Connect with us

Македонија

Ќе има поскапување на струјата?

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари. Како што рече денеска, сепак, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), како независно тело, го има последниот збор.

Оваа Влада, истакна Мицкоски, не е феудална, туку според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир.

-Нема да бидам измамник како што беше минатата влада, да кажувам дека Владата ги субвенционира сметките на граѓаните. Тоа не го прави. Ние сме Влада која според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир. Ние не сме феудална Влада, туку Влада која треба да се грижи за стандардот на граѓаните и затоа нема да ги лажам граѓаните дека и покрај тоа што на берзите цената на струјата е 100, 200, 300 евра за мегават час, а тука граѓаните ја плаќаат помалку од 60 евра, дека ние субвенционираме. Не, ние работиме заедно со граѓаните зашто се грижиме за социјалниот карактер на државата и од тие причини не очекувам дека ќе има поскапување на струјата. Сепак, секогаш РКЕ е таа што го има последниот збор, истакна Мицкоски.

Македонија

Ако може еден столар да плаќа патарина, мора да плаќа и секој вработен во МВР

Published

on

Ако може еден столар да плаќа патарина, жена која работи во било која приватна установа или било кој македонски државјнаин, мора да плаќа патарина и секој еден вработен во МВР. Срамно е еден полициски службеник да ги злоупотребува службената положба и обвластувања на ваков начин, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски по поднесената кривична пријава за полициски инспектор кој не плаќал патарина на наплатните рампи, туку поминувал со покажување на службената легитимација.

-Не го ценам ова во насока на тоа „удри по самарот, ако не можеш по магарето“, туку на ваков начин мораме да покажеме пример дека секој треба да почитува закони и она што сме се договориле, а тоа е да плаќаме патарина, рече Тошковски во изјава за медиумите, по конференцијата на тема „Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент“.

Според него, колку и да изгледа дека се бориме со ситен криминал, треба да покажеме дека се бориме со она што е значајно за нашите граѓани, а тоа е да го почитуваме законот.

-Оваа кривична пријава е во насока на тоа што сакаме да го покажеме. Имало злоупотреби многу подолг временски период наназад, кажа министерот.

Continue Reading

Македонија

Кривична против началник во МВР

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања” по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен во МВР на работното место началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани – СВР Штип, на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените во кабината им ја покажувал службената легитимација и ги поминувал наплатните станици. Во врска со настанот, од Јавното претпријатие „Државни патишта” доставен е видео материјал од безбедносните камери на наведените наплатни станици на кои се гледа како пријавениот ја покажува службената легитимација.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки против А.М. ќе поднесе предлог за поведуванье на постапка за утврдуванье на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

Continue Reading

Македонија

Две тетовски села утре ќе бидат без струја

Published

on

Утре, на 07.11.2024, две тетовски села ќе бидат без струја. Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе вршат реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа на локациите наведени во прилог.

БОГОВИЊЕ и РАКОВЕЦ прекин од 08:00 до 15:00 часот

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк