Connect with us

Спорт

„Комити“ со брутална порака до новиот тренер: Седло – Мрш од Вардар!

Published

on

Навивачката група комити испрати брутално соопштение до старо – новиот предвоник на Вардар, Гоце Седеловски. Тие во соопштението наведуваат дека Седловски не смее и нема да биде тренер на Вардар. И притоа посочуваат дека тој бил избркан од Вардар поради сомнтелно работење.

„Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!

Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!

Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки“ стои во соопштението на навивачката група „Комити“

Спорт

Ристовски: Отворен нов спортски центар во Кавадарци

Published

on

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска свечено го пуштија во употреба новиот спортски центар во средното општинско училиште „Киро Спанџов – Брко“. Овој проект е дел од стратегијата за развој на спортската инфраструктура во Македонија и обезбедува современ простор за младите спортисти.

„Ова не е само инвестиција во инфраструктурата, туку и во иднината на нашите млади. Кавадарци доби модерен спортски центар кој ќе овозможи подобри услови за тренинг и рекреација“, изјави Ристовски.

Новиот спортски центар содржи:

✅ Фудбалско игралиште со вештачка трева

✅ Кошаркарско игралиште со полипропиленски под

✅ Урбана опрема за спорт и рекреација

Градоначалникот Јанчев нагласи дека ваквите проекти се од големо значење за локалната заедница, особено за младите кои сега ќе имаат дополнителен мотив да се занимаваат со спорт.

Министерството за спорт продолжува со изградба на нови спортски објекти низ целата држава, со цел промоција на здрав живот и развој на спортските таленти. „Работиме посветено за спортот, за младите и за негување на спортските вредности“, порача Ристовски.

Continue Reading

Македонски Фудбал

Аљоша Асановиќ во посета на ФФМ: Гледам енергија и знаење!

Published

on

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и техничкиот директор на ФФМ, Ѓорги Христов му посакаа добредојде во „Куќата на фудбалот” на Аљоша Асановиќ, легендарниот фудбалер од бронзената генерација (1998) на Хрватска, денес во улога УЕФА консултант задолжен за развој на млади елитни фудбалери.

„Посетата на нашиот пријател Аљоша ја нагласува посветеноста на УЕФА за поддршка на развојот на младите фудбалери, зајакнување на односите со нашиот оддел за младински фудбал и доказ за важноста да се инвестира во младите, осигурувајќи дека ги добиваат правите насоки и можностите за напредок. Ова е, исто така, одлична можност да ги инспирираме нашите фудбалери од Академијата на ФФМ и да ги подобриме нашите програми. Поддршката на УЕФА е непроценлива за развој на оваа категорија фудбалери”, рече првиот ловек на ФФМ.

Асановиќ е задоволен од тоа што го видел.

„Гледам нови ветришта во македонската федерација, се надевам на блиска соработка наскоро со сите вас, посебно со Ѓорги Христов, затоа што јас знам дека за развој на фудбалот во Македонија е еден од најдобрите. Го запознав претседателот, гледам дека е енергичен, сака напредок во фудбалот и тоа е добар знак за македонскиот фудбал да се крене, бидејќи има таленти. Ова е поднебје каде што има таленти, само треба да се најдат вистинските луѓе за тоа. Убеден сум дека тоа е правиот пат за македонскиот фудбал. Едноставно гледам голема енергија и она што е важно, имате знаење и продолжете понатаму“, порача Асановиќ.

Според техничкиот директор Христов, Асановиќ не случајно е одговорно лице на УЕФА бидејќи има знаење и искуство.

„Јас се чувствувам слободен и нема да се срамам во секој момент да ја побарам помошта од Асановиќ и неговиот тим за сè што е поврзано за развој на младите, бидејќи тоа нас ни е клучно. Ќе почнеме од најмладите, од генерацијата 2012, што треба веќе на лето да ја селектираме. Заедно да направиме еден систем кои ќе го следат многу генерации во иднина“, рече Христов.

Избор: sportmanija.mk

Continue Reading

Македонски Фудбал

Нашиот бисер Елиф Елмас ги мина прегледите и ќе ја носи „11-ката“ во Торино!

Published

on

Елиф Елмас официјално е нов играч на Торино! Македонскиот фудбалски бисер успешно ги мина медицинските прегледи и ќе го носи дресот со број 11 во својот нов клуб. Со овој трансфер, Елмас започнува ново поглавје во својата кариера во италијанската Серија А.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк