Connect with us

Скопје

74-годишна жена прегазена на паркинг во Скопје

Published

on

„Мерцедес“ прегази повозрасна жена пешак на паркинг во Скопје. 

– На 04.11.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Македонски војски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(58) од Скопје, удрило во пешакот Т.Н.(74) од село Вратница, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираа од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Скопје

Сообраќајка раскрсница во Скопје: Прегазена е жена, возачот избегал

Published

on

На 22.12.2024 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско- косовска бригада“ и ул.„Св. Прохор Пчински“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31), удрило во З.П.(45), двајцата од Скопје, и го напуштило местото. По преземени мерки, Б.К. бил пронајден. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Continue Reading

Скопје

Наскоро во Скопје систем за споделување електрични возила како дел од јавниот превоз

Published

on

Се работи за приватна инвестиција на „Авант кар“ од Словенија во систем за заедничко користење на возила, а се предвидува проектот да придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија.

Писмо за намери за поддршка на првиот проект за 100-проценен електричен кар-шеринг, односно систем за споделување електрични возила, на словенечката приватна компанија „Авант кар“ денеска потпишаа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Се работи за приватна инвестиција на „Авант кар“ од Словенија во систем за заедничко користење на возила, а се предвидува проектот да придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија. Неговата тест фаза ќе почне во февруари, а во март ќе може да се почне со целосната услуга. За користење на услугата ќе биде неопходна мобилна апликација преку која ќе се наоѓа достапно електрично возило, а плаќањето ќе биде дигитализирано или преку платежна картичка. За изнајмувањето електрична возило ќе се плаќа по минута и изминат километар. Во февруари ќе се знае колку ќе чини изнајмувањето, но како што вели сопственикот на „Авант кар“, Матеј Чер е пониско од користењето на такси услуга и во просек ќе биде од три до шест евра, а од центарот на градот до Скопскиот аеродром ќе чини од 10 до 15 евра. Како што најави Чер, веќе се подготвени 100-тина електрични возила за Скопје.

Гази Баба, Аеродром и Чаир ќе бидат пилот општини каде ќе биде поставена инфраструктура за полнење на електричните возила, а полначите според министерката Божиновска ќе се напојуваат исклучиво со електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.

Таа истакна дека е за поздравување секоја иницијатива која придонесува да се смени сегашноста на подобро.

-Овој договор претставува партнерство изградено на иновација, акција и заедничка верба дека јавните институции и приватните компании можат заедно да постигнат одлични резултати. Авант кар веќе го докажа трансформативниот потенцијал на своите проекти во Љубљана, Дубровник, Загреб и Виена. Нивниот систем за споделување електрични возила значително го намали сообраќајниот метеж и го подобри квалитетот на воздухот. Нивната иновативна инфраструктура за полнење напојувана со обновлива енергија постави репер за решенија за зелена мобилност, рече Божиновска.

Нагласи дека системот за споделување на електрични возила не е само модерен начин на транспорт, туку е и доказ за нашата амбиција да се усогласи технологијата со одржливоста.

-Со вакви иницијативи испраќаме јасна порака – Македонија е земја што ја вреднува својата иднина и презема акција за да ја обезбеди. Покажуваме на приватниот сектор дека ова е место каде иновациите успеваат, а инвестициите носат трајни резултати, потенцира Божиновска.

Вицепремиерот Меџити истакна дека Скопје мора да направи нешто за да го врати чистиот воздух, здравата животна средина и зелените перспективни, нешта што ги изгуби.

-Денеска започнуваме нешто за што се надеваме дека ќе остави почисти улици, поздрави граѓани и светла иднина за Скопје. Потпишувањето на писмото за намери претставува конкретна и видлива акција за решавање на еден од најгорливите предизвици со кои се соочуваме, загадениот воздух. Претставува можност за поздраво и поеколошко Скопје, посочи Меџити.

Целта е, додаде, на овој начин директно да влијаеме на намалување на емисиите на ЦО2 и загадувањето што е и приоритет на МЖСПП, а воедно и граѓаните да имаат можност за поекономичен транспорт.

-Како Министерство нашата задача е да ги поддржуваме ваквите иновативни решенија кои имаат директен и позитивен ефект врз животната средина. Овој проект е доказ дека е можно преку јавна поддршка и приватна иницијатива да создадеме поздрави урбани средини, рече Меџити и додаде дека верува оти електричниот кар-шеринг ќе биде модел и за другите градови во земјава и ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж.

Компанијата „Авант кар“ е присутна на пазарот повеќе од 20 години и работи во Словенија, Хрватска и Австрија. Пред 12 години почна со електрична мобилност и во моментов има повеќе од 10.000 електрични возила. Со кар-шеринг започна во 2016 година во Љубљана каде сега тоа е дел од јавниот транспорт и го користат сите слоеви на заедницата.

Continue Reading

Скопје

„Дедо Мраз дојде со воз“ – Мултимедијален новогодишен настан на Железничката станица во Скопје

Published

on

Заинтересираната публика може да го посети овој новогодишен настан на некоја од изведбите закажани за 26, 27, 29 и 30. декември.

„Дедо Мраз дојде со воз“ е насловот на мултимедијалниот новогодишен настан, што ќе се одржи денеска со почеток од 19 часот на музејската поставка и перонот бр.1 на Железничката станица во Скопје.

Организатори се Училиштето за театар „Од игра до претстава“, во соработка со јавните претпријатија Македонски железници АД Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура.

-Најмладите, но и сите возрасни што веруваат во Дедо Мраз, годинава ќе имаат уникатна можност да ја проследат оваа претстава која го следи големото доаѓање на Дедо Мраз во Скопје, со вистински воз, на перонот бр.1 на скопската железничка станица, соопштија организаторите.

Како што посочуваат, претставата ги следи патешествијата со кои се соочува Дедо Мраз пред да стигне на Железничката станица во Скопје и неговото доаѓање е неизвесно, па му треба помош од неговите Елени, Џуџиња, Снешко, но најмногу од неговите обожаватели, децата.

Приказната се раскажува почнувајќи од музејската поставка „Зошто Дедо Мраз го одбра железничкиот сообраќај?“ преку мултимедијална театарска претстава „Дедо Мраз дојде со воз“ на сцената на Македонски железници – Инфраструктура, завршувајќи со разглед на специјалниот новогодишен воз на Дедо Мраз, поставен на перонот бр.1 на Железничка станица во Скопје.

Автор и продуцент на проектот е Миодраг Костиќ, а текстот и режијата на Игор Ивковиќ.

Во претставата играат актерите Дарко Вељиќ, Андреј Серафимовски, Тодор Стојковски, Мила Трајковски, Ведра Димова, Александар Спироски, во кој се вклучени и учениците од училиштето за театар „Од игра до претстава“.

Билети за претставата се останати само за изведбите закажани за 26.28. и 29.Декември 2024 со почеток од 19 часот и истите може да се купат на билетарницата на Железничка станица – Скопје, секој работен ден од 12 до 19 часот и преку продажната мрежа на МКТИКЕТС.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк