Connect with us

Спорт

Ристовски: Спортистите нема да се појавуваат на рекламите за обложување и коцка

Министерот за спорт, Борко Ристовски на денешното потпишување на меморандумот за соработка помеѓу Министерството за спорт и Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија кажа дека спортистите нема повеќе да се појавуваат на рекламите за обложување и коцка. Ристовски посочи дека спортистите ќе бидат вклучени само во настани кои се поврзани со спортот и кон промоција на вистинските вредности.

„ Овој меморандум значи взаемно разбирање меѓу двете страни и подразбира етички однос во кој спортистите – поранешни, активни или млади таленти, нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа . Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта  и настани поврзани со спортот, како и кон промоција на вистинските вредности поврзани со спортот , почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности. Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт  за која наидовме на разбирање од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, и ова е еден убав почеток на идна соработка.  Важно е сите ние да вложиме во здрава спортска средина  која ги поддржува младите и се стреми кон позитивни примери и вредности во општеството“, истакна Ристовски.

Advertisement

Спорт

Астон Вила го преслуша Манчестер Јунајтед на „Вила Парк“

Aston Villa оствари значајна победа од 2:1 против Manchester United во натпревар од 17. коло во Premier League, одигран на „Вила Парк“.


Домашниот тим поведе пред крајот на првото полувреме кога Морган Роџерс погоди во 45. минута, по асистенција на Мекгин. „Црвените ѓаволи“ возвратија во судиското продолжение од првиот дел, кога Матеус Куња израмни на 1:1.


Во второто полувреме, Вила повторно ја презеде иницијативата, а повторно стрелец беше Роџерс, кој во 58. минута го постигна победничкиот гол по додавање од Оли Воткинс. До крајот на мечот Манчестер Јунајтед не успеа да се врати во игра, иако се обиде со неколку измени и офанзивен притисок.


Гостите добија и две жолти картони, на Угарте и Далот, што дополнително го отежна нивниот обид за пресврт.


Со оваа победа, Астон Вила продолжува со добрата форма на домашен терен и останува во чекор со екипите од горниот дел на табелата, додека Манчестер Јунајтед запиша уште еден неуспех во борбата за стабилност сезонава.

Continue Reading

Спорт

Македонија стана полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација

Македонската ракометна федерација (РФМ) денеска објави дека нашата земја е примена како полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација. Досега Македонија имаше статус на придружна членка.

Одлуката беше донесена на седмиот конгрес на Медитеранската конфедерација, кој се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во Каиро, Египет.

Следната година македонските ракометарки и ракометари ќе имаат активна улога на меѓународната сцена. Пионерките ќе учествуваат на Медитеранскиот шампионат во февруари во Приштина, додека кадетите ќе настапат во април во Словачка. Сениорите ќе се борат за медалите на Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: Посетата на Мамадов отвора нова фаза за македонскиот фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани Инфантино.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека посетата на Мамадов претставува силна потврда за одличната соработка со ФИФА и континуираната поддршка што федерацијата ја добива во реализацијата на стратешките цели, со посебен акцент на инфраструктурата и зајакнувањето на националните селекции.

Омерагиќ најави дека веќе се договара и посета на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во првата половина на 2026 година, што дополнително ќе ја зацврсти соработката и ќе отвори нови можности за развој на македонскиот фудбал.

Тој нагласи дека ФФМ останува целосно посветена на принципите што се од клучно значење за ФИФА – транспарентност, одговорност и долгорочен развој на фудбалот на сите нивоа во Македонија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг