Connect with us

Скопје

Утре без струја повеќе делови од Скопје

Published

on

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија утре од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од општина Зелениково во Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево. 

Како што најави Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, утре ќе има прекини во снабдувањето со струја во периодот од 9 до 13 часот за корисниците од ул. „Исаија Мажовски“ во општина Ѓорче Петров, од 9 до 14 часот на улиците „Копенхагенска“ и „Бриселска“ и дел од улиците „Женевска“ и „Софиска“, како и кај Управата за контраразузнавање, ул „Тодор Александров“ и ул. „Славејко Арсов“ во општините Аеродром и Центар.

Скопје

Герасимовски: Центарци аплицирајте за субвенции за велосипед, поддржуваме еколошки транспорт

Published

on

Градоначалникот Горан Герасимовски, ги повикува центарци да аплицираат на јавниот повик за субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Општина Центар, активно го поттикнува користењето на алтернативни и еколошки превозни средства. Од 2022 година досега, доделени се 376 субвенции за велосипеди, 47 за е-велосипеди и е-тротинети, како и 7 субвенции за дополнителна опрема.

„Возењето велосипед е една од најдобрите навики што можеме да ги направиме за нашето здравје. Возењето велосипед е едноставен чекор со кој секој од нас може да придонесе за поздрава и почиста заедница. Еден велосипед повеќе значи едно возило помалку и помал метеж во сообраќајот. Ги повикувам сите центарци да аплицираат на повикот и заедно, со мали промени во секојдневието да донесеме големи придобивки за почист воздух и поздрава животна средина, да изградиме едно поубаво место за живеење“, вели Герасимовски.

Субвенцијата што се доделува изнесува 30% од вредноста на превозното средство, но најмногу до 3.000 денари, а за дополнителна опрема како детски седишта и заштитни кациги, граѓаните можат да добијат поддршка до 1.000 денари.

Јавниот повик е отворен од 24 март, а пријавувањето се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“. Правото на субвенција е еднократно, а барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот.

За сите дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-693 или да ја посетат веб-страницата на Општина Центар: centar.gov.mk.

Continue Reading

Скопје

Некогаш беше „златна кокошка“ на Скопје, сега има рекордна загуба од 4,2 милиони евра

Published

on

Некогашната скопска „златна кокошка“ ЈП Водовод и канализација минатата година ја завршил со загуба во работењето од рекордни 256 милиони денари, односно околу 4,2 милиони евра.

Ова е наведено во самиот финансиски извештај на најголемото градско претпријатие за годината 2024. Досега искажаната годишна загуба во работењето никогаш во последно време не била поголема од милион евра, а имало и години кога добивката била околу 2 милиони евра. Од работењето на ЈП Водовод и канализација Скопје зависат и приходите на двете комунални претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“.

Кај наплатата се забележани нешто помали приходи од стопанството, а најголем дел од трошоците се остварени за платите на 1.066 работници како просечен број на вработени во 2024. Вкупните трошоци се зголемиле на 1,9 милијарди денари (31,4 милиони евра) и тие бележат раст од 10,5 отсто споредено со една година претходно.

„Трошоците за вработените учествуваат со 46,65 отсто од вкупните приходи од работењето за 2024 година, а 40,40 проценти во вкупните трошоци од работењето во 2024. Трошоците на вработените, кои се однесуваат на нето платите, придонесите и даноците – односно бруто платата за 2024 година е зголемена за 5,5 отсто во однос на 2023“, се забележува во отчетот.

За нето-плати во 2024 биле поделени 490 милиони денари, споредено со 464 милиони денари во 2023 година. Сепак тука влегува и 13-тата бонус плата за годишен одмор, која е надвор од трошокот за регрес. Чисто за редовно работење биле исплатени 405 милиони денари за нето плати. Според тоа, излегува дека просечната месечна нето плата во „Водовод и канализација“ била 31.660 денари минатата година.

Претходната година загубата на ЈП Водовод и канализација – Скопје изнесуваше 350.000 евра. Последен пат добивка била прикажана за 2020, тогаш од милион евра

Извор: faktor.mk

Continue Reading

Скопје

Костовски: Вандализирана новата детска градинка во Бутел 1

Published

on

МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон.

ВАНДАЛИЗИРАНА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО БУТЕЛ 1

МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон.

Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година.

Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили.

Општина Бутел доживува ренесансен период, се гради како никогаш до сега ! Од таму АПЕЛИРАМ, не да уништуваме, туку напротив, да го чуваме тоа што го градиме макотрпно со нашите заеднички пари.

Искрено се надевам дека позади овој случај нема политика !

Во Општина Бутел се градат две нови детски градинки, нешто што не се случило никогаш во толку кус период.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк