Connect with us

Македонија

ИЗЕТ МЕЏИТИ: ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ Е РАЗЕДИНЕТ

Published

on

Вицепремиерот Изет Меџити во врска со политичките случувања во државата и потребата за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори во текот на 2025 година истакна дека не гледа никаква потреба од одржување на двојни избори.

Според Меџити Владата има амбициозна Програма пред себе и за тоа има добиено поддршка од 78 пратеници, кои за брзо може да станат и 80 пратеници.

Меџити потенцира дека ВРЕДИ не стравува од избори, но мисли дека овие теми се дневна политика за задржување на вниманието на членството на ДУИ кое секојдневно ги напушта.

Во оваа прилика претседателот на Демократско движење Изет Меџити истакна: „Полека но сигурно Европскиот фронт почнува да се расцепкува. Едниот лево, другиот десно. Активностите ги прават поединечно. ДУИ на една страна, ДПА некаде, Алијанса на друга страна. На пресовите се поделини и кога излегуваат во јавност не знаат како тоа да се прикаже дали како Европски фронт или како политички партии.“

Македонија

Шести април нов датум за реизбор на Филипче за претседател на СДСМ

Published

on

На шести април СДСМ ќе ги оддржи внатрепартиските избори на СДСМ за лидер на партија, на кои единствен кандидат е актуелниот лидер Венко Филипче, објави 24Вести.

ЦО на партијата го потврдила новиот датум откако СДСМ го одложи реизборот на Филипче, поради трагедијата во Кочани, а кои требаше да се одржат токму на 16 март.

Continue Reading

Македонија

Таравари: Во „Влен“ се подготвуваме за локалните избори, останувам министер за здравство

Published

on

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва рече дека засега останува да биде министер за здравство, иако дел од медиумите објавија информации дека ќе ја напушти коалицијата „Влен“. 

– Засега, да. Во „Влен“ се подготвуваме за локалните избори. Нормално, внатре во коалицијата сме во процедура на договарање и во Владата мислам дека стабилна е состојбата така што продолжувам да бидам министер за здравство и се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение сите страни да бидат задоволни, изјави Таравари во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“. 

Continue Reading

Македонија

22 годишно момче, втор пациент кој се лекува во странство, попладнево слета на скопскиот аеродром

Published

on

Доцна попладнево во Скопје се врати и вториот од пациентите кои беа испратени на лекување во странство, од повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, објави Телма.

Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека станува збор за 22 годишно момче, кое било лекувано на Клиниката за Пластична хирургија од која и било испратено на лекување во Атина.

Таравари напомена дека според протоколите тоа повторно ќе биде примено на Пластична хирургија и изрази надеж дека по 24 часовниот мониторинг ќе биде пуштено на домашно лекување.

 

 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк