Connect with us

Македонија

Трајановски за договорот „Бехтел и Енка“: Нормално е да прифатиме нешто што е веќе договорено и има донесено специјален закон

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски за прифаќањето на договорот со „Бехтел и Енка“, од страна на актуелната власт која како опозиција го критикуваше, вели дека е нормално да прифатат нешто што веќе е договорено и за што е донесен специјален закон во Парламентот.

– Сосема е нормално нешто што е договорено, ние да го прифатиме со оглед на тоа што беше донесен специјален закон во Парламентот на Република Македонија.,Ддадени се големи пари за „Бехтел и Енка“, некаде 227 милиони евра за аванс, подготовка, пред да дојдам за директор. Сепак, влеговме во една финансиска обврска и сметаме дека е подобро да се преиспитаме дали може проектот да го ставиме на брза лента, да не плаќаме пенали, да се ангажира „Бехтел и Енка“ со целокупната нивна машинерија за да се заврши овој проект и видливи се резултатите во последните три месеци, вели Трајановски во интервју за „360 степени“ на МРТ.

Во однос на критиките што ВМРО-ДПМНЕ ги упатуваше како опозиција за овој проект, Трајановски вели тие биле по неколку основи – од фактот дека зад договорот не стои ниту една банка, до плаќањето пенали кон „Бехтел и Енка“ оти од претходната влада не бил испочитуван шестмесечниот рок за реализирање на обврските што ги презела државата, како што се експропријација и деминирање.

Вели дека се откочени одредени процеси и дека во наредните четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите 8 и 10-д.

– Откако успеавме одредени процеси да ги откочиме, одредени неопходни работи да почнат да работат, веќе сме во предност. Прилеп – Битола некаде би требало да биде две до две и пол години, да речеме за три максимум да биде завршен. Слична е ситуацијата со Тетово – Гостивар, а Гостивар – Букојчани можеби една година плус. Така што, тоа ќе бидат роковите, вели Трајановски, додавајќи дека претходната власт бавно ја работела експропријацијата.

Според Трајановски, се разгледуваат начини за ревидирање на договорот за надзор над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“, кој го доби конзорциум предводен од италијанската компанија „ИРД инженеринг“. Смета дека една од опциите е во надзорот да се вклучи уште една компанија која ќе биде со светско реноме.

– Неколку пати разговарав со „ИРД“. Ако мене лично ме прашувате, јас не сум задоволен од тоа колку пари им се плаќаат врз основа на тоа што го сработуваат. Меѓутоа, тоа е договор што е потпишан и ние сега гледаме начини дали би можеле тоа да го ревидираме. Го викнав одговорниот на „ИРД“ и му реков за конкретна секција, бидејќи ништо не се работи, а во предлогот имаат предложено и ние плаќаме 12 луѓе. Таму 12 луѓе немаат работа, имаат четири до пет луѓе. Во дргата делница слично, во третата делница слично, наведува Трајановски.

На новинарско прашање дали има репреговарање на договорот, Трајановски вели дека тоа прашање треба да биде адресирано лично до премиерот, но според информациите со кои располага, дека се преговара на високо ниво.

Во однос на трајноста на договорот потпишан со „Бехтел и Енка“ што исто така тогашна опозиција го критикуваше, Трајановски вели дека иако тоа е обврска на Владата, тој мисли дека во моментов се разговара за тоа кои делови од документот да бидат јавно достапни и оти има одредено померување.

Advertisement

Македонија

Безбедноста на новогодишните пакетчиња проверена – резултатите во АХВ охрабрувачки

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни инспекции на детските новогодишни пакетчиња и откри само минимални неправилности. Вкупно беа извршени 262 контроли во магацини за пакување, маркети и продавници кои нудат овој вид производи.

Проблеми беа утврдени кај неколку оператори поради несовпаѓање на роковите на збирните декларации со роковите на поединечните производи, како и некомплетни декларации. Во такви случаи, инспекциските служби издале четири решенија за повлекување на пакетчињата од промет, додека двајца оператори добиле решенија за поставување на исправни збирни декларации на производите.

Според АХВ, ситуацијата годинава е значително подобрена во споредба со лани, кога инспекциите открија несоодветно означување на пакетчињата, производи со поминат рок на употреба и краток рок на трајност, како и производи со променети органолептички својства. Оваа година, пак, недоследностите се сведени на минимални и не претставуваат ризик за здравјето на децата.

Агенцијата најавува дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се обезбеди безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Магла и блокади: Сообраќајот на регионалниот пат Берово–Струмица целосно запрен поради најавен собир

АМСМ известува дека поради појава на магла, видливоста на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија е намалена на само 50 до 60 метри. Возачите се предупредуваат да возат со зголемено внимание и да ги прилагодат брзината на условите на патот.

Жителите на село Двориште најавија јавен собир на регионалниот пат П-1302 (Берово – Струмица), на местото познато како „Студенец“, утре, на 19.12.2025 година во 10.00 часот. Се очекува патот да биде целосно блокиран, па возачите кои патуваат по правецот Струмица – Берово се советуваат да користат алтернативни патни правци.

На државните патишта се вози непречено, со релативно посуви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, што овозможува непречено движење за патниците.

Continue Reading

Македонија

Синоќа воздухот во Македонија достигна критично загадено ниво

Минатата ноќ воздухот во повеќето македонски градови беше критично загаден, а мерните станици регистрираа концентрации на ПМ-честички кои алармираат за сериозна опасност по здравјето. Особено алармантни се ПМ2,5 честичките, кои според стручњаците не смее да се вдишуваат подолго време.

Според податоците на AQIcn.org, најзагадената точка во земјава околу 22 часот била во Струмица, точно во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“ и градинката „Детска радост“. Таму AQI-индексот, кој ги комбинира сите клучни загадувачи, скокнал до 339 – ниво кое се смета за „опасно“ дури и за сосема здрави луѓе.

Не многу подобро било ниту во другите градови. Кичево, Скопје и Гостивар забележале AQI вредности помеѓу 200 и 300, што е доволно за предупредување дека престојот на отворено е ризичен. Во Скопје, најкритични биле Карпош 2, Карпош 4 и Аеродром, каде индексот се искачил на околу 250.

Граѓаните се советуваат да останат во затворени простории и да избегнуваат физички активности на отворено додека воздухот не се стабилизира.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг