Connect with us

Спорт

Македонската фудбалска репрезентација подготвена за пресметки со Летонија и Фарски Острови во Лигата на нации

Published

on

Македонската фудбалска репрезентација ги објави повиканите играчи за претстојните натпревари против Летонија и Фарски Острови во Лигата на нации. Избраниците на селекторот се решени да дадат сѐ од себе на теренот и да обезбедат значајни бодови. Со полна поддршка од навивачите, „црвено-жолтите“ влегуваат во натпреварите со огромен ентузијазам и желба за успех. Напред Македонија!

Спорт

ФФМ: Сочувство и молитва за утеха на семејствата на загинатите во големата трагедија

Published

on

Фудбалската федерација на Македонија ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции,

“Фудбалската федерација на Македонија  ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции. Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе.

Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.

Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции.

Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви”, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.

Фудбалската федерација на Македонија, и во објава на социјалната мрежа Инстаграм изрази сочувство и поддршка.

🖤 Обединети во тагата!

Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите.
Нивниот светол дух ќе живее во нас.
Нека почиваат во мир 🖤”, стои во објавата на Фудбалската федерација на Македонија на социјалната мрежа Инстаграм.

Continue Reading

Спорт

Пораз од Словенија и тешка повреда на Марко Митев

Published

on

Ракометната репрезентација на Македонија претрпе пораз од 28-27 на гостувањето во Копер против Словенија, во рамките од четвртото коло од квалификациите за ЕП 2026.

Ова беше дефинитивно најтешкиот меч што нашите ракометари мораа да го играат, ако се земе во предвид страшната трагедија утрово ја погоди цела Македонија, поради што федерацијата побара дуелот во Копер да биде одложен, но беше одбиена од страна на ЕХФ.

За проблемите да бидат уште поголеми, тешка повреда на денешниот меч заработи Марко Митев, кој на носилки го напушти теренот и одличниот бек сигурно го очекува подолга пауза од терените.

Кузмановски со шест гола беше најефикасен во нашиот табор, а по три погодоци постигнаа Пешевски, Лазаревски, Серафимов и Атанасијевиќ, додека голманите Митревски и Галевски имаа по шест успешни интервенции. Најдобри во таборот на Словенија беа Влах со девет и Мливиќ со седум погодоци.

Во преостанатите две средби од овој квалификациски циклус нашите репрезентативци ги очекува гостување во Естонија и домашен дуел со Литвнаија, мечеви на кои сме фаворити за две победи со кои рутински би обезбедиле пласман на ЕП 2026.

Continue Reading

Спорт

Новак Ѓоковиќ со сочувство за настраданите во трагедијата во Кочани

Published

on

Новак Ѓоковиќ изрази сочувство за жртвите од ужасната трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Новак на Инстаграм стори го постираше македонското знаме и црна лента врз него.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк