Тетовската полиција во акција против питачењето

На 05.11.2024 во периодот од 10.00 до 13.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово презеле мерки и активности за сузбивање на асоцијални појава питачење на подрачјето на Полициската станица Тетово. Притоа, во 11.10 часот на улица „29 Ноември“, пред влезот на Клиничка болница во Тетово, била затекната како питачи Е.К.(32) од Тетово, при што ѝ бил изготвен соодветен поднесок.