Connect with us

Македонија

Филков: Ефикасен правосуден систем е клучен за владеење на правото и борба против корупцијата

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков, на отворањето на 15-тата сесија на Националната конвенција на ЕУ во Република Северна Македонија, нагласи дека ефикасниот правосуден систем е темел за владеењето на правото и создавање бизнис-ориентирана средина. Според него, таквиот систем не е само предуслов за економски развој, туку и основен инструмент за борба против криминалот и корупцијата, како и за заштита на човековите права.

Главен предизвик останува должината на судските постапки, со оглед на тоа дека граѓаните очекуваат брзи и професионални решенија за своите случаи. Филков истакна дека Министерството е посветено на реформските чекори кои произлегуваат од Извештајот за напредокот на земјата. Меѓу мерките се воведување временски рокови за одредени фази на судските постапки, примена на електронски процедури за специфични случаи и реформирање на законодавството.

Министерството ќе продолжи со посветена реализација на приоритетите согласно Развојната Секторска Стратегија за правосудство 2024-2028 година, со цел да постигне независен и стабилен правосуден систем кој ги почитува човековите права и ги исполнува очекувањата на граѓаните.

Македонија

Избегнара поголема трагедија: Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“

Published

on

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде во неделата рано сабајле во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Резервоарот за нафта бил на друг објект, а бил откриен од страна на крим техника.

Од Противпожарната бригада на Кочани за МИА потврдија дека во близина на дискотеката има резервоар за нафта, но дека тој бил на друг објект. Оттаму не знаат точно дали и колку нафта имало во резервоарот.

Информацијата ја потврдија и од Обвинителството.

– При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат, информираа од Обвинителството

Continue Reading

Македонија

Српски медиуми: Македонија реагираше брзо, за разлика од српската Влада

Published

on

Српските медиуми нагласуваат дека чекорите преземени од македонските институции не само што ја сфаќаат сериозноста на настанот, туку и дејствуваат во согласност со принципите на владеење на правото и одговорноста.

Српските медиуми денеска известуваат за трагедијата што го погоди Кочани, и ја нагласуваат брзата реакција на македонските власти.

Како резултат на несреќата, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка. Оваа оставка, како што истакнуваат српските медиуми, е редок пример во регионот, каде што функционерите ретко преземаат лична одговорност за вакви настани.

-Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка по трагедијата во тој град, кога во пожарот во дискотеката загинаа 59 лица, а повеќе од 150 беа повредени. Папазов ја образложи својата оставка на социјалните мрежи и наведе дека многу од нив ги познавал, а родителите на некои од насрoдалите беа негови семејни пријатели. Тој побара од сите надлежни да ја испитаат одговорноста на сите кои имаа врска со трагедијата. Го повика обвинителството да испита и да постапи во согласност со законот, доколку постои било каков основ за неговата одговорност, известува медиумот Н1.

Српските медиуми исто така нагласуваат дека македонските институциите не дозволија трагедијата да помине несанкционирано. Судот во Кочани веднаш постапи по барањето на обвинителството, одредувајќи притвор за неколку лица.

-Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството да се упатат Бектеши, со уште седум осомничени, на „краткотраен притвор“, додека се чека да се утврди во кој затвор ќе бидат упатени. Поранешниот директор на Управата за заштита и спасување, Беким Максути, исто така беше задржан до 48 часа. Приведени се и неколку лица кои беа обезбедување во дискотеката и бараат нивно ослободување, објавува медиумот Н1.

Српските медиуми нагласуваат дека чекорите преземени од македонските институции не само што ја сфаќаат сериозноста на настанот, туку и дејствуваат во согласност со принципите на владеење на правото и одговорноста.

Владата во Македонија веднаш изрази сочувство до семејствата на жртвите и најави темелна истрага за утврдување на сите околности на несреќата. Оваа транспарентност и институционална ефикасност претставуваат пример за тоа како една држава треба да реагира во вакви критични моменти.

За разлика од други земји во регионот, каде што често нема оставки или санкции по слични трагедии, Македонија покажа дека одговорноста и правдата се приоритет.

Continue Reading

Македонија

Тошковски разреши 7 началници и командири во Штип и Кочани

Published

on

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по несреќата во Кочани со одлуки за разрешувања. 

Првиот човек на македонското МВР поради трагедијата во дискотеката во Кочани одлучи да бидат разрешени: 

1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип

2. Помошник началник на СВР Штип

3. Началник на Одделение за полиција Штип

4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип

5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани

6. Командир на Полициска станица од општа надлежност Кочани

7. Началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Од Министерсвото за внатрешни работи повеќе детали за разрешувањата најавија за подоцна во текот на денот на прес конференција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк