Connect with us

Македонија

Африм Гаши: Честитки до претседателот Трамп за изборната победа!

Published

on

Претседателот на Собранието, Африм Гаши испрати честитка до 47 претседател на САД, Доналд Трамп: Искрени честитки до претседателот Трамп за неговата победа на претседателските избори во Соединетите Американски Држави. Овој значаен момент ја одразува силата на американската демократија.
Северна Македонија била и ќе остане силен сојузник на развојните и стабилизациските политики на Соединетите Држави. Непоколебливата посветеност на САД за безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Северна Македонија беше и останува еден од клучните столбови на нашата надворешна политика и постојан извор на поддршка.
Посакувајќи му успех во водењето на земјата и во реализацијата на неговата агенда за иднината, ја изразуваме нашата целосна подготвеност за продлабочување на соработката со новата американска администрација, за зајакнување на нашето стратешко партнерство.

Македонија

Денес во Битола дискусија “Проширувањето и Западниот Балкан – Предизвици и можности“

Published

on

Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел, во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Академијата за Европски интеграции од Скопје, ја организираат втората панел дискусија во рамки на Катедра Аденауер 2024, што ќе се одржи денеска  Битола, а темата е „Проширувањето и Западниот Балкан – Предизвици и можности“.

Свое излагање ќе имаат: Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања, Горан Илиќ, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Елена Тиловска-Кечеџи, Професор на Правниот факултет – Кичево при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Кирил Миноски, поранешен министер за финансии, Александар Спасеновски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Васко Наумовски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Настанот ќе го отворат претставниците на организаторите, односно Игор Неделковски, Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Давор Пашоски, Програмски менаџер во Фондацијата Конрад Аденауери Анѓела Ангеловска, Проектен менаџер во Академијата за Европски интеграции – Скопје.

Continue Reading

Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД.

– Срдечни честитки по повод изборот на Доналд Трамп за Претседател на Соединетите Американски Држави и многу успех во извршувањето на одговорната функција, наведува претседателката во објавата на Фејсбук.

Таа нагласува дека Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.

– Уверена сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели, истакна Сиљановска Давкова.

Continue Reading

Македонија

Филков: Ефикасниот правосуден систем е клучен фактор за владеењето на правото

Published

on

Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството, изјави министерот за правда, Игор Филков, на отворањето на 15-тата сесија на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија.

Филков истакна дека ефикасниот правосуден систем е клучен за владеењето на правото и за борба против криминалот и корупцијата, како и за гарантирање на основните човекови права и слободи. 

– Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството. Тоа не е само еден од главните предуслови за создавањето на поволна инвестициска и бизнис-ориентирана средина, туку исто така и клучна претпоставка за борба против криминалот и корупцијата, и гаранција за основните човекови слободи и права, рече тој.

Министерот подвлече дека должината на судските постапки е главен аспект на ефикасноста и дека долготрајноста на постапките останува еден од најголемите проблеми во правосудството, кој генерира повреди на човековите права. 

Тој нагласи дека министерството целосно ја поддржува работата на платформата за реформи во правосудството и активно учествува во креирањето на препораки за унапредување на состојбите во судството и јавното обвинителство. 

Темата на 15. Сесија на Работната група 3 , Правосудство и темелни права е „Пристап до правдата: Подигнување на ефикасноста на судските постапки и квалитетот на судската правда“ од која ќе произлезат повеќе работни обврски за подобрување на состојбите. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк