Connect with us

Македонија

Ѓорѓиевски на средба со граѓански организации за јакнење на транспарентноста и нивно дигитално учество во процесите на општината

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и тимот од Кисела Вода што работи на спроведување на заложбите од глобалното Партнерство за отворена локална власт, каде оваа општина, како единствена од Македонија беше избрана за членка, одржаа работна средба со претставници од повеќе граѓански организации.

Целта на овој состанок беше давање на препораки, сугестии и мислења за тоа како општината може да ја унапреди успешноста во работењето во областите транспарентност и дигитално учество и да биде уште поотворена кон граѓаните. Имено, во рамки на Партнерство за отворена локална власт, како платформа која има за цел да овозможи здружување на локалните власти и граѓаните за да ги направат општините и управувањето со општините отворени, инклузивни и респонзивни на барањата на граѓаните, Општина Кисела Вода заедно со партнерите Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Центарот за младински активизам Крик, го развива првиот акциски план кој ќе се фокусира на две заложби: јакнење на транспарентноста на општината и зголемување на дигиталното учество на граѓаните во процесите на општината.

Претставниците од Центарот за граѓански комуникации, Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, Центарот за управување со промени, Метаморфозис, Здружението за знаење на еколошкото образование во осовременување на образовниот процес, презентираа наоди и препораки од своите истражувања во овие две области во врска со перформансот на Општина Кисела Вода, сугестии кои ќе бидат значајни при дизајнирањето на мерките во акцискиот план. Потоа низ поширока дискусија беа разгледувани можностите за подобрување на одредени параметри, но беше евидентиран и остварениот напредок на оваа единица на локална самуправа во одредени области. 

-Почитувани, Вашите мислења, препораки и сугестии се суштински за нас и за создавањето на акцискиот план кој ќе ги насочи напорите на Општина Кисела Вода кон уште поголема транспарентност и инклузивност. Ние не зборуваме за напредокот што го имаме во овие три години низ бројки, бидејќи вие сте оние што тоа го мерат и оценуваат. Сепак, скокот во транспарентноста што го постигнавме веќе многу кажува за нашата посветеност. Но, за постигнување целосен успех, се надеваме дека со вашите идеи и сугестии, ќе го изградиме најуспешниот акциски план кој ќе нè води напред и секако, тука би сакал да се заблагодарам за континуираната поддршка на нашите партнери во овој процес, Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Центарот за младински активизам Крик. За нас, надминувањето на предизвиците значи растеж, а задоволните граѓани се нашата најголема награда. Остануваме посветени и продолжуваме со иста динамика, бидејќи тоа е нашата обврска и одговорност кон жителите на Кисела Вода- истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој потсети на повеќе проекти кои беа клучни Кисела Вода да биде избрана за членство во Партнерството за отворена локална власт.

Во моментов во Партнерството за отворена локална власт членуваат 75 држави и преку 100 локални самоуправи.

Македонија

Николоски: Македонија е пример за почитување на мајчиниот јазик на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската заедница како најголема цивилизациска придобивка, рече заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.

“Има многу заднички што можеме да кажеме и заеднички да споделиме меѓу двата народи и двете држави, а секако наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка која што еден народ може да ја има. Горд сум што можам да кажам дека Македонија тоа го овозможува на сите припадници на турската заедница, на турскиот народ кој што живее во Македонија и ова е нешто што треба заеднички да го градиме и надградуваме затоа што нашите јазици коегзистираат со векови и тоа е цивилизациска придобивка која мора да ја надградуваме со децениите и вековите кои што доаѓаат пред нас. 

Нема поблизок народ за мекедонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и затоа треба да заеднички да создаваме уште подобри услови за изучување на турскиот јазик и наставата на мајчин турски јазик. Нека е со среќа и да е за многу години, а ние заеднички да го зајакнуваме партнерството меѓу македонскиот и турскиот народ”- се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Continue Reading

Македонија

Поради густата магла откажани сите летови од Меѓународниот аеродром Скопје

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје денеска е целосно прекинат, откако поради густата магла и значително намалената видливост беа откажани сите планирани летови, соопштија надлежните служби.


Од раните утрински часови, аеродромот не реализира ниту полетувања, ниту слетувања, а сите редовни летови на повеќе авиокомпании, меѓу кои Wizz Air, Turkish Airlines и Croatia Airlines, се откажани или пренасочени кон алтернативни аеродроми во регионот.


Според информациите од управувачот на аеродромот, ТАВ Македонија, густата магла ја намали видливоста под безбедносниот минимум за нормално одвивање на авионскиот сообраќај, поради што е донесена одлука за целосен прекин на летовите сè додека не се подобрат временските услови.


Дел од авионите што требало да слетаат во Скопје биле пренасочени кон аеродромите во Охрид, Приштина, Софија, Солун и Тирана, додека патниците се известуваат да не доаѓаат на аеродромот без претходна проверка на статусот на нивниот лет.


Од ТАВ апелираат патниците редовно да ги следат официјалните соопштенија и да стапат во контакт со своите авиокомпании за дополнителни информации и евентуални промени во распоредот, бидејќи маглата и понатаму ја отежнува воздушната навигација.

Continue Reading

Македонија

М-НАВ ја заврши целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје

Соопштение за јавност

М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Работите беа реализирани во период со магла и намалена видливост, кој беше оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај.

Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како предуслов за понатамошните активности поврзани со инсталацијата на новиот модерен радарски систем.

М-НАВ и понатаму останува целосно посветен на безбедноста и континуитетот на воздушниот сообраќај, како и на навремена и професионална реализација на сите планирани активности.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг