Connect with us

Балкан

Жариште на птичји грип во живинарска фарма во Тирана

Published

on

Семејна живинарска фарма во населбата Мезез во Тирана е жариште на птичји грип(Х5Н1). Извршена е контрола и се преземат соодветни мерки, објавија медиумите во албанскиот главен град.
Во меѓувреме се врши проверка и во други фарми во поблиските места за да се потврди дали има и други случаи.

– Надлежните издадоа забрана за продажба и тргување на отворен простор и пазари за жива живина, како и за движење на жива живина од фарма до фарма и од фарма до сточни пазари, додаваат медиумите.

Исто така не се дозволува движење на живи птици без овластување од официјален ветеринар, без извршен PCR тест и потврда дека птиците се негативни на болеста птичји грип.

Од Институтот за јавно здравје попладнево информираа дека засега нема регистриран случаи со птичји грип кај човек.

Балкан

БУГАРИЈА ОСТАНА БЕЗ ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН

Published

on

Нарушувањето на снабдувањето со гас не предизвика дополнителни трошоци за компанијата за набавка на заменски природен гас и не влијаеше на пазарот на гас во регионот“, сопшти бугарската државна компанија за гас „Булгараз“.

Објавено 11/01/2025 22:30:19

Бугарската државна компанија за гас „Булгаргаз“ на 9 јануари објави дека била известена за прекин во снабдувањето со гас од Азербејџан на 6 јануари и дека снабдувањето се очекува да биде обновено на 11 јануари. Како причина наведува „неодредени“ технички проблеми, објави Туркије тудеј.

„Булгаргаз“ истакна дека заменскиот гас е купен во Турција.

„Нарушувањето на снабдувањето не предизвика дополнителни трошоци за компанијата за набавка на заменски природен гас и не влијаеше на пазарот на гас во регионот“, се вели во соопштението од 9 јануари. Беше констатирано и дека ваквата состојба е дополнителен поттик за диверзификација на изворите на природен гас.

Наводно снабдувањето е прекинато поради проблеми на платформата „Алфа“ на „Бритиш петролеум“ во гасното поле Шах Дениз.

БП Азербејџан во петокот објави дека ја прекина работата на платформата Шах Дениз Алфа (СДА) откако беше откриен технички проблем во подморската линија за извоз на гасен кондензат помеѓу платформата и терминалот „Сангачал“.

Можеби ќе ве интересира

„Сите работници на платформата се безбедни и нема влијание врз животната средина. Сите морски објекти, вклучувајќи ги и платформата СДА и гасоводот, исто така се безбедни“, се вели во соопштението на БП Азербејџан.

– Поради оперативни причини, производството и извозот од платформата СДА се суспендирани, а платформата е безбедно исклучена. Работиме на решавање на проблемот и се стремиме да ја вратиме нормалната работа што е можно поскоро – изјави портпаролот на компанијата.

Бугарија престана да користи руски гас во април 2022 година, откако го отфрли барањето на Русија да го плати гасот во рубли.

Претходно, српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека Азербејџан од саботата ја прекина испораката на гас за Србија и дека земјата ќе мора да ги користи сопствените резерви доколку проблемот не се реши во рок од 1-2 месеца.

Continue Reading

Балкан

Србија дава 5.000 евра за купување електрична „панда“ произведена во Крагуевац

Published

on

Купувачите од Србија на електрични Фиат Панда, чие производство наскоро ќе започне во Крагуевац, ќе можат да добијат државна помош од 5.000 евра.

Граѓаните ќе можат да почнат да поднесуваат барања на почетокот на февруари, а самите апликации ќе може да се поднесуваат до 31 октомври, изјави за РТС државниот секретар во Министерството за заштита на животната средина Сандра Докиќ.

Сериското производство на електричниот автомобил Fiat Grande Panda ќе започне, според најавите, во третата недела од јануари.

Fiat Grande Panda е инспириран од модел од 1980-тите, а почетната цена на моделот е помалку од 25.000 евра за целосно електричната верзија. Основниот електричен модел, според некои специјализирани домашни автомобилски медиуми, во Србија би можел да чини околу 18.000 евра.

Владата одлучи повеќе да не субвенционира купување на хибридни возила и плагин хибридни возила на предлог на Министерството за заштита на животната средина.

„Како министерство, секогаш гледаме кои возила имаат најдобро влијание врз квалитетот на воздухот. Тоа се токму електрични возила. Кога почнавме во 2020 година, немаше толку многу инфраструктура за овие возила. Многу порасна во последните 4-5 години, особено минатата година“, се разви“, додаде Докиќ.

Таа изјави дека речиси секој трговски центар, пат и бензинска пумпа има полначи за овие автомобили.

„Значи, како што се развива инфраструктурата, решивме да субвенционираме само електрични автомобили. Одиме во чекор со нашата „панда“, која треба да се појави на пазарот, каде што ќе се дели и таа субвенција“, истакна Докиќ.

„Нашето министерство ќе обезбеди по 5.000 евра за секое купување на Панда. Доколку барањата го надминат износот на средствата, ќе обезбедиме дополнителни средства по потреба“, најави Докиќ.

Таа посочува дека и за оваа година се издвоени 170 милиони динари и дека сите апликанти ќе добијат субвенција до 31 октомври доколку е комплетирана документацијата.

Стелантис е мнозински сопственик на фабриката за автомобили во Крагуевац, додека малцинскиот удел е во сопственост на Република Србија, врз основа на договорот за стратешко партнерство склучен во 2008 година од страна на Владата на Србија со италијанскиот Фиат.

Continue Reading

Балкан

Костадинов бара припојување на Македонија кон Бугарија

Published

on

Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија.

Партијата „Преродба“ стана трета политичка сила во 240-члениот бугарски парламент на последните парламентарни избори во Бугарија откако доби 12,92 отсто од гласовите и 35 пратенички места.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Костадинов ги поддржува изјавите на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп за Канада и Панамскиот канал, и наведува дека е потребно и Софија јавно да излезе со барање за припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија.

„Претензиите на Трамп кон Канада се целосно оправдани. Нема ништо пологично и понормално од две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и, во голема мера, ист народ, како што се САД и Канада, да станат една земја. Истото важи и за претензиите на Трамп за Панамскиот канал. Впрочем, САД се првиот сопственик на земјиштето на каналот, тие го градеа и го поседуваа до 1979 година. Затоа „Преродба“ целосно ги поддржува тврдењата на новоизбраниот американски претседател.

Иста е ситуацијата и со Македонија. Нема ништо пологично од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и народ да станат една земја. Сличен е случајот и со Јужна Бесарабија. Таа е дел од бугарската држава повеќе од 450 години, Бугарите се домородното население на оваа област (од 6 век) и до денес се мнозинство од населението. За споредба, Украина ја поседува Јужна Бесарабија само 34 години.

Затоа нема ништо пологично од обединување на Бугарија и Македонија во една заедничка држава, како и враќање на Јужна Бесарабија назад во Бугарија. Украина се распаѓа и на идниот мировен конгрес кој ќе одлучува за судбината на неуспешната т.н. украинската државност, Бугарија треба да ги потврди своите претензии кон бугарска Бесарабија, напиша Костадинов на социјалната мрежа“, наведува Костадинов во објавата на Фесјбук.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк