Connect with us

Македонија

МНТ, Драмски и Велешки театар гостуваат во Битола за одбележување на јубилејот 80 години Битолски театар

Битолскиот театар се наближува кон големиот јубилеј, 80 години постоење. Во рамките на програмата за одбележување, се и неколку гостувања од театри и тоа: МНТ, Драмски театар Скопје и театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“- Велес.

Првото гостување е на 07.11 (четврток) со почеток во 20.00 ч. на МНТ-Скопје со претставата “Бели ноќи“,во режија на Звездана Ангеловска. Актерската екипа ја сочинуваат: Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Идејата за создавањето на претставата „Бели ноќи“, како што истакнува режисерката е поттикната од потребата да се создаде камерна театарска сценска верзија според истоимениот сентиментален роман на Ф. М. Достоевски, каде што главните ликови Сонувачот и Настењка, тука се архетипови на две уметнички души сонувачи.

Второто гостување е на 8.ноември на Драмскиот театар од Скопје со претставата „Мојот маж“работена по делото на Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ. Гостувањето на Драмски Театар Скопје е дел од годишната програма на НУ Центар за култура Битола за 2024 година, поддржана од Министерство за култура, кое Центарот го приклучува во честитање на 80 годишнината на Битолскиот Народен Театар и 80 годишнината на Општина Битола. Како две институции од култура се светол пример на беспрекорна соработка и взаемна подрршка за реализација на настаните и програмите, и нивната цел е таа пракса да продолжи и во иднина.  За претставата „Мојот маж“  се вели дека е обид да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото. Во претставата играат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ. Оваа претстава ќе се одигра на сцената во Битолскиот театар со почеток од 20 часот.

Третото гостување е на 11.11, понеделник, на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, со претставата „Вечера за глупаци“ во режија на Ненад Витанов. Претставата е работена по текст на Франсис Вебер и во истата играат: Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева. Станува збор за комедија во која се комбинираат комедија на карактери и комедија на ситуации. Приказна која го коментира високото француско општество кое презаситено од сè што може да си пружи, креира ситуации во кои ќе може да им се исмева на послабите и понеуспешните од нив. Имено, темата која се обработува е смислата на она што го чини човекот среќен и перспективата од која тоа се доживува. Претставата ќе се одигра со почеток од 20 часот.

Одбележувањето на јубилејот ќе се заокружи со изведбата на претставата „Ѓоре Магаревски-80 години потоа“, на Битолскиот театар, на 14.11. Претставата е во режија на Благој Мицевски, Софија Ристевска Петрушева и Јован Ристовски.

Advertisement

Македонија

УХМР најавува снег – еве кога започнуваат врнежите!

Според најновите информации од УХМР, денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со слаба до умерена облачност, а во одделни котлини ќе се појави магла. Ќе дува слаб северозападен ветер, а дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно и мирно време, со магла во одредени делови од денот. Температурата ќе достигне околу 6 степени, а ветерот ќе биде слаб, околу 1 метар во секунда.

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност.

Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките и планинските предели врнежите ќе бидат од снег.

Continue Reading

Македонија

Д-р Чибишев со апел до родителите: Надворешни активности се опасни за децата при висок степен на загадување

Доктор Андон Чибишев преку социјалните мрежи предупреди на сериозните ризици за здравјето на децата во услови на екстремно загаден воздух. Тој истакна дека денеска, предпладне, додека поминувал покрај улицата „Илинденска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, забележал група деца на возраст од околу 7 до 10 години како трчаат и тренираат на фудбалско игралиште.

„Физичкиот напор го зголемува интензитетот на дишењето, што значи и поголемо внесување на штетни и отровни гасови од амбиенталниот воздух. Не можам да разберам зошто на ваков ден, кога загадувањето е екстремно, децата би се изложувале на таков ризик“, изјави д-р Чибишев.

Тој апелираше до организаторите на активности и тренинзи да покажат одговорност и да ги одложат настаните со цел да се заштити здравјето на најмладите.

Апелот доаѓа во момент кога Скопје повторно се соочува со високо ниво на аерозагадување, а здравствените работници постојано предупредуваат на зголемени ризици, особено кај децата, хронично болните и постарите лица.

Continue Reading

Македонија

Конгрес на ДУИ: Ахмети со нови барања

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Петтиот конгрес на партијата денеска изнесе сет клучни политички барања што, според него, треба да ја гарантираат стабилноста и функционалноста на државата. Во фокусот се избор на Влада со двојно мнозинство, уставни измени поврзани со одлучувањето во Уставниот суд и целосен ветинг на сите јавни функционери во последните три децении, под меѓународен надзор.

Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на т.н. „извршен Бадентер“, според кој секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од мнозинството пратеници во Собранието, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници.

Тој истакна дека унитарната држава може да биде стабилна само доколку се темели на доверба и лојалност меѓу сите заедници, нагласувајќи дека двојното мнозинство е механизам што обезбедува инклузивност и политичка рамнотежа.

Во делот на судството, Ахмети предложи законите донесени со Бадентеров принцип во Собранието да не можат да бидат поништени од Уставниот суд без истото двојно мнозинство меѓу уставните судии. Според него, потребни се уставно-правни измени со кои одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници ќе се носат само со заемна согласност.

Покрај уставните промени, лидерот на ДУИ инсистираше и на темелно „прочистување“ на политичката сцена. Тој побара целосен ветинг за сите носители на јавни функции во изминатите 34 години, вклучувајќи проверка на потеклото на имотот и процесите на приватизација, со јасен меѓународен надзор.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг