторно е прва на табелата.

*недостасуваат извештаите од мечевите Беласица – Кожуф и Новаци – Саса

Резултати 11. коло:
Македонија ЃП – Брегалница 3-0
Башкими – Осогово 4-1
Победа – Вардарски 6-2
Арсими – Детонит 2-1
Беласица – Кожуф 0-0
Борец – Вардар Неготино 1-2
Новаци – Саса 0-1
Охрид – Скопје 1-1

Табела: Македонија ЃП 26, Башкими 26, Брегалница 24, Арими 23, Охрид 20, Кожуф 17, Беласица 16, Детонит 15, Саса 15, Победа 13, Вардар Неготино 11, Новаци 11, Скопје 10, Осогово 5, Борец 5, Вардарски 2

Спорт

Женската А репрезентација на Македонија поразена од Косово со убедливи 3:0

Published

on

Женската А репрезентација на Македонија загуби со убедливи 3:0 од Косово на гостински терен во рамките на третото последно коло од групата 6 (сегмент Ц) од новото издание на Лигата на нации за пласман на С.П. 2027.

Косово успеа и втор пат во овој циклус да издвојува победа над Македонија.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Бичкај беше двоен стрелец на денешната средба, постигнувајќи голови во 50 и 60 минута од средбата. Третиот гол за Косово го постигна Мемети во 85. минута.

Косово – Македонија 3:0 (0:0)

Македонија: Викторија Панчурова, Ане Бошеска, Павлинка Николовска, Сара Коларовска, Симона Меијер, Хава Мустафа, Наташа Андонова, Ленче Андреевска, Марјана Нацева, Јилза Максути, Гентјана Рочи;

Селектор: Александар Андов;

Continue Reading

Спорт

Двојната олимписка шампионка се појави на НБА натпревар и ги привлече сите погледи, еве зошто [ФОТО/ВИДЕО]

Published

on

Во светот на гимнастиката, многумина слушнале за Симон Бајлс, која во текот на последните неколку години, пред и по паузата, се закитила со големи успеси.

Спорт кој во нашата земја не е премногу популарен, но во најголемите земји на светот е еден од најпопуларните, особено кај дамите. Така, гимнастичарките се многу познати, а понекогаш се појавуваат и на големи настани, како што беше случајот со Саниса (Сани) Ли (22).

Американската гимнастичарка, Сани Ли, ја посети кошаркарската утакмица Нјујорк Никс против Феникс Санса (112:98) во ноќта помеѓу недела и понеделник. Во еден момент камерата ја сними, а таа директно испрати голем поздрав во неа.

На некои од кошаркарите, им било привлечено вниманието од видеобимот над теренот, а како и да не, со оглед на изгледот на згодната гимнастичарка, која го украде шоуто на мечот, кој не беше премногу интересен во второто полувреме.

Сани Ли е двократна освојувачка на златен медал на Олимписките игри, најпрво во Токио 2021 година, а потоа и тимскиот златен медал во Париз. Покрај тоа, во Токио освои и едно сребро и една бронза, додека во Париз зема уште два бронзени медала. Таа е и носителка на едно светско злато, како и злато и сребро на колеџ натпревари.

Сани Ли имала големи проблеми со болестите на бубрезите во последните години, но и покрај тоа успеала да истрае, а сега блеска и надвор од гимнастичката сцена.

Continue Reading

Спорт

[ВИДЕО] Скандал ја потресе Португалија: Полицијата пукаше во навивачите на Порто

Published

on

Големото португалско дерби помеѓу Порто и Бенфика на стадионот „Драгао“ заврши со убедлива победа на гостите од Лисабон (4-1), но натпреварот беше сенчен од сериозен инцидент на трибините, кога полицијата употреби гумени куршуми против домашните навивачи.

По завршувањето на мечот, револтираните фанови на Порто започнаа судири со жандармеријата. Полицијата реагираше со сила, користејќи гумени куршуми за да ја растераат разјарената толпа. За среќа, не се пријавени потешки повреди.

Овој инцидент го засенчи и блескавото издание на Бенфика, која со оваа победа се искачи на врвот на табелата со 68 бодови. Лисабонскиот тим доби дополнителен поттик од Брага, која ремизираше 1-1 на гостувањето кај Спортинг, оставајќи го Порто на второто место со два бода помалку.

Погледнете го видеото во продолжение:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк